Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Да се разбереме, ама Филип Ивановски е далеку од играч од висок калибар. Вардар зимоска го нудел прво за 100.000, после и за 50.000 евра и повторно не стигнала добра понуда за него... Така да, со оглед на тоа што веќе малце по малце го јадат годините, време му е да заработи. Иако не ми се верува дека годишната плата му е 300.000 долари.​
 
Таневски: Со помош на „Комитите“ можеме да го елиминираме Бате Борисов
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=9375

Инаку денеска според официјалната страна на Амкар Перм од Русија би требало да сме играле приајтелска со нив.
Најдоле во тексто пишува http://fc-amkar.org/news/?id=27342
 
Кој ќе биде капитен наредна сезона?

Знаете што беше лошо од Фичо... што идеше со изјавата: „ сакам да играм во странство“ а всушност мислел „идам да спечалам“ ... барем за мене Казакстан не е страство
 
Па најверојатно еден од Мичка, Таневски, Вајс ама се мислам дека Вајс ќе биде
Нејќам Вајс да биде... он ни беше капитен мислам кога дојде Костовски...
 
Со оглед на тоа што најверојатно ќе играат Бојовиќ и Таневски централно, не би требало на Вајс да му се даде капитенската лента.
 
Пријателската со Амкар изгледа нема да се игра, наместо со Вардар ќе играат со Зета од Црна Гора.
http://www.dayperm.ru/node/39261#one_title
Никогаш не ни била планирана таа пријателска:
Според планираниот распоред за одигрување на пријателски – контролни натпревари во Златибор, планирано е на 27-ми јуни средба со Рудар Пљевља, на 30-ти јуни со Зета, додека на 6-ти јули со Црвана Ѕвезда од Белград. Останува да биде пополнет уште еден термин, а тоа е на 2-ри јули кога исто така ќе биде одигран уште еден натпревар, апротивникот ќе биде договорен во наредните денови.
 
Со срека со Бате :) Што и да се деси напунете го ЗАПАД! Гостовање најверојатно нема да има ипак е далеку.

Тешко да се помине ама знаеме дека у фудбал има највеке изненадувања во поглед на било кој спорт. Така да Бате баш ми асоцира за клуб кој кикснува. Маневски читам ке играл, тоа е огромен минус го глеав на градски бев Работнички - Јувентуд(така нешо), жив камен, да ли не му бил денот или нешто друго у прашање не знам.

Иначе, ако паднеш на ЛШ квалификации, се префрлуваш во ЛЕ или толку од тебе?
 
Ако паднеш во второ коло крај,ако паднеш во трето играш последно коло од квалификации за ЛЕ и си носител мислам,а ако паднеш во четврто директ идеш во ЛЕ.

Иначе пунење на Запад нема теорија.И во случај на поволен резултат од гостувањето повеќе од 2500 души нема шанси да собереме.
Сепак запад во моментов собира повеќе од 6000 души,што за нас е премногу :D
Јеботе ни БББ, ни Торцида. ни Гробари во второ коло не можат толку да соберат.
 
Така и си мислев ама ај да прашам викам. Ок со срека тогаш, па ако ништо друго во ЛЕ да се пробате :D
 
Излагаме од Европа. Мислам беше у трето коло ако испаднеш играш ЛЕ. Иначе ако по некоја случајност го поминеме Бате, најверојатно ќе сме носители у 3тото коло.
И морам да се надоврзам на некои коментари тука па и на фејсбук. Значи незнам што очекуваат некои, со толку скромен буџет, со таква мизерна лига и стадиони во државава да носиме екстра засилувања ? Парите се тие. условите се тие, за жал таа е реалноста, играчи од 3та шпанска лига да ни се екстра засилувања. Други времиња биле до 2002/3. Тогаш ги немало богатите казакстанци, кинези, јапонци итн. Многу поверојатно било некој поквалитетен странец па и Македонец да дојде да игра у Македонија него у Казахстан. Незнам што очекувате од управата и од Илчо али мислам дека максимум извадија и од парите и од играчите минатата сезона. И лани на почеток сите плукавме за кои играчи ни се засилувања па на крај не заќутеа со титулата. Се надевам и сега ќе биде така против Бате :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom