Алелуја тепавме глатко
Сите што ги пофалив досега, денес беа камења. Жоглев дрво, Гача 0.
Каков само пенал им подари Гача и ги врати во живот. Ако не тепавме, требаше да се симнеме и да го обесиме на трибина. Прави добра хемија во тимот, ама како еден од поискусни не смее да си дозволи онаков кикс.
Прво полувреме зема да дрибла, му украдоа топка и среќа утнаа празен гол.
Нафрлена топка, никаква опасност, му оди директно во раце и зема му ја избоксува на Мишковски во рака...
Воска имаше уште 1-2 добри прилики по лоши дефанзивни поставувања на нашите странични бекови.
Остатокот, доминација. И пред првиот гол ги потиснавме целосно, ама реализација катастрофа. Конечно Десниќ даде одличен гол откако доби топка во празно, странично излезе со голман и му ја поткопна.
И додека беше еуфорија од голот, промашив еврогол на Мицевски.
Му ја откина мрежата на голманот на Воска. Не го видов убаво голот, пошто беше хаос кај нас.
Топ навивање, преполн стадион, прекрасно време и атмосфера.
Требаше работата да се заврши тука, ама утнавме неколку шанси. Жоглев ја утна најголемата, а на 2-1 и Јовче требаше да ги матира еднаш.
Мицевски искина денес, ме демантира за критиките. Многу важна победа за кревање на моралот.
Мора да се истера јако полусезонава затоа што и конкурентите фатија залет.