Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
пачовски како да не спиел сношти.недозволиви киксове за репрезентативниот голман.Ама не е само таму кривицата. Тие што играат мислат дека ако го носат дресот на Вардар се звезди,играат за Вардар моментално најорганизираниот клуб,а тоа не го оправдуваат. Остајте на страна судови незнам ти шо таму не барајте причината во тоа. Споредба е Милано.Газдата им е затворен а они газат. Така да кривицата е во играчите според мене.
Мое мислење е дека годинава Горче никој не го сопира.

Јас прв спомнав суд но не како алиби за поразот туку како капак на она што го нареков проклетство кое го демне клубот.
Инаку ова што го збориш ти дека овие квази ѕвезди не го заслужуваат вардаровиот дрес, јас го трубам одамна ама некои ме обвинуваа дека сум бил ко оној прилепчанецот што се одра од пцуење пред неколку кола кога Вардар и гостуваше на Победа. А сега еве сите признавате дека единствениот проблем е тоа што играчите немаат ни образ ни мадиња (да ми простите на изразот).
И сред виорот на организациските промени пред почетокот на сезоната пишав дека вакви коренити промени и комплетни менувања на играчкиот состав ќе бараат повеќе од 1 сезона за да се врати клубот онаму кадешто припаѓа, ама тогаш повеќето од вас збореа за "Gruop C: Barcelona, Lyon, Porto, Vardar" или нешто од тој тип па сватив дека неможам да си го туркам таквото размислување за да не бидам етикетиран како "брацоносталгичар". На крајот на краиштата и Коки во секоја своја изјава го потенцираше зборот стрпливост.
Оваа сезона во секој случај е нов почеток за клубот и нормално е што е исполнета со еден куп турбуленции. Се што треба е само да не ни го вратат Брацо (ме радува тоа што го пиша Гоксо се надевам дека е од проверен извор), а ако остане ова раководство, оваа сезона по се изгледа не,ама догодина со сигурност работите ќе си легнат на свое место и Вардар ќе биде она што беше Работнички во претходниот шампионат.
 
Знам ама некои да не помислат да бараат утеха во тоа споменува споредбата. И јас сум за Вардар да се врати на старите патеки,да имаме поквалитетна лига како 1 така и 2 и да се врати големото дерби од пред некоја година Вардар-Беласица.
како што велиш некое проклетсво да го има фатено Вардар..повреди,судови,суспензии... незнам што друго.Се надевам на брзо вракање на победничките патеки,иако искрено сум за Горче :)
 
Знам ама некои да не помислат да бараат утеха во тоа споменува споредбата. И јас сум за Вардар да се врати на старите патеки,да имаме поквалитетна лига како 1 така и 2 и да се врати големото дерби од пред некоја година Вардар-Беласица.
како што велиш некое проклетсво да го има фатено Вардар..повреди,судови,суспензии... незнам што друго.Се надевам на брзо вракање на победничките патеки,иако искрено сум за Горче :)

ако беше тоа дерби јас сум сеуште Балтазар. Едино дерби кое Вардар го имало и било коа ќе го има е Пелистер, и тоа не заради величината или квалитетот туку заради емотивната конекција меѓу комити и чкембари. И евентуално Слога ако некогаш се врати во прва лига заради етничкиот конфликт.

Јово, конечно се сложувам со тебе. Играчите се спремни за млатење... Здраво тепање...
 
Срамота!!!!Разочаран сум од играчите како да не им на памет дека треба срцето да го остават на теренот дека треба да играат со мозок,а не мозокот на пасење и со мислите да направат трансфер во преоден рок.Ај разбирам криза на тим секој тим доживува криза во текот на едно првенство тоа е нормално,ама ова со Вардаров наш не е криза.Криза разбирам 3-4 натпревари да одиграш лошо едноставно не оди,ама ова брее заборавив кога победија последен пат?заборавив кога изиграа како вистински фудбалски тим?срамота е губиш од тимови како милано мислам секоја чест за клубот ама испод ниво ни е,се прашувам до кога вака?до кога Вардар ќе тоне до кога ќе чекам на титула,а да не заборавиме имаат тим,имаат играчи кој знааеле да одиграат одлично ама ЗНАЕЛЕ,изгледа заборавиле.Мислам дека сепак со пелситер со силекс со ренова се изгубија шансите за врвот сепак и тогаш Вардар имаше посилен тим од екипите против кого играа,ама џабе е убаво спомнавте до играчите е ништо друго,незнам за што им треба мотив изгледа добар ќутек тоа е мотивот или гробови на Градски.
ИГРАЈТЕ ПЕДЕРИ!!!!
 
