Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Не кривам никого од Комити, да не бидам сфатен погрешно :)

Во сабота очекувам победа против Милано, да не имаш повеќе информации за Кировски и Демири?
Кировски не знам што е со него али мислам дека Деимири треба да е дојден...Мислам дека ако дојде Демири ќе биде ептен јако засилување останува да видиме што ќе биде!!!:helou:
 
Ситуацијава влева надеж,ама времето ќе покаже дали се исплати или ќе биде само лажна надеж.
ПС: Карта си останува 50-сче така?
 
Чекај сеа, дефинитвно се игра на Градски? Нема Кисела Вода и слично?

п.с. Сеуште сум скептик дека ќе искочиме од гомната. Али, се надевам дека ќе стигнам да гледам второ полувреме у субота... претходно ја иам утакмица. :)
 
Вардар означи нов почеток!
* Од вчера нов претседател на Собранието на ФК Вардар е Ванчо Шехтански, а формиран е и комплетно нов Управен одбор на клубот
На само неколку денови пред стартот на пролетниот дел од сезоната најтрофејниот македонски клуб, сепак, низ драматичен пресврт на ситуацијата означи нов почеток за себе во обидот да ги залечи повеќемесечните финансиски и организациски проблеми.
Од вчера, преку одржаното Собрание на раководните структури на клубот, двата досегашни колективни члена, Иницијативниот одбор за спас и "Мода и спорт" на Орце Камчев, ФК Вардар доживеа комплетна реконструкција во делот на раководните органи, но и во спортскиот менаџмент. Собранието генерално означи во суштина почеток на идна соработка меѓу актуелниот шампион Македонија ЃП и досегашните раководители на "црвено-црните".
Како што н$ информираа од ФК Вардар, Собранието на клубот во иднина место досегашните 29 делегатски места ќе брои 10 делегати од кои пет на "Мода и спорт" и пет на компанијата "ЈН Менаџмент спорт", а без досегашниот колективен член - Иницијативниот одбор за спас или "Комитите", кои, како што најавија, се повлекуваат од раководните органи. Од вчера нов претседател на Собранието на клубот е досегашниот претседател на Надзорниот одбор, Ванчо Шехтански а формиран е и комплетно нов Управен одбор на клубот со неколку досегашни истакнати домашни фудбалски работници.
Како што објавивме и претходно, по неколкудневните преговори меѓу раководните органи на Вардар и Македонија ЃП на крајот вчера беше официјално заокружена идната меѓусебна соработка од најниско па до највисокото раководно ниво во клубот, во делот на финансиите, меѓутоа и во делот на спортското функционирање.
"Го реализиравме обидот ФК Вардар повторно да се стабилизира во финансиско-организациските структури. Тоа е најважно во моментов како предуслов за враќање на клубот на старите патеки и во спортскиот дел", ни изјави вчера Орце Камчев.
Наредниве денови, според најавите од редовите на "вардарци", се очекува докомплетирање на деталите и околу заокружувањето на комплетната финансиска конструкција во клубот. Новите колективни членови во голема мера ја преземаат одговорноста за финансиското живеење на "црвено-црните", при што се очекува спонзорско вклучување во ФК Вардар и на поранешниот долгогодишен финансиер на Македонија ЃП, Благоја Николовски.
В.Булатовиќ

Илчо Ѓоргиевски од денеска со првиот тим на "црвено-црните"
Како што објавивме и претходно, тренерот на Македонија ЃП, Илчо Ѓоргиоски, во иднина треба да го преземе стручниот штаб на најтрофејниот наш клуб. Денеска се очекува Ѓоргиоски да ја реализира првата средба со вардаровиот играчки кадар во кој ќе бидат актуелните "црвено-црни" фудбалери, но и осум играчи, како што беше најавено, од редовите на Македонија ЃП. Од тимот на "лавовите" на Вардар треба да му се приклучат Настевски, Ѓурѓевиќ, Силјановски, Симовски, Јакимовски, Милевски меѓутоа и искусните Милан Илиевски и Васко Митрев кои според последните информации најверојатно нема да реализираат за себе интернационален трансфер.
Како што н$ информираа вчера од ФК Вардар, досегашниот тренер Ѓорѓи Тодоровски ќе биде координатор во младинските школи на клубот, од каде претходно и го презеде кормилото на првиот тим.

