Буквално ништо ново не очекувам од Матија Мирков. Мислам дека на сите ни е повеќе од јасно дека Фабијани на крај беше пуштен низ вода, од кои причини веќе е небитно со ростерот што го имаше на располагање, според мене Фабијани во повеќе наврати го извади максимумот се виде и против Рига и против КуПС на гостувањата, имаше грешки имаше дискутабилни измени и можеби некои од нив беа клучни ама на крај играчите се тие и квалитетот е тој. Поразот од Шкендија дома со 0:2 за мене не е реално мерило на овој Вардар, посебно со се што се случуваше околу клубот во тој период.
Ако веќе зборуваме за промени во Вардар, добро знаеме каде одамна се потребни. Миленко и Омерагиќ треба да си заминат а ако сега Мирков реши да бојкотира или да тргне на страна одредени фудбалери без разлика дали се аргентинците или некој друг мислам дека само дополнително ќе си ја отежни работата. Не гледам дека Вардар во моментов има некои многу поквалитетни играчи од Кастањеда, Пулеио, Торес и останатите што играа досега. Ростерот е тој, а отприлика и максимумот е тој. Треба само реално да гледаме што имаме на располагање.
Што се однесува до Струга, според мене Вардар има поквалитетна екипа. Секако дека гостувањето таму не е лесно, моја прогноза сепак е победа на Вардар, 0:2 или 1:2.