Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Сите почнаа да играат фудбал. Оние од Андора се на праг на Конференциска лига. Изгледа времето во модерниот фудбал дојде на тоа донеси тренер од Шпанија да те огрее сонце. Додека сите одат напред и бројат пари од настапите во Европа, ние десетина и кусур дена се мачиме да донесеме нов тренер благодарение на струите на Масар и Миленко кои се такмичат кој ќе победи и во оваа трка.
 
Му се ближи крајот на Свињата има уште 6 дена да си се спакува и да си оди.
Кога ке е тој фамозен крај еве веке 2 години секоја следна недела е крај
 
Oколу Кано, кратко да пишам, вистина е дека човекот, има помагано на Вардар, особено во тешките сезони 2021 - 2024та, учествувал во секоја акција, донирал свои средства лично, што е секако за голема почит, секако голема работа, зашто имаме ние многу други по богати и многу богаташи кој денар не дале, али на вилица и на тастатруа ги има повремено. Исто така, за Комити, има учестсвувано во самофинансирањето, акциите кои беа за самофинансирање на групата, има учествувано да купи производи, чисто колку да помогне, давал поише од што треба. Тоа е околу финансиската помош. Околу другото, ние очигледно неможеме да се разбереме со него, бидејќи за нас, е циркузијада, срам беда и недозволиво такво водење на клуб. Тој, веројатно тоа поинаку го сфаќа (за нас не сфатливо) дека тоа е така одреден период и дека сепак е клубот во сигурни раце, дека би дошле подобри денови , со сигурен спонзор, каде што више нема да има врска кој е на власт. Ние , успеавме да напраиме приказна за клуб на народот и да го спасуваме клубот кога беше најтешко, бидејќи реално, особено првиот бараж во Кавадарци, малку фалеше ако изгуби, потоа и да следи агонија, паѓање во најнизок ранк, немање каде да се тренира итн. Момците од групата кои работеа , за клубот ,беа веќе уморни,. немаше да може да се издржо уште една сезона така, бидејќи со натчовечки напори, успеавме Вардар го спасиме, минатата власт, немаше ни 1% грижа затоа, ним дури и во прилог им беше, се што буди македонизам и маса народ, да го нема.
Тоа е разликата што неможе да се разбереме.
Сега у жаргон ќе кажам. дојдоа „нашите“ на власт и еве глеаме што се дешава. Работава испадна змија или магаре.
Има некои инфромации за Миленко и негово заминување и други имиња. ама више не ми се збори, за полу информации, не проверени до крај, пошто уште лани кога требаше да лета, не летна, па више не им верувам дури ни на „изворите“ ни на тие горе, ни на тие лево или десно.
Некогаш сам си мислам седам како будала и не ми се верува, све е некако така брзо така како на филмска лента.
 
Ауу каква патриотска работа се спрема демек нема партиски јунак кој ке го смени Миленко за да се жртвува за партијата ради срањата што ги има направено рамноземјашот Миленко. Ви ебам и партија и се да ви ебам багро неспособна северџганска што го усеравате светото име ВМРО па сега и Вардар.
 
Помалку од еден ден до утакмицава со Силекс нема никаква најава,дали и групата крена раце и влага во бојкот против управата?
 
Абе бојкот да напраиме против управа, да сфатам ако сме пример 16.000 луѓе на стадион минимум, како Хајдук што го пратат на првенство, од кои 4.000 се Торцида, останатите обична публика, и да се осети, да има одеднаш по 6.000 на цел стадион, останатите у бојкот, значи разлика евиедентна.,
Кај нас има 220 души на стадион. нема да идеме ние 200 што идеме, ке идат тие 20 само, и што сме напраиле која е разликата , имало 220 луѓе сеа има 20 луѓе ? Toa e бојкот, некој глас нешто тоа е нешто ?
 
Бојкот само на стадион. Повик и мобилизација седум дена без престан против козарот и на стадион ќе се собереме сите на кои ни е дојдено преку таквото од козарот. Само така. Бојкот без присуство на трибини ништо не носи.
 
Toa го викам и јас, да сме некоја бројка, рецимо запад 1.500 , Јужна 5.000 (минимум) па да се осети кога не нема нас, да се има РАЗЛИКА евидентна.
Вака, нема да има некоја разлика кога и онака е скоро све празно.
Може требаше да се иде само на гостувања или некоја стратегија да се имаше што поише ќе има израз.
 
Back
На врв Bottom