Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Да живее Вардар, и Македонија!!!
Смрт за предавниците!
 
Среќна победа денес, со две сомителни ситуации во кои многу лесно можеше да се досудат и поинакви одлуки и ќе влезевме во големи проблеми. Во живо делуваше дека Муслиу е поназад од Велковски и дека нашиот гол е чист, али па и за нивниот гол делуваше дека е се чисто. Од снимкиве на нет ништо јасно не може да се види, тешки се и двете ситуации за проценка. Али и да се оштетени ич не ми чуе, лани со гол од три метри офсајд ни извадија нерешено во Маџари, така да сега им се врати :kuracc: .

Без Фелипе сме нула од екипа, ама тоа негово играње курташак повторно ќе не чинеше бодови за малку. Во 80та минута, на изморени штопери, наместо да нафрли во шеснаесетник од корнер он му ја местеше на волеј на 20 метра на Блажевски и им подари контра, а во продолжение на акцијата го постигнаа голот кој им го поништија. Барсегјан е страшно паднат во форма, на Градски полошо одигран натпревар од неговиов вечерва има одиграно само Драган Ќеран во последниве години, Чеде неколку пати нервозно реагираше на неговата игра.
Не знам зошто се буните за бројот на публика на Јужна, мислам дека денес беше рекордот во посетеност годинава и тоа на дожд, да не беше вакво времето ќе имаше сигурно повеќе публика и на Југ и на Запад.
Да е само Барсегјан паднат во формата, друже. Искоментирав и пред извесно време, односот на Барсегјан, Хамбарџумјан, Грне, Гачевски, Шиле, Николов после влезот во групи од ЛЕ е за секаква осуда. Чеде со право ги тргна Грне и Гачевски од прв тим, а него го закова на клупа. Претпоставувам дека сега е приморан да ги толерира колку толку зашто нема баш преголем простор за маневар, ама од зима верувам дека ќе биде друга песна, доколку продолжат со такво индолентно понашање.
Се слагам за бројот на публиката на Јужна. Далеку повеќе од другите утакмици во првенство, преку 1000-1500 сигурно, и ова само потврдува дека со малку маркетинг барем за оние побитни утакмици со Шкендија, Пелистер, Слога, Работнички, може да се привлече колку-толку народ на стадион...
 
Грнчаров и Хамбарџумјан од тактички причини ги нема последниве 3 кола во состав или имаат некоја повреда?
Земи на инста следи го Грне ќе видиш друже зошто не го викаат..Секој ден е по кафани и труп..
 
Земи на инста следи го Грне ќе видиш друже зошто не го викаат..Секој ден е по кафани и труп..
За него искрено и не ми е нешто битно, поеќе ме интересираше за Хамбарџумјан оти ме интересира дали Чеде го чува за во четврток во Европа, или пак (се надевам) Тодороски ќе игра (ако Хоф е повреден). Ќе биде топ ако Тодороски добие шанса во ЛЕ, ем како награда за досегашните игри (оти одлично игра, посебно за неговата возраст) ем оти и за него ќе биде искуство и подобро ќе напредува со такви натпревари.

Уствари теоретски може и да направи комбинација и двајцата да стартуваат, Тодороски десно а Хамбарџумјан како лев бек коа веќе не рачуна толку на Демири (претходните натпревари со Глишиќ играше место него).
 
Имам замерка за Чеде,моја замерка,дека треба повеќе да го игра Демири наместо манекенот Глиша,појќе Вања наместо дедо Глигор,да смени формација од следна сезона и да оди со 442 формација ....Сега моментално ми изгледа загушлива формација веќе оваа,па у репрезентација веќе не ја практикуваат,камоли за политика на Ффм ....Не одговара и крај ..... Сега од 1 јануари или до крај на сезона,да летаат неколку играчи од тим ....

  1. Глишич
  2. Гачевски
  3. Пачовски
  4. Глигоров
  5. Хамба
  6. Џигаури
  7. Стојков
  8. Попов
  9. Грнчаров
Да се почне со неколку убави засилувања,мислам супер би било Тричковски и Костовски да се вратат ,и овој Матеј мислам Цветаноски беше детето,од Пелистер,уф ама ми се допаѓа детето,јако крило е за млад ....Сосе Тошевски,бомба би било .....
 
И Лукас ќе го пуштиме и таман ќе биди.
 
Тричко потпишал нов договор до 2020 годуна со Аел Ларнака ....Баш сакав да го гледам во дресот на Вардар ,голема желба ....:place: Мора Јове да дојде :mad:
 
За Тричко се согласувам дека ќе беше добро засилување, ама не знам што и ти и некои други тука често го барате Костовски, тој откако се повреди пред 2 години после сосема пропадна, оваа сезона последните 13 натпревари само 2 пати воопшто на клупа седна (но и на тие не влезе во игра), зар таков 30 годишна играч кој не може да се избори ни на клупа да седне во една втора Белгиска Лига вас треба да ве спасува и да ви биде засиулвање. Тоа е исто ко Филип Ивановски да го барате и да го гледате ко некое играчиште кое ќе ве воскресене оти на времето пред 5 сезони ви беше најдобар стрелец. Не дека Максимов и Итало се кој знае што (бар сега за сега некако не се издвоија кој знае колку како што се очекуваше), ама каде-каде се 10 пати поасални од Костовски и нема он што да бара во составов покрај нив.
 
Добро бе, од Стојков и Попов плачеме да се ослободиме, а веќе нови најдовте. Наш играч со 30+ години во лигава со плати какви што им дава Вардар нема мотив за фудбал, веќе е пензиониран со потпишувањето за нас. Каков Тричко, иста песна и со него ќе беше. За Јове неам коментар, го имаш Максимов со 22 години, и да го бараш Јове..
 
Најдобри на терен се тие што земаат најмала плата ...
Тодоровски и Муслиу :cuc::cuc:
Не би рекол...

Играчи ко Попов, Стојков, Пачовски... мораа да се потпишат за да дојдат и други играчи тоа е се.
Иначе Поп Златанов искина вчера коа зборите за играчи земање од Пелистер.
 
Последно уредено:
Не би рекол...

Играчи ко Попов, Стојков, Пачовски... мораа да се потпишат за да дојдат и други играчи тоа е се.
Иначе Поп Златанов искина вчера коа зборите за играчи земање од Пелистер.
Попзлатанов*, иначе детето потекнува од ФК Ударници Бутел.. Стварно добар играч.
 
Не би рекол...

Играчи ко Попов, Стојков, Пачовски... мораа да се потпишат за да дојдат и други играчи тоа е се.
Иначе Поп Златанов искина вчера коа зборите за играчи земање од Пелистер.
Da ali zavrshnica losha, a i mn beshe sebicen tosevski mn rabota mu vrsese na taa strana
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom