Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Бјелица со 55 години старост и 20 години тренерско искуство во никој случај не спаѓа во млади и перспективни тренери, другар:) Така да не верувам дека не мисли на него.

Бјелица сам се декларира освен за Хрват и ко Црногорец според негово потекло. А кој е тој млад Хрват што бил аналитичар па Вардар треба да му е прв сениорски тим тоа е друг муабет.
 
Цеље извади нерешено на гостувањето против Слован Братислава и сега ќе имаат натпревар на домашен терен каде со евентуална победа ќе обезбедат ПЛАСМАН ВО ЛИГА НА ШАМПИОНИ.

Претходните две сезони играа во Конференциска лига, сега се на еден натпревар и чекор до Лига на шампиони.
Сериозен шамар е ова за сите клубови од поранешната држава, посебно за Вардар.

Цеље кој е град со 38.000 жители, клубот нема ниту еден настап во првата лига на Југославија и само три титули во домашното првенство на Словенија.
За споредба ние имаме 33 сезони во прва југословенска лига и 12 титули во домашно првенство.

Гледам на официјаната страна на Инстаграм имаат 26.000 следбеници, ние на страница која две години не е активна имаме 23.000.
Само отворета ја нивната страна, погледнете како се работи, како се презентира секој успех на клубот, како се комуницира со навивачите и како се гради клубскиот имиџ.
После споредете ја со нашата сегашна страна, прво ќе почуствувате некој внатрешен срам, после душа ќе ве заболи.

Тие се пример како треба да функционира и да напредува еден клуб, ние сме пример како целосно да се уништи.

Во превод, моментално Цеље е се што можеше да биде Вардар.
 
Цеље последниве 3-4 години е позициониран практично како трета Екс-Ју екипа зад ЦЗ и Динамо а пред Партизан, Хајдук, Борац БЛ, Сараево, Олимпија, Вардар...

Едноставно работат одлично, приватен Руски капитал, без импровизации, без скандали, стручњаци во секоја област, одделен спортски дел, Руски спортски директор, директор на маркетинг, директор за развој, за бизнис, за финансии, имаа добар убод со шпанскиот тренер кој ги направи тоа што се и сега собираат плодови од сето тоа, а и секоја година се повеќе се надградуваат и растат...
 
Последно уредено:
Во Македонија, во овој случај во Вардар, мора да дојде странец спортски директор и да постави како ќе се работи од младински школи до прв тим. Добар скаутинг, аналитика, статистика, алгоритми. Не да се препушти се на менаџерско-пријателски односи.




Треба да си признаеме дека кај нас нема луѓе способни за такво нешто, а веќе неколкумина се покажаа добро во Источна Европа, па треба да го следиме тој тренд.


Имаш неколку солидни младински школи во опкружување, каде што поради конкуренција или притисок на резултат, секоја година добри млади таленти не можат да се изборат за да играат во прв тим.

Словенечките клубови ги собираат така хрватските таленти.


Вардар може да собере такви од Србија и Хрватска.

Потоа фудбалери кои што биле таленти, но потоа не успеале да го достигнат очекуваното ниво, па да им пружиш втора шанса. Ријека со такви освои титула во првенство каде Динамо е неприкосновен.


Ние ни на овие пазари не знаеме да се снајдеме, а камоли на некои поегзотични.


За работа во млади школи и развивање таленти, нема што да се збори. Таму само некој ентузијаст ако донесе некој нов начин на работа.
 
Цеље последниве 3-4 години е позициониран практично како трета Екс-Ју екипа зад ЦЗ и Динамо а пред Партизан, Хајдук, Борац БЛ, Сараево, Олимпија, Вардар...

Едноставно работат одлично, приватен Руски капитал, без импровизации, без скандали, стручњаци во секоја област, одделен спортски дел, Руски спортски директор, директор на маркетинг, директор за развој, за бизнис, за финансии, имаа добар убод со шпанскиот тренер кој ги направи тоа што се и сега собираат плодови од сето тоа, а и секоја година се повеќе се надградуваат и растат...
Не е руски Максим Демин поранешен газда на Бурнемунт е тој што го тера проектот преку Кополов.
Инаку се вложени над 20 милиони евра во последните години и имаат ептен напредна управувачка стуктира во клибот (можиш на нивен сајт да видиш колку депарменти имаат)
Имат и добар скаутинг пример лани купија еден Хрват од Вехен за ситно го продадоа за 3 милини евра за нецела година во Унгарија.
Далеку се нашите тимови од Целје и да и реално е поорганизиран и од Звезда моментално едино Динамо можи да се посредени.
 
Back
На врв Bottom