Јово, конечно се сложувам со тебе. Играчите се спремни за млатење... Здраво тепање...

Хехехе, не бе Вики, не вреди после у станица ради нив да лежиме, едноставно нека ги отпуштат на полусезона. до душа незнам со кои други би ги замениле, факт е дека овие се кремот во нашата лига ама проблемот е што стварно се понашаат како кремци. Едно нешто ме чуди, во Македонија и во Работнички кој и да дојде (па макар и поранешни фудбалери на Вардар) сите играат добро, а после истите тие играчи донеси ги во Вардар и забушаваат. Да си останеа истиве играчи во Работнички сега ќе имаа 11 бода предност а не толкав заостаток на табелата. Ми се чини дека дури и да направиме еден дрим тим од првата лига со Вашингтон Де Брито Мојсов Глигоров Алими Кировски Милошевиќ итн итн и пак нема да бидеме први.
Сваќам дека Вардаровиот дрес е најтежок за носење ама такви се и на Партизан и на Динамо па пак доминираат ко од шала во српското односно хрватското првенство.

П.С. УТРИНСКО СРАЊЕ ВО БОЈА!!! - LOOOOOOOL!!!
 
Што мислите кои играчи го заслужуваат дресот на Вардар,а кои треба да летаат уште зимава?
 
Што мислите кои играчи го заслужуваат дресот на Вардар,а кои треба да летаат уште зимава?
Па вака од неутрален агол многу слабо играа Вајс и Положани,а инаку прв за летање е Јованович
 
onie igraci sto ke igraat od srce za vardar a ne sto igraat samo radi pari vardar e sveto ime vardar sinonim za mak fudbal i ne zasluzuvaat takvi pedercinja da igraat za vardar ko so sea igraat
 
Па вака од неутрален агол многу слабо играа Вајс и Положани,а инаку прв за летање е Јованович

Вајс и Положани да изиграа под нивни можности,ама пак се репрезентативци и имаат квалитет,кога тогаш ќе се вратат во форма.Прв да си иде според мене е Емурлаху шознам ич не го сакам.
 
Па вака од неутрален агол многу слабо играа Вајс и Положани,а инаку прв за летање е Јованович

Жалам ама морам да го почнам постов со грамататички корекции. Јовановиќ се пишува со Ќ на крај а не со Ч, не е русин па да завршува на ч, србите си завршуваат на ќ, без разлика како се изговара, ако е така тогаш ајде да пишуваме леп место леб.Ова да важи за сите,а ако некој упорно сака да се прави неписмен со сила, не му бранам.
Инаку Јовановиќ со сигурност си заминува,меѓутоа проблемот е што сите ама буквално сите до еден разочараа. А фала богу дека неможеш цел тим туку така да го смениш, нели брацо заради такви работи и го избркавме. Работата е да се натераат овие забушанти да сватат како се гине за црвено-црниот амблем со буквата В во средина.
Засилувања истотака ќе бидат неопходни, барем по едно на секоја позиција (со исклучок на голманската). Еден Карчев и тоа како добро би ни дошол, и така нема минутажа во Терек, иако во емисијата на ЛШ на мтв изјави дека сега за сега размислува само за Терек.Игор Кралевски не го спомнувам пошто мислам дека е малце нереално фудбалер од таков калибар да се врати да игра во Македонија. За во средниот ред и нападот мислам дека треба да се побараат странски засилувања меѓутоа не некои што продавале крофни на копакабана како што беше случајот до сега.
Туку ај првин да ја заокружиме полусезонава со по се изгледа уште еден кикс во Кичево,па после има кој да му ја мисли што и како со играчкиот кадар.
 
Pa treba edno pola tim da si odi spored mene.Vajs,Gosevski,Polozani, Burhan , Meglenski, musa ali,Masev.
 
Абе не знам како ама, како може Муса Али у Силекс да игра у Вардар да биде камен? Како можеа истите играчли во Работнички да играат, у Вардар да не мрдаат? Нешто пак е друго... све сменивме, тренери, директори, претседатели... не знам веќе што е.
 
Први за летање

Положани
Мегленски
Муса Али
Ејупи
Божиновски
Брага
Вајс (ама сигурно нема да лета пошо е капитен и многу добар другар со Коки)
Јовановиќ (сигурно заминува)
Масев

А како скоро сигурни засилувања се Кралевски и Миранда
 
Ejupi ne treba da si ide definitivno 88ma e deckoto i masev isto ne e za brkanje drugive site na kloci i au pm
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom