Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Еве нешто од ултрсине на БАТЕ Борисов :D
Од последниот меч:

И некои од овој и претходниот месец:)

Не се лоши. Со Српско знаме на секој меч :icon_mrgr:
Да отидеме 3 автобуси Вардар ќе игра како дома :D
 
Еве нешто од ултрсине на БАТЕ Борисов :D
Од последниот меч:

И некои од овој и претходниот месец:)

Не се лоши. Со Српско знаме на секој меч :icon_mrgr:
Овие у зуб има да ги ставиме бе :D
 
Денеска од 18 часот, прва контролкa во Златибор против црногорски Рудар Пљевља. Инаку нашиве посакуваат да пополнат играчкиот кадар со позајмување на неколку играчи од Црвена Звезда?! Тотален промашај е досега скоро се што направија овој преоден рок. Како да им недостасува идеја. Па лани кога се припремавме само за нашево првенство, довлечкаа каде каде поасални имиња. Сега наместо да го надоградиме постоечкиот тим, ќе испадне дека ќе излеземе во Европа со послаб тим и од ланскиот...
 
Зошто толку скептички ги гледаш засилувањата на Нигериецот и Шпанецот?
Мислам дека се одлични засилувања тие две... проблемот е што друго ќе доведеме...
 
Денеска од 18 часот, прва контролкa во Златибор против црногорски Рудар Пљевља. Инаку нашиве посакуваат да пополнат играчкиот кадар со позајмување на неколку играчи од Црвена Звезда?! Тотален промашај е досега скоро се што направија овој преоден рок. Како да им недостасува идеја. Па лани кога се припремавме само за нашево првенство, довлечкаа каде каде поасални имиња. Сега наместо да го надоградиме постоечкиот тим, ќе испадне дека ќе излеземе во Европа со послаб тим и од ланскиот...

rezultat ?
 
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=9408
Македонскиот шампион со пораз денеска стартуваше на пријателските натпревари за време на подготовките на Златибор, откако загуби од црногорскиот прволигаш Рудар Пљевља со 1-0.

„Вардарци“ поразот го доживеа по одличниот гол на капитенот на Рудар, Влаховиќ со шут од околу 20 метри во второто полувреме. Според информациите од Златибор тоа било и единствената посериозна шанса на Црногорците на дуелот, кои ги финишираат подготовките пред своите настапи во квалификациите за Лигата на Европа следната недела.

Македонските фудбалери во првиот дел имале многу повеќе од играта, но останале две нереализирани одлични можности на Шпанецот Хорхе Хименез и Јован Костовски. По направените замени во второто полувреме опаднал ритамот на „црвено-црните“.

Вардар на дуелот против Рудар Пљевља настапил во следниот состав: Захов, Илиевски, Бојовиќ, Вајс, Цикарски, Оса, Стјепановиќ, Стојаковиќ, Георгиев, Костовски, Хименез. Во второто полувреме уште играле: Бошковски, Таневски, Темелков, Ацевски

Следниот контролен дуел на Вардар, според најавите, доколку во меѓувреме нема измени е против Зета на 30. Јуни.
 
Многу се напињаат луѓево незнам што им е финтата. Разочаран сум како неможе да си оформат свое мислење, или па од друга страна врска немаат од Македонски фудбал, па само траскаат во зависност од резултатите. Не ми смета што некои се песисмисти, а некои оптимисти, ама кога тоа е засновано бар на некој мал факт.
Очигледно врска немаат ни дека БАТЕ Борисов се и на хартија фаворити, дека играа ЛШ претходнава сезона, туку сите веќе не испратија и во групите во ЛШ :pos:
Па некои прашуваат дали ако сме ги поминеле Бате Борисов директно ќе сме влегле во групи? :pos::pos::pos:
Џабе дремете по кладилници да ви ебам младината :facepalm:
Виделе дека сме завршиле први со еден пораз и готово очекуваат дека и Роналдо ќе го донесеме...
Тие се играчите, ете гледате не одбиваат сите, ама не мора да се бара секаде некоја малверзација. И ЦЦС само подбуцнува со некои неосновани обвинувања и уште толку ги подгрева страстите кај и онака неинформираните "засегнати" фаци.
Од кај се појавија луѓево жити се :facepalm:
Ме прашуваат цело маало, кога сме играле, каков ни е составот, дали сум мислел дека ќе идеме понатаму :tapp:
Стварно ми иде на живци кога одеднаш сите се интересираат. Сакам полна трибина али не по секоја цена :вонзем: Само да не почнат некои најави на Бекстејџ да ни прават, па фудбалериве како примадони да се однесуваат а не како спортисти, пошто нема да стапнам на Европските мечеви на Градски. Кој не мисли да навива нека си седи на север/југ, уште од сега да ви кажам :нинџ:

