Швајцарски консорциум ја сака Рома.Фудбалскиот агент Виницио Фиоранели изјави дека швајцарски консорциум пројавува интерес кон купување на италијанскиот фудбалски клуб Рома.
https://www.bwin.com/hr/Default.aspx
Рома, која е сопственост на семејството Сенси и компанијата Италпотроли, пропушти шанса да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона и фановите побараа нови инвестиции.
Сепак, Фиоранели истакна дека ситуацијата е комплицирана.
"Имаме можност да направиме чекор понапред кон финансиски развој, но тоа не зависи од семејството Сенси, туку од нас"- кажа Фиоранели вчера вечерта.
"Сакаме полна финансиска независност, но во моментов евентуалната зделка не е јасна"- додаде тој.
Минатата недела од клубот објавија дека им недостасува финансиска стабилност за остварување на високите цели кои стојат пред клубот.
Рома се цел на интересите на повеќе заинтересирани купувачи веќе неколку години и порано овој месец, фармацевсткиот магнат Франческо Анџелини кажа дека сака да откупи 60 до 70% од акциите на клубот.
Милијардерот Џорџ Сорос се откажа од преговори минатата година.