Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Toa го викам и јас, да сме некоја бројка, рецимо запад 1.500 , Јужна 5.000 (минимум) па да се осети кога не нема нас, да се има РАЗЛИКА евидентна.
Вака, нема да има некоја разлика кога и онака е скоро све празно.
Може требаше да се иде само на гостувања или некоја стратегија да се имаше што поише ќе има израз.
Со едно ќе се согласам со еден што јадеше лајна пред некоја страна. Групата нема јасен став!!! Барем не после куп финалето. Да излезе и да побара поддршка од сите и да направиме мобилизација, без проблем бар на првата утакмица ќе дојдат 2-3000 луѓе чиј глас ќе се слушне надалеку. Вака една утакмица се скандира за Свињенко, после тоа штама. Подобро јасен став (1. Одиме со бојкот и целосна ориентација на другите спортови или 2. Одиме јако на стадион и бараме промени или 3. Одиме јако да навиваме и ја поддржуваме управата), отколку тивка умирачка. Илјадити пат ќе кажам, така се губат младите генерации, со ќутенка и правење ко ништо да не се случува (како што функционираме година дена).
А ова ќе се одрази и на РК, нема врска што они работат топ. Без јасен став, никој нема да дојде ни на ракомет на навивачка трибина и ќе биде мртвило. Сите сме во депресија, на ниту еден спорт не ми се навива додека не се реши ситуацијата во ФК.
Дури и на здравје почна да ми удира ситуацијава, од нервози ми се поремети сон, 3 пати во 2 месеци се разболувам по недела дена од што се нервирам константно.
Не сакам да го колнам, ама стварно се надевам ќе има правда за сите инволвирани (свињата, сите околу него, бивис и батхед од обезбедување, тие што се шитнаа за вар соба, партиски куртони што не смеат да зуцнат итн).
 
Јас сум да не се откажуваме од тоа што е НАШЕ !!
НАШ Е ВАРДАР И КРАЈ !
Ке има и добри и лоши моменти тоа е, свесни сме самите НО нашето место е на ЗАПАД.
Потребна е масовна мобилизација, мора да ни помогнат сите ВАРДАРЦИ, на јужна под 4.000 илјади не смее да има значи нема спиење ако сакаме промена, а ако им препуштиме да си тераат по нивно ок, бојкот, гледајте од дома и коментирајте по социјални мрежи.
 
Друже, навивање на Запад без активно протестирање нема никаква смисла. Тоа е легитимирање на свињарлукот во клубот и капитенството на кондуктерот со загарантирана минутажа. Терањето на овој курс значи бавна смрт на групата... Резултатите веќе ги гледаме, за жал.
 
Вистина ли е дека пола Скопје е по кладилници и се оставаат на двојка денес, муабет дека играчиве протестираат?
 
Вистина ли е дека пола Скопје е по кладилници и се оставаат на двојка денес, муабет дека играчиве протестираат?
Вардар се распаѓа внатрешно, логичен след на настаните е да се уплаќа двојка.
Нема начин да се потврди веста, ама од Вардар фанс објавија дека Николов се повредил, Боснчиќ и Пирес не биле целосно подготвени, Торес нема да игра ради суспензијата со Шкендија, а и Родригез бил суспендиран (немам поим за ова).
Велковски си замина. Дури и Михаил Талевски си замина и вчера дебитирал во босанско првенство.
Ние немаме играчи една постава да склопиме. Немаме ни тренер. Ќе не растури Силекс.
 
го нема Кано да се јави дали спонзориве така сакаат или што е работата? Како и да е го уништија Вардар на чисто мислам после ова што се случува ќе биде крај целосен и крах.
 
Вистина ли е дека пола Скопје е по кладилници и се оставаат на двојка денес, муабет дека играчиве протестираат?

двојка оти реално Силекс е во подобра форма, Вардар со куп проблеми, повредени и суспендирани, очекувано е Силекс да е фаворит во кладилница.
 
Back
На врв Bottom