Гледам на големо се зборува и се посакува влез во лигата на шампионите догодина. Се разбира тоа сите го посакуваме, меѓутоа ајде малце реално да ја проанализираме таа тема.
Некој од вас го спомна успехот од сезоната 2003/2004 кога како што рече со послаб состав Вардар стигна на само чекор до групите.
Да Вардар тогаш имаше помал буџет,мафијашко и мешетарско раководство, но составот искрено кажано беше тип топ.
Голмани:Зекир и Јовчев Одбрана:Веселиновски, Бранковиќ, Блесинг, Ѓошевски(и денес е во Вардар) Средина: Захариевски, Гроздановски,Георгиевски, Божиновски. Напад: Оливеира и Вандаир.
А на клупата беа многу познати имиња како: Брага(и денес е во Вардар), Васовски (поради повреда),Тасевски,Димитар Спасовски,Марио Петков,Дејан Ристевски,Драган Начевски.
Со овие играчи не ме чуди што ја урнавме Москва и и набивме страв во коски на Прага.
Денес пак, имаме и многу поголем буџет (1 200 000 евра) и за нијанса поквалитетен состав.
Меѓутоа додека Вардар се расправаше со боро и брацо, екипите коишто ќе ни бидат конкуренти во квалификациите(се разбира, ако најпрвин бидеме шампиони во Македонија) од поодамна доживеаа ренесанса.Видовме дека еден Интер од Баку има буџет од 8 милиони долари.А кој знае пак колкави им се буџетите на кипарски Анортозис и белоруски Бате Борисов кои успеаа да се пласираат и во групите. Најинтересно е што ова се екипи што стартуваат уште во првото квалификациско коло, како и ние.Значи за оние екипи што не чекаат во второ и трето коло воопшто и да не зборуваме.За имиња како Партизан,
Динамо З. , Динамо К. , Фенербахче, Висла К. , Легија В. , ЦСКА Софија,
Спартак М. , Стеауа итн итн, не треба многу да бистриме вода нели?,сите многу добро знаеме што значат овие имиња.
Значи ако Вардар сака да влезе во фудбалската рајска долина наречена Лига на Шампиони ќе мора на некоја од гореспоменативе екипи да и го земе и скалпот и местото во групите.
А за тоа ќе треба:поголем буџет, поквалитетен играчки кадар, и божји амин т.е. спортска среќа.
Па сега драги Вардарци видете и сами,одприлика до кај сме.