Дечки, зборот срамота во моментов се однесува на фактот дека сте далеку од непобедлива екипа, а не на потценување, да не ме сфатите погрешно

Го почитувам Тетекс, но Вардар мора да победи, па макар и со деца играл. Таков е моментот, доколку не победиме на овој натпревар, тогаш како што кажав нема потреба да играме во прва лига следната сезона. За тоа дали е наместен или не саботниот натпревар не сакам многу да навлегувам во претпоставки од проста причина што пред неколку години кога Брацо под своја капа ја имаше и Цементарница, Вардар во битката за титулите тие години најмногу бодови губеше од нив, иако нели беа "наместени" тие натпревари. Здравје, блиску е сабота па ќе видиме дали ќе биде наместен натпреварот, барем во нашава лига од авион се гледа кога некој натпревар е наместен

Инаку МТВ најверојатно ќе ги пренесува натпреварите на Вардар во пролетниот дел.
Некој да не има инфо околу цената на картите?