И одма денеска изгубивме, и готово. Па како тоа сме дозволиле, па како вака како онака, засилувањата не ги бивало итн... Еден пишал не сме можеле гол да им дадеме на толку слаба екипа, џане сме го фалеле толку Ивановски. Nice one, Ивановски не е кај нас веќе mister smarty pants...
ЧЕКАЈТЕЕЕЕ БЕ МАЛЦЕЕЕЕ, уште не сме почнале со подготовките. Па прв меч ни беше ова, а Рудар веќе го играше третиот подготвителен. И најважното ЦЕЛТА НА ПРИЈАТЕЛСКИТЕ НЕ Е ПОВОЛЕН РЕЗУЛТАТ ТУКУ ВОИГРУВАЊЕ КОМБИНАЦИИ!!!
Ете според некои извори, Рудар имале само еден шут и тоа дале еврогол од далеку...
Што значи дека претпоставувам одбраната била на солидно ниво. И Хименез и Костовски утнале убави шанси. А во прво полувреме сме биле доминантни...
Неможе од ова да се оцени на што сме...
ЗНАЕМЕ ни фали напаѓач, немора одма да кукаат сите. И јас сакам што побрзо да најдеме, ама ете нема квалитетна замена во Македонијава. Георгиев беше поквалитетен и го земавме, Темелков беше квалитетен го земавме, Алеченву квалитетен лев бек го земавме. Хименез допрва ќе видиме што ќе покаже. За мене досега грешка е само испуштањето на Петров...
Одбраната и средината ни се скоро исти, ни треба уигрување на крилата и секако нови опции во нападот покрај Јове. И незнам зошто толку ви е слаба довербата во Костовски... Сосема солиден играч :)
Има уште 20-тина дена до првиот меч, а сигурен сум дека ќе најдеме некои напаѓачи. Ете се потпишуваат нови солидни засилувања. Ивановски беше неизбежно да си оди, незнам што очекуваа сите...

Друга работа... Во првенствово на некои мечеви имавме проблеми бидејќи моравме ние да бидеме тие кои што ќе атакуваат на трите бода. Ваму ситуацијата е малку различна. Може да тактизираме, немора да се отвориме. Илчо си го има тој концепт на игра не берете гајле...

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CBD8CCF3DBCD9149A3E6D8523D7319A4

На Златибор се приклучуваат двајца звездаши
Вардар ќе се обиде да се засили со двајца фудбалери од Црвена звезда, а завршните преговори ќе се водат на Златибор. Таму се подготвуваат двата тима, а ќе играат и меѓу себе на 6 јули. Вардар веќе побарал од белграѓани на заем двајца фудбалери. Едниот од нив е 22-годишниот напаѓач Натаниел Асамоа од Гана, а се преговара за уште еден шпиц.

- Има најава дека ќе ни излезат во пресрет и ќе ни дадат на заем двајца фудбалери, но најпрво треба да се финализира договорот со Црвена звезда. Тоа би бил добар сигнал пред дуелите со Бате Борисов. Се надеваме дека ќе имаме конкурентен тим за надигрување со Белорусите кои имаат искуство, тим со многу репрезентативци и се во натпреварувачка форма. Се надевам на поволен резултат во Борисов на 18 јули, а потоа зошто да не и на победа и пробив понатаму на реваншот во Скопје – ни изјави претседателот Зоран Шипковски. Вардар веројатно ќе ја прифати понудата на Белорусите и ќе престојува во Минск, кој е 50-ина километри оддалечен од Борисов.
И овие во статијава претеруваат...
А за овој дел особено се зачудив. Како тоа Асамоа е на подготовки со нас, а пред некој ден изјавија дека веќе го дале во Нови Пазар?
И тоа Шишковски изјавил :eek:
 
Тешка ждрепка за Вардар, немаше среќа...
Бате Борисов се далеку поквалитетна и подобра екипа со поќе буџет и подобри настапи во Европа...
Мислам дека 2 пати ќе си тепа Бате...
 
