Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Новинарска патка...демек Трифун кога влагал незнаел какви долгови имал Вардар.
 
Колку само се неписмени нашиве новинари - Школа А Ла Латас!!! Почасти ги една вечера и државава ќе ја продадат одма, а не па да напишат некои вакви гомнарии... Па добро лани само мртов човек неможеше да види дека Вардар е заглавен до гуша во долгови, дека заради свињата Брацо и тој вампирот-коментатор Таско клубот повеќе личеше на маалски, а не на некој поозбилен клуб-клуб кој е најголем бренд во Македонија! Па во Вардар да беше се ок, да немаше долгови и слични такви глупости Трифун немаше ни да го превземе клубот, единствената шанса на Трифун беше оваа и он ја искористи најдобро, зашто искрено со Работнички и да ја освојуваше титулата 20 години по ред, пак немаше да има ни половина од славата која ја има Вардар. Трифун знаеше многу добро дека Вардар има големи долгови, дека од ланската гарнитура освен 3-4 играчи сите други не вредеа ни да се измоча човек на нив, а не па да ги стави во прв тим да играат, знаеше дека ќе треба од нула да почне и се да гради од почеток... И да е точно тоа дека долговите се милион евра, дали тоа е проблем за Трифун!? Тие милион евра со Вардар може да ги врати уште следното лето, така да сите овие лајна што ги пишуваат паѓаат во вода... Па која будала купува клуб, а без притоа да знае што се случува во самиот клуб!?
Така да овие квази "новинари" може сами да си ја е*ат мајката, додека не дошол некој друг да го направи тоа за нив-ебате неписмените дегени!!!

ВАРДАР ПРОБАЛЕ МНОГУ ЛУЃЕ ДА ГО УНИШТАТ, А ЗАБОРАВААТ ДЕКА ВАРДАР Е ВЕЧЕН КАКО ШТО Е И МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!!!

СМРТ ЗА ПРЕДАВНИЦИТЕ!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 
Гледам на големо се зборува и се посакува влез во лигата на шампионите догодина. Се разбира тоа сите го посакуваме, меѓутоа ајде малце реално да ја проанализираме таа тема.

Некој од вас го спомна успехот од сезоната 2003/2004 кога како што рече со послаб состав Вардар стигна на само чекор до групите.
Да Вардар тогаш имаше помал буџет,мафијашко и мешетарско раководство, но составот искрено кажано беше тип топ.
Голмани:Зекир и Јовчев Одбрана:Веселиновски, Бранковиќ, Блесинг, Ѓошевски(и денес е во Вардар) Средина: Захариевски, Гроздановски,Георгиевски, Божиновски. Напад: Оливеира и Вандаир.
А на клупата беа многу познати имиња како: Брага(и денес е во Вардар), Васовски (поради повреда),Тасевски,Димитар Спасовски,Марио Петков,Дејан Ристевски,Драган Начевски.
Со овие играчи не ме чуди што ја урнавме Москва и и набивме страв во коски на Прага.

Денес пак, имаме и многу поголем буџет (1 200 000 евра) и за нијанса поквалитетен состав.
Меѓутоа додека Вардар се расправаше со боро и брацо, екипите коишто ќе ни бидат конкуренти во квалификациите(се разбира, ако најпрвин бидеме шампиони во Македонија) од поодамна доживеаа ренесанса.Видовме дека еден Интер од Баку има буџет од 8 милиони долари.А кој знае пак колкави им се буџетите на кипарски Анортозис и белоруски Бате Борисов кои успеаа да се пласираат и во групите. Најинтересно е што ова се екипи што стартуваат уште во првото квалификациско коло, како и ние.Значи за оние екипи што не чекаат во второ и трето коло воопшто и да не зборуваме.За имиња како Партизан,
Динамо З. , Динамо К. , Фенербахче, Висла К. , Легија В. , ЦСКА Софија,
Спартак М. , Стеауа итн итн, не треба многу да бистриме вода нели?,сите многу добро знаеме што значат овие имиња.

Значи ако Вардар сака да влезе во фудбалската рајска долина наречена Лига на Шампиони ќе мора на некоја од гореспоменативе екипи да и го земе и скалпот и местото во групите.
А за тоа ќе треба:поголем буџет, поквалитетен играчки кадар, и божји амин т.е. спортска среќа.
Па сега драги Вардарци видете и сами,одприлика до кај сме.
 
Не не докторска дисертација:pos2: туку во право е бе луѓе и јас би сакал ВАРДАР во ЛШ ама со буџет од 1,200,000 евра само 3коло ЛШ и ако биде и тоа ќе биде успех,ама верувам во Трифун дека ќе вложи повеќе оти барем во фудбалот се враќаат парите ама само онолку колку што ќе вложиш
 
Јово не се слагам со тоа...не го прават парите шампионот,види го Челзи пека по ЛГШ 5 години и никако,како стана Грција европски шампион :toe: треба среќа во третото коло зашто реално мислам дека второто може да го поминеме...здравје на есен со поголем стадион :vozbud: па да не гледаме ЛГШ само на ТВ
 
Значи ако Вардар сака да влезе во фудбалската рајска долина наречена Лига на Шампиони ќе мора на некоја од гореспоменативе екипи да и го земе и скалпот и местото во групите.
А за тоа ќе треба:поголем буџет, поквалитетен играчки кадар, и божји амин т.е. спортска среќа.
Па сега драги Вардарци видете и сами,одприлика до кај сме.

Ама има една работа која другите ја немаат. Инает! Скопски инает! :smir:
 
Јово не се слагам со тоа...не го прават парите шампионот,види го Челзи пека по ЛГШ 5 години и никако,како стана Грција европски шампион :toe: треба среќа во третото коло зашто реално мислам дека второто може да го поминеме...здравје на есен со поголем стадион :vozbud: па да не гледаме ЛГШ само на ТВ

Да, во трето коло ќе треба бајаги среќа, пред се во жребот, пошто тука веќе се вклучуваат и екипите од Англија, Шпанија, Италија, Германија.И сам види колкава среќа ќе ни треба ако тука ни падне еден Јуве или една Барса.Точно е и тоа дека тие проклети пари не секогаш победуваат,срцето е посилно од се,ама факт е дека парите го вртат и светот на фудбалот.Така да затоа и сме неприкосновени дома,затоа што сме и најбогати.

Ама има една работа која другите ја немаат. Инает! Скопски инает! :smir:

Се разбира дека големите екипи не се достигнуваат така лесно, па токму тој инает ќе биде еден од нашите скриени адути во дуелите против нив.Тука е и амбиентот на градски (се сеќаваме како крцаа јужна и северна со Спарта и ЦСКА) пред којшто и најголемите можат да подклекнат. Ех сега дали тоа ќе биде доволно или во Вардаровиот дрес сепак ќе треба да ги видиме Ацо Стојков и Белсинг Каку за да влеземе во групите,останува праксата да покаже
 
комити ке има ли на натпреварот против ѓорче
 
Секако дека ке ги има...посебно сега кога неможат да идат на домашен стадион, на гости ке грми.

Би реков клучен натпревар за Вардар, ако победи титулата сигурно доаѓа. Затоа верувам ке има 400-500 комити. Ѓорче не е далеку.
 
Не знам што се случи со најавите за напуштањето на Труфун, бидејќи човекот воопшто не искочи ни со официјален демант. Најдобро би било на прес конференција да каже што и како стојат работите.

Инаку Јово само да те прашам кој е тој Белсниг Калу бидејќи стварно не го знам:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom