Ако има простор за проширување тогаш супер ова би дошло ко прва фаза.
За карантин јас сум понатака да се изгради некој тренинг комлекс кон катланово, таму да се тргнати од град. Ова да си е база за секојдневен тренинг и сместување пред се да се има подобра контрола над играчите (поготово помладите македонски таленти од други градови) да не скитаат пред утакмици...[DOUBLEPOST=1407482498][/DOUBLEPOST]
Дали Самс лично го одбрал или му го препорачал некој не прави разлика. Ај да ти објаснам како иде тоа пошто гледам не сфаќаш... Филмот иде нешто вака, дошол Самс во МКД за некоја зделка. Ова најверојатно по препорака на Магденчев кој му е директор/тренер во тениската академија во германија. Ништо чудно и тој да бил со него, тоест гарант бил, гребатори сме така да сигурно му бил водич, преведувач, посредник. Во МК зделка се прави или со држава или со некој јак приватник што пак е поврзан со државата, нели се е партиски. Сакаш, неќеш тука се запознаваш со фацки од втор и трет ешалон кој ти прават филм за нашата чудесна земја. Ова лесно се чита и сфаќаш дека се гладни за пари и се е лесно подмитливо, тоест они се фалат дека се можат да ти свршат брзо и дека со нив куршум не те бие. Искачаш една две вечери да осетиш атмосфера, гледаш типично ист филм ко дома. Град ко рускиве, боља клима, питомо население, сакаат, се палат на руси не ко у германија или запад кај што уште ги сметаат за дивјаци. Додај на тоа дека добар процент од населенито збори руски а и македонскиот е поразбирлив него англиски или германски. Се вракаш назад правиш малку истражување за оваа чудесна земја и доагаш до заклучок дека ова е село со едно куче. За разлика од многу држави каде имаш 2-3-4 партии плус други навидум помали ама доста заебани елементи со кој може ќе мораш да соработуваш (мафија, војска, полиција, големи фирми - конкуренција) овде нема ништо такво згора и кучево што лае ако почне многу да лае идеш и се жалиш кај твојте (руски амбасадор) па они го шамараат дур не се врати у колосек. Додај на ова дека државата нема асални закони, дека има многу ниска даночна стапка и многу олеснувања за странци, дека сеуште нема асален банкарски систем, дека нема добри начини за следење капитал и се соочува со милјарда „поважни“ проблеми... Ова за секој норамален инвеститор е кошмар и затоа бегаат АМА ако и ти потекнуваш од вакво општество и знаеш како да маневрираш низ проблемите тогаш ова за тебе е рај. Со други зборови welcome to the promised land. Се враќаш назад купуваш нешто колку да свртиш внимание врз себе и да покажеш дека си сериозен и почнува играта. Тука некаде Кастратовиќ се убацуваат, мислам дека Инди еднаш спомна дека со Самс се занеле од порано преку нешто од Црна Гора му објаснува за ракомет. Ако се сеќаваш имаше еден период глама дека во Алекс Палас тенискиот комплекс ќе се проширувал - најверојатно тоа му беше цел на Самс дур Инди не го наговори да инвестира во РК Вардар. До тука филмот си иде и нормално без партиски. ЖРК нема партиски потрчковци, си имаат успех, секоја чест. Тука некаде доаѓа и моментот за Самс да покаже дека е и сериозен играч па почнува да збори за сала. Ивица Коневски најбрзо реагира кој гледа прилика да го задоми МЗТ а и да му најде газда. Самс е конечно „ин“ со човек од прв ешалон. Некој што може лесно и брзо да заврши работа. Нит го знам нит го познавам Самоил ама гарант му е добро другарче на Ивица. Гарант живее во Аеродром. Како иде таа селекција, искочиле 2-3 пати у град, Ивица му рекол Самоил го бива, се што треба ќе сврши работа Самс рекол ДА (можел да каже и дајте друго дете, не е проблем, ќе дале или он да поставел некој ама кој па он знаел тогаш а и сега?), Самоил се покажал и тоа е тоа. Е сега, имај на ум дека Самоил и тие ко него можеле да јадат гомна да не се земе РК Вардар и ФК Вардар него да останеле лојални на агендата на Ивица и да туркале кон прекстување на ЖРК Вардар во ЖРК Скопје/Аеродром и инвестиција во МЗТ. Еден момент и тоа се работеше. Сепак на крај победи опцијата ВАРДАР и до сега јас не гледам да зошто да се лутиме на нив. Јасно не се спортски луге ама еве јас сеуште те чекам да ми кажеш еден добар спортски работник, едноставно такви кадри во МКД нема. Имаме по некој во странство ама се прескапи за МКД стандардите. Затоа и се работи на формирање спортски кадри, идејата на Самс од минатата недела е нешто најдобро до сега од административна страна што се случило со спортот во МКД. Салата се изгради во рекордно време, еве планови за база на ФК (незнам дали некогаш си има работа со МК катастер или вадење дозволи за градба во мкд) полека она за што ни се потребни партски луге се работи. На спортски план МОЖЕШЕ и ТРЕБАШЕ подобро, тука треба да критикуваме. Сепак ако се идеше по партиска линија ко што алудираш не мислиш логично ќе беше да се задржи Боби кој дефакто беше на еден начин поставен во ФК од партијата (да бидам јасен Боби е Вардарец кој има гинето за клубот и имаше успех, човекот заслужи многу повеќе)[DOUBLEPOST=1407483378][/DOUBLEPOST]Не реков дека Доне не чинел, реков дека кој и да е може да е сменет, така да ако фудбалскиот дел на управата нечини кај и да е ќе летаат.
Незнам јас ти у кој свет живееш ама треба да ти е јасно дека во МКД све испартизиравме. И кога нешто не е партиско одма се бара некаква поврзаност и станува партиско под дефолт. Вардар е дел од таа држава и мора да се адптира ко што било и во предходната држава. Тоа не партиско ќе го гледаш кога ќе го достигнеме нивото на Германија, Австрија, Англија, Австралија каде ти и комшијата секој месец ќе ставате 3-4000е во џеб и нема да ти е гајле дали тој над тебе е вработен во администрација или приватно, нема да ти е гајле кој е министер за што и како него ќе му ја мислиш каде игра Вардар низ европа викендов за да си резервираш лет и хотел или да си уплатиш од свој џеб навивачко патување го УГЕ а не да чекаш од управа аутобус и одобрување од МВР... Тој филм тогаш ќе го гледаме, до тогаш сакале или не ќе мора да се адаптираме на ова, така да спушти се малку на земја.
Јас не се залажувам со ништо него верувам дека ќе биде врз база на веќе завршени проекти на човекот. Да го кажеше ова Брацо, Минчо, Трифун или некој трет ќе реагирав како тебе. Сепак салата во аеродром плус другите комлекси низ европа, подготовките летово за мене се добар показател дека станува збор за сериозен човек. Човекот очигледно си работи по западни стандарди не влегува/почнува инвестиција ако ја нема финансиски заокружено така да мислам дека сме во добри раце бар од тој аспект.
Сега за сега едино би сакал подобрување во фудбалскиот оддел ама тоа мислам ќе дојде наредната година со изборување место во европа. Фактот што оваа година не играме во европа мислам дека не одалечи од барем 2-3 подобри засилувања. Утакмицата во штип може да не кошта титулата оваа година.