Многу добро напишано.. (Saber Rider) Многу ме нервира тоа кога некој ќе ти постави глупи прашања кој немат логика... зборам за ФК Вардар од типот: Кое засилување ќе го донесеме,до каде се преговорите со некој играч, дали ќе играме во Групната фаза на ЛШ дали ќе играме ЛЕ и многу други глупи прашања:facepalm: . Многу луѓе веќе не сместија во групната фаза од тоа што немат врска со фудбалот, не знат каква мизерна лига имаме и едвај крпиме крај со крај да купиме некој добар играч.. Не е проблем управата да најде играч таа ќе најде одма али играчот не сака да игра во лига во која пред натпреварот се соблакаш на полјанка.. немаш туш,немаш вруќа вода, играш на нива итн. Џек Пот со оваа екипа е да изгубиме достојно од Бате Борисов!(НО СЕКОГАШ Е МОЖНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ:icon_lol: )Размислувајте и гледајте ги малку реално шансите да го пројдеме Бате Борисов, сега сите загреани ќе играм групна фаза и кога играме таму ни бапнат 5 комада после е ова екипа не умее да игра, управата не ја бива за ништо и сл. И ЗА НОВИТЕ ЧЛЕНОВИ ПРОЧИТАЈТЕ УБАВО,ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ ЗА ФК ВАРДАР И ТОА ШТО КАКО Е, ПА ОДПОСЛЕ ПИШУВАЈТЕ ТУКА! СПОРТСКИ ПОЗДРАВ ДО СИТЕ!:)
--- надополнето: 28 јуни 2012 во 01:27 ---
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CBD8CCF3DBCD9149A3E6D8523D7319A4

И овие во статијава претеруваат...
А за овој дел особено се зачудив. Како тоа Асамоа е на подготовки со нас, а пред некој ден изјавија дека веќе го дале во Нови Пазар?
И тоа Шишковски изјавил :eek:

Ни они немат балге везе од тоа што се случува со ФК Вардар едни ќе пишат нешто и сите ќе го објават истото.. Таа изјава за Асамоа беше пред 2 недели, овие другите се од сега и они ставиле се на едно место.:tapp:
 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CBD8CCF3DBCD9149A3E6D8523D7319A4

И овие во статијава претеруваат...
А за овој дел особено се зачудив. Како тоа Асамоа е на подготовки со нас, а пред некој ден изјавија дека веќе го дале во Нови Пазар?
И тоа Шишковски изјавил :eek:
Читај убаво. Не пишува дека е на подготовки, туку дека е побаран од наша страна на заем. Инаку не е даден во Нови Пазар. Игра на пријателските за Звезда. Ништо чудно и да не ни го дадат.
Воедно најново е дека го пуштиле Тунески во Брегалница. Човекот си замина од Вардар, а скоро и да не заигра за нас.
 
Слепец сум и јас, од првиот ред заклучив дека веќе дошле, па се префрлив на коментарот на Шишко :D
Значи сепак не отшиол во Нови Пазар, пошто мислев дека и официјално излезе на нивната страна пред некој ден, а и на форумов ставаа линкови ѕвездашите...
Се надевам дека ќе ни излезат во пресрет и ќе го земеме за оваа сезона. Ќе биде презадоволен ако дојде кај нас. И ќе ни остане уште еден десен бек и уште еден напаѓач да најдеме. Можеби и Борче Маневски ќе дојде...

Искремно не го глдав Туневски во плановите на Илчо. Штета што имаше толкава повреда и заигра само еден меч (со Металург последниот) па не видовме многу од него... Нека му е со среќа во Брегалница. Нека пробаат нашиве да го земат Ристе Наумов сега, ама не ми се верува дека е во плановите на Илчо...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom