Кобетиќ и Павловиќ се вишок од голманите, на нивно место некој млад, или од школата или од некој од клубовиве у Македонија кој има потенцијал, кој ќе учи од Пачовски и Гачевски и ќе собира искуство.
Од одбрана, Најдовски, другото мислам дека е океј, со Таневски не знам што се случува, ама од него не верувам дека може многу да видиме, така да Новак не е лошо да се има за бек-ап опција, бековите се добри, не знам Глишиќ до каде е, рекоа дека е спремен ама го нема утакмициве ни на клупа, ваљда не сака да го пушти во оган после толкава пауза на тешки утакмици, како и да е зимава со подготовките ќе може да се врати во ритам.
Среден ред, тука фали креативец дефинитивно, некој кој ќе пренесе топка, кој ќе одржува темпо, Фелипе е добар ама повеќе во напаѓачкиот дел, Боби Николов игра добро последниве утакмици, доста трча, покрива и назад, ама не е креатор на игра. Глигоров е нешто слично со Боби, не е ни он за главен креатор на игра. Даре е во очајна физичка кондиција, нека се стегне сега, зимава со подготовките да фати ритам и он, затоа што вака тешко дека ќе фати место во среден ред, иначе он е играч што знае да организира игра добро мислам.. Спировски, Темелков се вишок, Влатче исто, па дури и Љамче може да се каже, како бек одбранбено е очаен, како крило лимитиран.
Околу нападот, еден од Шиле и Стојков може да си оди. Двајцата се ист тип на играч, им треба многу слобода во играта, одбрана не помагаат многу, трошат топки, доволно е еден од нив. Кога сме кај крилата, фали и тука асален играч, Ромеро може да лета уште зимава, Пеце Петковски заслужува многу поголема минутажа, Асани веројатно е катастрофа сезонава. Филип Петковски нека се пакува, и напред да се донесе шпиц, ама не од типот на Фичо, туку играч што знае со топка, подвижен, брз.
За стручен штаб, или докажано име од овие простори, или да се остави Седлоски, сеуште е неискусен, ама има големо играчко искуство, ги знае играчите, ја знае состојбата со фудбалот овде