Кога сме веќе на крај на подготовките, со изиграни сите пријателски натпревари (останува денешново 2ро полувреме), и со новите 4 засилувања кои ќе ги сметам за завршена работа (дискутабилно е претпоставувам само за Маневски), може да се добие некоја појасна слика и претстава која е замислата и со каков состав ќе располагаме..
Гачевски/Кировски/Илиќ
Тошевски/Брдаровски - Новак/Херанц - Попов/Манев - Маневски/Антовски
Битанг/Најдовски
Мицевски/Адем - Јуфо/Исени
Цветановски/Попзлатанов - Максимов/Лима - Барсегјан/Бериша
Тодоровски, Серафимов и Колевски намерно ги изоставив, затоа што мислам дека во моменталнава ситуација најдобро и најпаметно би било едногодишна позајмица, за сите 3ца.
Во одбраната, ќе треба да почекаме да видиме како ќе се покажат новите засилувања, аргентинецот мислам дека има потенцијал да испадне топ засилување ама ќе треба време да се вклопи, а од Манев очекувам да добиеме солиден играч за ротација, ништо повеќе. За Попов сите знаеме со какво искуство е, проблемот е желбата и залагањето, кога му се игра стварно може квалитетно да изигра, поготово во домашново наше првенство. Најголема енигма и проблем повторно останува позицијата лев бек, каде ќе треба да се ослониме на младите Маневски и Антовски, или евентуално Брда/Манев да покријат што по мене би било погрешно, кога веќе е одлучено да се даде шанса на младиве, треба да бидеме трпеливи и истрајни, грешки сигурно ќе има поради неискуството.
Во средниот ред мислам дека добра работа се заврши со Мицевски и Најдовски, првиот покажа одлични партии и веројатно си загарантира стартно место, додека Најдовски би требало да биде солидна бек-ап опција во ротациите. Останува најголем проблем во средниот ред квалитетот и константоста на Јуфо и Исени кои ќе се борат за последната позиција во средниот ред, факт е дека и во двајцата има фудбал и потенцијал, за Јуфо веројатно ќе треба и малку време да се вклопи, а Исени и покрај потенцијалот сега за сега некако сеуште како да не се искажал целосно во неговиот престој во Вардар, премногу неконстанто делува, а проблем е што баш од нив двајца, и од таа позиција се очекува многу кога е во прашање креирањето на нападите и креативноста. Тука се и младите Талески и Реџепи, но со партиите што ги пружи Адем, дефинитивно отскокна од останатите и заслужува поголема доверба и минутажа од останативе двајца.
Нападот делува некако некомплетирано, бразилецот Лима ми е тотална енигма и не знам што да очекувам од него, Барсегјан дефинитивно е најдобриот играч и носител на нападот, Цветановски изненади доста на пријателскиве утакмици ама сеуште не е на нивото што ни е потребно, младиот Бериша покажува потенцијал ама е рано да рачунаме сериозно на него, а Попзлатанов веројатно е најголемо разочарување пријателскиве, иако многу почесто играше лево (дури и како централен напаѓач), а сметам дека многу подобар и покорисен би бил по десната страна, само што прашање е колку би можеле да се ослониме на Матеј/Попзлатанов како стартна опција. Намерно за крај го оставив Максимов, дефинитивно има квалитети и има фудбал во него, ама не е на нивото кое се очекуваше од него, и тука би се сложил со
@Skopje Rossonera, премногу е мек и како да бега од дуел-игра, што му е најголема маана. Ќе видиме бразилецов што ќе покаже, ваљда еден од двајцата ќе испадне добра опција бар за домашно првенство.