Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Што не го дадат клубот на Град Скопје ? Колку и да ја ххејтаат Данела е далеку поспособна од оваа лажна елита во раководството.
 
Не ја бива работата во ФКВ. Каков Матеј, каков Цујо.. Пак јово наново. Бајо нека каже нешто повеќе за другар му шљоки.
Е па кажи де ти. Нема сеа ребус да решаваме тука. И не знам што се фатиле за чоекот као негов да е клубот. Јас знам дека многу плус работи средува, а што не се негова обврска.
Што не го дадат клубот на Град Скопје ? Колку и да ја ххејтаат Данела е далеку поспособна од оваа лажна елита во раководството.
А Градот дека се потепа да го земе. Она па ептен „способна“ стварно. Се глеа по Скопје...
Последниот натпревар со Кожув се игра во петок од 13 часот во Маџари.Поглуп термин здравје
Терминот е таков затоа што нема каде и кога да играме. Жалосно, ама така е...
 
Во неколку наврати самиот Слободан и другар му Бајо, па дури и во некој емисии рекоа дека долгот ќе го вратат и дека Вардар ќе продолжи да функционира нормално. Поминаа година и кусур од тие изјави и се уште работата е иста. Лажни ветувања добиле и од оној што го поставија да биде Спортски директор на ФК Вардар. Со еден збор - каша попара!

Кога сме кај Град Скопје, подобро да ни дадат на нас да менаџираме со клубот, бидејќи Данела ќе се изгуби и тука :)
 
Според мене утрешниот бојкот не е решение,дури мислам подобро им е без навивачи да не се замараат околу организација.
 
ФФМ има три терени со рефлектори и трибини, ако сакаат можат секоја домашна утакмица во сабота или недела навечер да ја играат. За се наоѓаат изговори ама ако имаш пари да носиш играчи за прва лига, треба да имаш и саглам терен да изнајмиш.
Неможе два три дена пред утакмица никој да не знае во колку и каде игра Вардар. Ова треба на почеток на сезона да се реши, барем една полусезона да се игра на еден стадион а не да се лута секоја втора недела.
 
Да не знае некој зашто на градски не игра ни Вардар ни Работнички.?
 
Во неколку наврати самиот Слободан и другар му Бајо, па дури и во некој емисии рекоа дека долгот ќе го вратат и дека Вардар ќе продолжи да функционира нормално. Поминаа година и кусур од тие изјави и се уште работата е иста. Лажни ветувања добиле и од оној што го поставија да биде Спортски директор на ФК Вардар. Со еден збор - каша попара!

Кога сме кај Град Скопје, подобро да ни дадат на нас да менаџираме со клубот, бидејќи Данела ќе се изгуби и тука :)
Стварно не си ми јасен. Па да и го изјавил тоа Бајо, веројатно верувал во ветувањата добиени од „сопственикот“, што уопште не значи дека он е виновен што не се подмирени долговите. Нити е негова обврска, нити е доведен за тоа во клубот. За разлика од Цобе и билдерчето Нено, Бајо барем е постојано со играчите и стручниот штаб. Обезбедува превоз, исхрана, карантин за екипата. Дали еден спортски директор треба да се занимава со овие проблеми!? Одговорноста треба да си ја сноси секој за својот дел.
 
Не знам, јас имам впечаток дека он уште им верува на децата дека можат Вардар да го вратат таму каде што треба да биде. Можеби сум грешка ама - стварно не ја бива работава и пак ќе имаме тужна зима.

- Исто така Бајо пред 2 недели во гостување на МТВ рече дека Вардар ќе се врател таму каде што требал да биде. Со што ќе се врати, еве јас јавно го прашувам? Со долг од 5 плати кон фудбалерите? Иста песна ќе биде и кога ќе треба да влагаме во Прва лига. Ќе биде мачење, јавување и ред други работи и тогаш ќе се појави пак некој фудбалер што ќе си ги бара парите и пак ќе искочат старите проблеми и така се во круг.
 
ФФМ има три терени со рефлектори и трибини, ако сакаат можат секоја домашна утакмица во сабота или недела навечер да ја играат. За се наоѓаат изговори ама ако имаш пари да носиш играчи за прва лига, треба да имаш и саглам терен да изнајмиш.
Неможе два три дена пред утакмица никој да не знае во колку и каде игра Вардар. Ова треба на почеток на сезона да се реши, барем една полусезона да се игра на еден стадион а не да се лута секоја втора недела.

Веројатно од уефа или некое тело кое ги контролира тие работи им е предочено дека тие терени се исклучиво за развој на младински фудбал, односно за играње на помлади селекции, на школи за фудбал а не за изнајмување на екипи. Од таа причина не игра ниту една екипа таму сезонава....
 
Наивно е да се помисли дека некој Цобе со една крената зграда во Скопје би можел да исплати долг за кој не би се нафатиле да го исплаќаат и најкрупните риби во државава.
 
Прв пат пишувам на темава и сакам да прашам неколку работи во врска со домашните утакмици на ФК Вардар и изборот на стадион. Сите знаеме дека дом на ФК Вардар бил Гратски стадион одсекогаш, со падот на Самсоненко и испаѓањето на Вардар во втора лига почнува и агонијата кај да играат домашни утакмици. Да речеме дека немаат пари за термин на Гратски што е и логично, толку ли не може да се изнајде еден стадион и приоритет да има таму Вардар кога игра домашни утакмици. Па лани далеку поорганизирано беше кога сите утакмици се играа на стадионот на ФФМ во Ново Лисиче. Годинава нека биде тоа Маџари или Автокоманда ама нека се знае дека Вардар игра таму и да нема проблем околу термини и слично.
Некој поупатен да ја објасни ситуацијава и проблемов ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom