Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
4-2 конечен резултат. Глигоров, Милисављевиќ, Бајо и Јанкер стрелци на головите. Бајо за 20 минути игра покажа колку добар играч е. Мора да има место за него во првиот тим.
 
Браво Вардар,се враќа на старите патеки!!!
Ами нормално дека ќе се враќа знаеме што се случи ама тоа не е вистинското....така во минатото не се правело:nenene:
Ама како и да е Вардар оваа сезона нема конкуренција:toe:
 
За кладилници одиграно кец во два,хехех шега на страна ВАРДАР-напредок 4-2,мораме да бидам искрен малку потфрлија во одбрана влегоа некако"ај лесен противник ќе победиме",ама ВАРДАР не е ВАРДАР ако не ми ги изеде нервите до крај,мисалм дека на Брага веќе метото му е на клупа дека веќе готов е,а Али чудно е типче,кое треба да седи на клупа и на негово место да игра Бајо оти повеќе заслужува да биде во првиот тим,се на се мора да играат ангажирано во одбрана,и минатиот пат со милано одбраната потфрли и сега топло ладно играат за време на еден натпревар,ама во секој случај се докажа дека ВАРДАР е голем клуб со пресврт до победа БРАВО,но памет за во иднина да ги стегне Достаниќ.
НАПРЕД ВАРДАР!!!!!
 
Рутинска победа...со мали проблеми но тепавме...наредната е дербито во Ѓорче :vozbud: можно да се организираме за навивање кога веќе неможеме на Градски :toe:
 
Гола вода али наш си е.Моментално се најјаки и немаат вистински конкурент!Ајде Вардар идеме понатаму,па те чекам во ждрепката за групите за лига на шампиони за наредната година!
 
епа редно беше и кај нас да го бидне фудбалов
респект за вардар оваа година одличен тим имате
и се надевам ќе се пласирате во лига на шампиони за прф пат еден мак клуб:wink:
 
Одново не блескавме, но го задржавме манирот на голема екипа.
Во првото полувреме Напредок имаше подполно заслужено водство, наместо ние, токму тие ја играа нашата игра,со уфрлувања во празно на напаѓачите, и тоа им донесе резултат.
Но во второт дел работите си дојдоа на свое место. Добро е што Глигоров израмни уште во воведните минути,па потоа се беше полесно. Едноставно нели :pos2: беше прашање на време кога одново ќе дојде до израз подобрата физичка подготвеност на нашите фудбалери. Овој пат успеавме да го надминеме и сопствениот овосезонски рекорд, Напредок за силниот отпор што ни го пружи го почестивме со четворка. сепак најбитно е што ги освоивме овие неопходни 3 бода со кои сега имаме 4 бода предност пред Македонија Ѓ.П. во пресрет на пресметката со нив во Ѓорче следниот викенд.

Јас би се задржал на нешто друго, што веќе и Вардарец 47 го спомна. Мислам дека овој натпревар беше класичен показател дека тандем во вардаровиот напад треба да бидат Бајо и Јанкер.
Не сум расист и немам ништо против Муса, ама човекот едноставно не се залага доволно(или можеби пак толку и може). Подобро да го задржеа Иди Баба.
 
Аххх. 4 натпревари нема публика за Вардар. Ама тоа не е до толку битно. Битното е што Вардар Продолжува Да Гази! Ајде Вардаре продолжи така.

Додека Во Вени Крв Ми Врие, Моето Срце За Вардар Ке Бие!
 
браво браво само така да продолжате и дај боже да играте у лига на шампиони
 
ВАРДАР-ренова така сакаше ждрепката за Купот на Македонија,е сега да видам дали ќе дојде управата на ренова на градски.сега со 5-0 ќе ги пратиме во џепчиште.НАПРЕД ВАРДАР
 
Молам бога да отидеме во Лига На Шампиони. Добро ни тргна сезонава и би било штета да не отидеме.
 
ВАРДАР-ренова така сакаше ждрепката за Купот на Македонија,е сега да видам дали ќе дојде управата на ренова на градски.сега со 5-0 ќе ги пратиме во џепчиште.НАПРЕД ВАРДАР

Ќе може ли да ги ставиш и другите двојки или барем линк некој:wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom