Oколу Кано, кратко да пишам, вистина е дека човекот, има помагано на Вардар, особено во тешките сезони 2021 - 2024та, учествувал во секоја акција, донирал свои средства лично, што е секако за голема почит, секако голема работа, зашто имаме ние многу други по богати и многу богаташи кој денар не дале, али на вилица и на тастатруа ги има повремено. Исто така, за Комити, има учестсвувано во самофинансирањето, акциите кои беа за самофинансирање на групата, има учествувано да купи производи, чисто колку да помогне, давал поише од што треба. Тоа е околу финансиската помош. Околу другото, ние очигледно неможеме да се разбереме со него, бидејќи за нас, е циркузијада, срам беда и недозволиво такво водење на клуб. Тој, веројатно тоа поинаку го сфаќа (за нас не сфатливо) дека тоа е така одреден период и дека сепак е клубот во сигурни раце, дека би дошле подобри денови , со сигурен спонзор, каде што више нема да има врска кој е на власт. Ние , успеавме да напраиме приказна за клуб на народот и да го спасуваме клубот кога беше најтешко, бидејќи реално, особено првиот бараж во Кавадарци, малку фалеше ако изгуби, потоа и да следи агонија, паѓање во најнизок ранк, немање каде да се тренира итн. Момците од групата кои работеа , за клубот ,беа веќе уморни,. немаше да може да се издржо уште една сезона така, бидејќи со натчовечки напори, успеавме Вардар го спасиме, минатата власт, немаше ни 1% грижа затоа, ним дури и во прилог им беше, се што буди македонизам и маса народ, да го нема.
Тоа е разликата што неможе да се разбереме.
Сега у жаргон ќе кажам. дојдоа „нашите“ на власт и еве глеаме што се дешава. Работава испадна змија или магаре.
Има некои инфромации за Миленко и негово заминување и други имиња. ама више не ми се збори, за полу информации, не проверени до крај, пошто уште лани кога требаше да лета, не летна, па више не им верувам дури ни на „изворите“ ни на тие горе, ни на тие лево или десно.
Некогаш сам си мислам седам како будала и не ми се верува, све е некако така брзо така како на филмска лента.