Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Trebase da gi zgazime u prvite 20 min. realno slabo odoigravme poslednite 60tina min, ne deka i oni bog znae sto odigraa. Ideme napred, slednata nedela ni e klucna.
 
Класика второ полувреме, откако поведоа, не станаа од земја.
Пренаивно губиме бодови со албански екипи, какви сњмо голови примаме. Да му ебам све на Деки за парадава на крајов :D
Ви реков нема да победите, бледо и вие игравте, не може секогаш со нафрлени топки и прекини да се извадите. Заслужена победа на Беса, тешки терени се за мак екипи терените на полошкиот регион, па така и денеска имаше солидна бројка, а Вардар е најомразен во овие места.
 
Ајде бе нема очајување сега. Тераме даље. Па не може све да добиеме, а и самите го потенциравме овој меч како потенцијална мина. Практично играме со 12-13 играчи полусезонава. Прв тим плус Жоглев и Митев. Толку се.
Денес мечот многу наликуваше на оној со Гостивар прошлата сезона. Рано водство за нас, по кое непотребно им отстапивме многу простор на теренот, а они форсираа игра со многу прекини. Така и го примивме првиот гол, а вториот падна буквално од никаде и тотално не извади од ритам. Голманот нивен не откажа со неколкуте фатени чисти ударци и е најзаслужен што ни откинаа бодови, а џукелата штипска се напраи слеп и не свирна очигледен пенал на крај.
Наша обврска е да се појавиме во што поголем број следен викенд, не се прифаќа било каков изговор, и да бидеме играч плус во обидот да се тепа Гостивар. Напред Вардар!
 
Последно уредено:
Ви реков нема да победите, бледо и вие игравте, не може секогаш со нафрлени топки и прекини да се извадите. Заслужена победа на Беса, тешки терени се за мак екипи терените на полошкиот регион, па така и денеска имаше солидна бројка, а Вардар е најомразен во овие места.
Реков јас дека ќе биде тешка и ќе решаваат нијанси. Никој не можеше со сигурност да каже дека сигурно тепаме, ниту дека сигурно губиме.
Повеќето го знаат тоа, си знаеме колкава ни е силата.

Нешто што сите го занемаруваат е дека албанските екипи играат даааалеку помотивирано против нас отколку против другите македонски тимови. Секогаш тешко се снаоѓаме на вакви ниви за играње. И со Арсими среќно тепавме, лани во Велешта изгубивме и една едвај тепавме. Лани Беса не издоминира во Боговиње, ама победивме со еден шут кон гол.
Сите дуели на вакви терени ги решиле нијанси.

За нас е добро што Пелистер изгуби сигурни два бода, што значи можеме уште некој кикс да си дозволиме. Сега се зависи од нас на утакмицата која ни е финале на сезоната, а тоа е дуелот со Гостивар во наредното коло.
Пак ќе кажам, жалосно што се падна во продолжен викенд, кога се празни цел град.
Ако не успееме да победиме со Гостивар, тогаш ќе мора да одиме по бод со Воска на гости, за да не зависиме директно од дуелот со Пелистер за третото место.

Инаку, тоа што фали сезонава се клучни одбрани на Гача. Тежок просек е годинава, ништо значајно нема одбрането.
 
А бе не ме јебете и двајцата, имавме водство од 1 0. Кој кур е бе беса да ми прави пресврт. Оди лечете се таму.
Па кога ќе видиш ниту еднаш не сме се наиграле со нив во пет натпревари овие две години.
Лани ни одиграа 2-2 во Маџари, клучни два бода ни скинаа. Во Боговиње тепавме со еден шут кон гол на Фичо. Во Железара два пати по ред ги тепаме исто така со бледа игра и лани за Велигден и годинава во прва полусезона. Дали по 1-2 шанси имавме на натпреварите.
Некогаш мораше да не победат, за жал тоа беше денес.
Ниту еднаш не сме ги издоминирале на терен. Општо, во дерби дуелите тешко играме, најчесто среќата ги решава победниците.
Каков тим имаме па ние за да чекаме лесни победи? Да не коментирам какво влијание има тоа што ќор денар немаат видено, а за разлика од нас кај Беса финансиите си течат ко подмачкани.
Многу се постабилни од нас Воска и Гостивар, се гледа по тоа како лесно ги решаваат утакмиците во источна Македонија. Што мислите зошто никоја македонска екипа од тој дел не може да им скине бод? Затоа што знаат да искешираат.
 
Кој кур е бе беса да ми прави пресврт.
Стабилен второлигаш од еден од најтешките терени за игра во државава. За разлика од Вардар кој заедно со Борец е клуб со најлоша моментална состојба во лигата и со ростер на играчи, за разлика од велешани, само ради името. Многу од вас постарите не сте реални со муабетите. Не е ова веќе ние Ѕвезда и Партизан кога ги победувавме, која е сега Беса да ни зима бодови... Клубов е на тенка линија да се спаси од згаснување.
 
Заборавив да спомнам во претходните постови, покрај констатацијата дека Гача е тежок просек годинава и ненавремено интервенира и ниту еден зицер нема фатено. А тоа е очајниот Вецевски во одбрана. Директен кривец за првиот гол, колку само лошо маркираше.
Премногу ни фали Ристески. Треба да добие шанса Радуловиќ, го памтам како малку подобар играч. Вецевски може само ради висината да игра.
Автоматски споено мислење:

Стабилен второлигаш од еден од најтешките терени за игра во државава. За разлика од Вардар кој заедно со Борец е клуб со најлоша моментална состојба во лигата и со ростер на играчи, за разлика од велешани, само ради името. Многу од вас постарите не сте реални со муабетите. Не е ова веќе ние Ѕвезда и Партизан кога ги победувавме, која е сега Беса да ни зима бодови... Клубов е на тенка линија да се спаси од згаснување.

А забораваат и дека и во ваква тенка ситуација, играме без Мицевски и Николовски во средина.
Со младинецот Дошев и малку постариот Јусуфи, толку се може.
 
Ајде сега вака, затоа што гледам ме дупите, ние постарите баш сме реални. Стабилен второлигаш којшто губи од Охрид дома и од слични такви екипи, ама не на Вардар му прави пресврт. На Вардар кој во екипа ги има Глишиќ, Гачевски, Десниќ, Мишковски и слични. Муабетите не ви држат вода па што сакате кажете. А бе пресврт ни прават еј, ебана беса. Да беше Гостивар,Воска и Пелистер ќе бев каде каде посмирен, затоа што со нивните состави се блиску до нашиот, ама беса со Ибраим, со Мухамед и куров ми Ленче од ебано врапчиште, не ми се прави муабет
 
Јас па никогаш нема да сфатам како луѓе што пратат мак фудбал над 10, 20, па и 30 години уште не им е јасно како се одвиваат работите низ нашиве лиги.
 
Клуч на Вардар, темава да се преименува во ФК Вардар мемоари.
 
Најголема грешка на Бајо е што го пушти Мартин Блажевски да оди на факинг позајмица во Скопје. Еве сега со повреди и картони дојде ред клучни утакмици да игра дете од 17 години..
 
А бе не ме јебете и двајцата, имавме водство од 1 0. Кој кур е бе беса да ми прави пресврт. Оди лечете се таму.
Не размислуваш трезвено другар. Не знам што друго да ти кажам, убаво се ти објаснија Коњаникот и Кукузел. Понекогаш од што не размислуваме реално на кои гранки е спаднат Вардар, после истото ни се удира у глава.
Стабилен второлигаш од еден од најтешките терени за игра во државава. За разлика од Вардар кој заедно со Борец е клуб со најлоша моментална состојба во лигата и со ростер на играчи, за разлика од велешани, само ради името. Многу од вас постарите не сте реални со муабетите. Не е ова веќе ние Ѕвезда и Партизан кога ги победувавме, која е сега Беса да ни зима бодови... Клубов е на тенка линија да се спаси од згаснување.
И јас сум релативно постар, па никогаш не излагам со ставот кој ги ебе сите, Вардар кога играше у Југославија кај беа другите и слични исфуцани муабети, а ние пустите едвај превоз и исхрана им обезбедуваме на играчите. Ама најлесно е да се каже, а многу потешко да се оствари кога е Вардар во прашање. Но генерално да, се слагам дека постарите Вардарци имаат лоша перцепција за состојбите. Големина на името не' провлекува за многу работи, било кој друг наш клуб досега ќе беше непостоечки при вакви проблеми со кои се соочува, ама не игра на теренот за жал.
П.С. Гача е просечен сезонава нема дилема, али не се слагам дека е кривец за примените голови денеска.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom