На тоа и мислев кога го напишав овој дел
Сигурно дека ваква инвестиција е можна само со одредени бенефиции за фирмата во државава, наивен е било кој што мисли дека само така би дале пари, посебно па ние што веќе еднаш го гледавме филмот Самсоненко.
За другиот дел каде што си спомнал зошто би сакале да го внесат во Лига Конференции, никаде јас не спомнав дека нив крајна цел би им била Лига Конференции туку ја спомнав како лесно достижна цел за клубот, Лига Европа е малку потешка ама исто така не е нешто недостижно како што видовме и пред некоја година, плус што сега и со испаѓање од квалификации ЛШ продолжуваш со ЛЕ квалификации што не беше случај во време на Самсоненко и ние фактички во првиот обид да се пласираме во ЛЕ, се пласиравме

. После Апоел и Динамо одма ги завршивме квалификациите (ова чисто како пример го спомнувам, не ме фаќај одма за збор
Да бе ти мислиш еднаш си се пласирал од прва во ЛЕ и секогаш ќе се случува тоа, Фенербахче еднаш во 10 години се победува). Еднаш кога ќе се пласираш и многу полесно е потоа да си во игра за влез таму пак. Кога ќе ми текне само колку беше лесна ждрепката за пласман во ЛЕ групи сезоната потоа кога завршивме втори и игравме во прво коло со Пјуник... ама веќе тогаш се растураше клубот и јасно беше дека Самсоненко веќе не дава пари.
И не знам зошто стално тврдиш дека е неисплатливо да се инвестира па макар и се пласирале во Европа. Како што гледам наградата за пласман во ЛК каде ете Слога беше толку блиску до пласман е 3 милиони евра. Дур бевме под Град Скопје еден милион евра ни беше буџет, па пак ќе кажам апсолутно сум сигурен дека да имало ЛК тогаш и да бил квалификацискиот ситем ист како сега ние ќе стигневме со тој тим во групи. Плус бонуси за секој освоен бод, а колку е полесно да го направиш тоа со Клуж, Сиваспор, Славија Прага тип на противници него ли со Зенит и Сосиедад да не зборам.
Нека биде и 1,5 или 2 милиони буџетот или и повеќе, апсолутно сум сигурен дека со добар план можеш да испаднеш и во плус во фудбалот со начинот на кои ги смени УЕФА квалификациите пред некоја година (и за кое сум сигурен дека голема улога има и ова што го спомнав сега).