Мицевски е наш најдобар играч, не знам што треба да прави за да бидете задоволни. Најмногу истрчани километри има, секогаш се нуди за топка, единствено тој знае да даде луцидна топка, игра најагресивен пресинг кога сме во фаза на одбрана. Само Гачевски е на тоа ниво, ама него не го користиме толку зашто противниците ни шутираат во просек по 2 пати на натпревар. Сите други играчи се далеку од тој квалитет, иако досега сум задоволен како играат и Мишковски и Христов, а Демир кога ќе биде физички поспремен ќе биде од голема корист. Сега ни престојат главните натпревари со конкурентите за влез во прва лига и затоа доаѓајте на стадион, преносите на спорт клуб нека бидат само за тие што се вон земјата. За гостувања тешко да не пуштат во Гостивар, со Тетекс најверојатно во Велес(казнети се 4 средби вон Тетово),а Битола гледам дека им е спремна и втората трибина и за таму уште од сега спремајте се, 4.12.2022 да отидеме 500+. Некој ќе рече ние во Скопје не се собираме толку, ама тоа е нашето најголемо дерби и затоа секој од нас треба да донесе по еден другар што од разни причини веќе не доаѓаа на стадион и таа бројка е остварлива.