Велија Рамковски во спонзорскиот тим
Според нашите информации, наредниве денови се очекува официјално како еден од новите финансиери на нашиот најтрофеен клуб преку своите компании "Хедис" и "А1 ТВ" да биде вклучен и домашниот бизнисмен Велија Рамковски.
Низ преговори на новите раководни структури на Вардар се очекува договор со Рамковски кој би бил дел од идниот спонзорски тим. Договорено е и натпреварите на ФК Вардар низ пролетниот дел од сезоната да бидат пренесувани на А1 телевизија.

Сетинов - спортски директор
Досегашниот претседател на клубот, Драги Сетинов, останува и натаму во спортските структури на "црвено-црните" сега како спортски директор. Во спортскиот менаџмент останува и натаму како скаут на клубот и поранешниот вардаров фудбалер Ерол Демир кој заедно со Сетинов ја преземаат одговорноста околу функционирањето на тимот.
"На Вардар му беше неопходна организациска реконструкција во обидот да се стабилизира и спортскиот дел. Верувам дека Вардар, сепак, низ зимскиот преоден рок создаде квалитетен тим од своите досегашни фудбалери, новите засилувања и заедно и со тие неколку фудбалери од Македонија ЃП, кои ќе ни овозможат успешни пролетни резултати", вели Ерол Демир.


да не зборам пред време но ќе видиме како ќе функционира сега вардар
 
Дај бре не ми давајте толку добри вести во еден ден, срце ќе ме фати:vozbud::vozbud:
 
Ako se ova dobri vesti druze,svaka cast...Se aramija do aramija se naredija vo sobranieto vase...A docekavte da se fuzirate so tie na koj do vcera im pcuevte se zivo i divo...Na polosho deredje i od Pobeda dojdovte....
 
Ako se ova dobri vesti druze,svaka cast...Se aramija do aramija se naredija vo sobranieto vase...A docekavte da se fuzirate so tie na koj do vcera im pcuevte se zivo i divo...Na polosho deredje i od Pobeda dojdovte....
Со кого сме се фузирале бе, алооооооо??!! Тоа во Прилеп нека ве лаже Ацуле.
 
ацуле им ги пере мозоците иначе како сакаш да влезе некој инвеститор кога тој вашиот мајмун хари ни го зафркна цел фудбал
 
Ako se ova dobri vesti druze,svaka cast...Se aramija do aramija se naredija vo sobranieto vase...A docekavte da se fuzirate so tie na koj do vcera im pcuevte se zivo i divo...Na polosho deredje i od Pobeda dojdovte....

Морееее кај гледаш фузија:) Не зборам ни за новото раководство, ниту пак за "нов" спонзор (пошто такво нешто сеуште не се случило), туку се радувам што после подолго време ќе гледам поконкурентен Вардар, и конечно ќе одам на стадион без да знам дека екипа од ранг на Турново ќе не торпедира :)
Верен сум секогаш на Вардар, но сега уште помило ќе ми биде одењето на стадион :)

Во сабота ке победите,но наредната сабота ке изгубите од Работнички.
Инаку со среќа во пролетниов дел и дај боже да гледаме посилен Вардар наредната сезона,бидејќи со силен Вардар се дига нивото на фудбалот и ке биде поинтересно

Работнички нема да биде ништо посилен од Вардар во случај ако дојдат Демири и Кировски. Дури мислам дека нема ни да имате шанса за бодови :):vardar:
 
Па Работнички и есеноска со комиран Вардар се извади со гол во 93 и со огромна помош од битолскиот судија!
 
Карта најверојатно веќе нема да се плаќа и се игра на Градски не ширете шпекулации и слично некој може да се збуни.
Повеќе информации може да најдете на нашиот форум.
 
Карта најверојатно веќе нема да се плаќа и се игра на Градски не ширете шпекулации и слично некој може да се збуни.
Повеќе информации може да најдете на нашиот форум.
:tapp::tapp:Епа би требало да се плаќа!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom