Jovo Sk-Mk
Е брзо е,брзо е
- Член од
- 16 јануари 2008
- Мислења
- 310
- Поени од реакции
- 40
пачовски како да не спиел сношти.недозволиви киксове за репрезентативниот голман.Ама не е само таму кривицата. Тие што играат мислат дека ако го носат дресот на Вардар се звезди,играат за Вардар моментално најорганизираниот клуб,а тоа не го оправдуваат. Остајте на страна судови незнам ти шо таму не барајте причината во тоа. Споредба е Милано.Газдата им е затворен а они газат. Така да кривицата е во играчите според мене.
Мое мислење е дека годинава Горче никој не го сопира.
Јас прв спомнав суд но не како алиби за поразот туку како капак на она што го нареков проклетство кое го демне клубот.
Инаку ова што го збориш ти дека овие квази ѕвезди не го заслужуваат вардаровиот дрес, јас го трубам одамна ама некои ме обвинуваа дека сум бил ко оној прилепчанецот што се одра од пцуење пред неколку кола кога Вардар и гостуваше на Победа. А сега еве сите признавате дека единствениот проблем е тоа што играчите немаат ни образ ни мадиња (да ми простите на изразот).
И сред виорот на организациските промени пред почетокот на сезоната пишав дека вакви коренити промени и комплетни менувања на играчкиот состав ќе бараат повеќе од 1 сезона за да се врати клубот онаму кадешто припаѓа, ама тогаш повеќето од вас збореа за "Gruop C: Barcelona, Lyon, Porto, Vardar" или нешто од тој тип па сватив дека неможам да си го туркам таквото размислување за да не бидам етикетиран како "брацоносталгичар". На крајот на краиштата и Коки во секоја своја изјава го потенцираше зборот стрпливост.
Оваа сезона во секој случај е нов почеток за клубот и нормално е што е исполнета со еден куп турбуленции. Се што треба е само да не ни го вратат Брацо (ме радува тоа што го пиша Гоксо се надевам дека е од проверен извор), а ако остане ова раководство, оваа сезона по се изгледа не,ама догодина со сигурност работите ќе си легнат на свое место и Вардар ќе биде она што беше Работнички во претходниот шампионат.