Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Не шири дезинформации..
Како кажале некои, така кажува и јас. Дезинформации не ширам, ниту пак се замарам колку се продадени. Битно е јас, ти и сите што се траскаме во Вардар да идеме, па за другите верувај, ич не ми е гајле, макар имало и 5.000.[DOUBLEPOST=1505318697][/DOUBLEPOST]
Могу се умарате со карти и публика, една третина од клубовиве од ЛЕ имаат стадиони испод 15 000 вие коментари како било срамота за у ЛЕ што ќе има 15 000- 20 000 луѓе, абе гледајте си фудбал и уживајте. Нема кај нас навика народот да иде на утакмица,ако се идело тоа било некад у 80те и 90те. Нема потреба да се споредуваме со Звезда, Хајдук и остали од балканов они сите успеаа и после Југославија да си ги одржат клубовите и да имаат дерби утакмици. Секој втор копиљ у Србија или е за Звезда и Партизан, нормално дека за еден ден ќе го распорадат стадионот. Кај нас беа полни салите кога имавме јако дерби у ракомет Вардар- Металург и Мзт- Работнички, нажалост у фудбал веќе 10 години дербито на ништо не личи. А најголема причина што нема да биде пун стадионот е цената со оглед на тоа што блок 1 и 6 се најпродавани. Ценава можда не и висока, али многу од нив си викаат што кур ќе гледам Зенит уште па и 1000че да давам. Да играше Вардар ЛШ сеа ќе се потепаат да ги гледат Барса, Баерн и остали. Така да ова е мотив плус Вардар да изгради свој стадион пошто толку е фан базата на Вардар 15- 20 000 и ако даде господ да играме ЛШ ќе биде мадафакерски на тој стадион да се играа а не на Градски, па сите тие кој чекаат Барса и Реал у Скопје да дојдат да ги гледаат на ТВ.:cool:
Во право си, според последните кампањи во Србија, 81% во државата навиваат за Звезда/Партизан. Плус имаш и на Ticket Plus блок карти за Црвена Звезда, верувам дека така има и во Црна Гора, а и знаеме колку подгрупи имаат и едните и другите навивачки групи надвор од Белград.
 
Инфо Комити и официјално !!!

ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ ДЕКА СИТЕ КАРТИ ЗА КОМИТИ СЕ РАСПРОДАДЕНИ !!
СИТЕ ШТО НЕ УСПЕАА ДА НАБАВАТ, ГИ ЗАМОЛУВАМЕ ДА НАБАВАТ КАРТИ НА ОФИЦИЈАЛНИТЕ ПРОДАЖНИ МЕСТА НА ФК ВАРДАР ПО РЕДОВНА ЦЕНА !!
Истовремено ве известуваме дека сите што не добија маици ке можат да подигнат утре на собирно место односно пред Соборен Храм !

ЗАПАД ПОВТОРНО ПОЛН КАКО НЕКОГАШ !

КОМИТСКИ ПОЗДРАВ !!!
 
Не знам зошто волку слаба еуфорија има низ град. Секад си мислев дека ако еден ден влеземе во групи во Европа дека по дифолт ќе биде преполн стадионот али моментално ни од далеку не изглеа така, а цените на картите се сосема солидни за ваков тип на утакмица. Знам дека сите карти се продадоа за Западот али можеби требаше вечерва да се направи караван чисто да се привлече и обичната публика и со самото тоа да се испромовира утакмицата.
 
Може причината за слабата продажба на картите е што сите оние кои последниве години идеа на Југ\Север сега ќе се вратат на Запад :D
 
Новак повреден, го испушта натпреварот утре според пресот на Чеде, штета. Планирано беше Даре со Боби во средина да играат мислам, сега после повредава дали ќе иде со Муслиу или пак Вања во средина а Даре штопер ќе видиме.. Напред очекувам Тигран да почне како шпиц, Џигаури сигурно ќе биде стартер, би требало и Шиле да игра. За Зенит недостастува Паредес, што е добро, а го нема и Шатов во екипата
 
Ајдеееее тапа што се повредил Новак :eek::place:
 
Околу 17 000 карти има сеуште во продажба,во најдобро сценарио 25 000 утре.
 
Ние што купивме блок карти дефинитивно ќе влегуваме со испечатениот ваучер како и на претходните меча со Фенер и Копенхаген?
 
Ние што купивме блок карти дефинитивно ќе влегуваме со испечатениот ваучер како и на претходните меча со Фенер и Копенхаген?
Да! Изгледа ќе ни дадат(направат) картица после утакмицава.
 
Требало да има 30 000 публика, скапа била карта, не биле атрактивни противниците, срамота било за Скопје што стадионот ќе е полупразен итн. Според мене некое ете логично размислување е следново, картите да беа ставени 200ден, 400ден, 600ден стадионот ќе беше полн, многу од вас мислат дека цените беа коректни, но мое милење е дека се скапи (нормално не треба да е гага затоа што е Лига Европа) но Вардар има доста навивачи кој не се ни средна класа со многу мали примања, плус много надвор од Скопје исто со слаба финансиска состојба кои треба да платат патарина, карта и излегува многу. Друго е што немаме луѓе ко порано што секој викенд се со Вардар, научени на утакмици живеат за ден како овој утре. Сето ова можеше да се искористи со пониска цена на билети и полн стадион или поскапи карти а полупразен стадион.. Исто пак ќе кажат многу од вас дека не треба да се моли никој кој сака ќе се снајде, но Вардар нема армија од навивачи кои и на домашни натпревари ќе се по 6000/7000 гледачи, па ќе се тепат за Лига Европа кој прв да купи.. За да е така, треба друг пристап, прво да се научат луѓето на Европски натпревари, на блок карти, на идење на стадион, затоа што Вардар вакви натпревари немал никогаш и одма лупат карти по 1200ден, не иде тоа така, не кај нас македонците, сите го знаевме ова и пак не го искоритивме(освен Комити) играњето во Лига Европа како што треба, а тоа е прво и основно ирачите да играт пред преполни трибини! За крај колку и да сме утре вистински сме, тука секогаш за Вардар!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom