Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
другата година ќе гледаме уефа куп и ќе се бориме за 4-то место тоа е реалноста сега за сега добро е палермо изгуби:helou:
 
Утре Аквилани ќе оди на операција во Амстердам. Се надевам дека се ќе биде во ред и му посакувам се најдобро. Штета за овој играч, не се изнаигра, цело време го мачат само некои повреди. Се надевам дека после оваа операција ќе се врати посилен и подобар од кога и да е. Сигурен сум дека оваа година да играше и да немаше проблеми со повредата ќе направеше голема разлика во играта и резултатите на Рома.
 
му посакувам успешна операција и брзо враќање на терените и другата година да надокнади за изгубеното и да постане силен играч рамо до рамо со Де Роси:helou:
 
Играчите за денес:
2 CHRISTIAN PANUCCI
5 PHILIPPE MEXES
7 DAVID PIZARRO
9 MIRKO VUCINIC
10 FRANCESCO TOTTI
11 RODRIGO TADDEI
12 PIETRO PIPOLO
13 MARCO MOTTA
15 SIMONE LORIA
16 DANIELE DE ROSSI
17 JOHN ARNE RIISE
20 SIMONE PERROTTA
21 SOULEYMANE DIAMOUTENE
22 MAX TONETTO
23 VINCENZO MONTELLA
24 JEREMY MENEZ
25 GUILHERME DE MORAIS GUSMAO ARTUR
27 JULIO SERGIO BERTAGNOLI
33 MATTEO BRIGHI
77 MARCO CASSETTI
 
редно време е да дојдеме до една победа мој тип со катанија 4-2 бидејќи тешко дека ќе поминеме без примен гол:helou:
 
По последнава утакмица не сум сигурен и дали ќе тепаме. :uvo:
 
Очекував поубедлива победа но кога ќе видиме дека ја обезбедивме дури на крај и вака е добро. Се надевам дека до крај ќе го задржиме ова место, за да можеме да играме во Европа.
 
Прво честитки за денешната победа , а сега има повод да ве поканиме на прослава.
Прием и честитањето се одржува во ФАН КЛУБ ИНТЕР.
И вие сте добредојдени да честитате како што е ред.
поздрав од ШАМПИОНИТЕ ИНТЕР
 
веќе не ми е важно како но битно победивме, по толку време победа да осетиш...:):helou:
 
Зарем???
Победаааааааааааааа:vozbud:
колку е убаво чувството :vozbud:
 
После толку време И феел гоод

Па кај Рома ништо ново, освен шпекулации и шпекулации... Најпрвен за Мексес и Милан, а денес и за Мексес и Интер прочитав, потоа за Спалети и Рома, па потоа за превземањето на клубот. Тешки денови се ова за Рома, не може ништо конкретно да се најде и да се прочита во врска со нејзината иднина само нешто се шпекулира и ништо не е конкретно.
А и Де Роси нема да настапи против Милан поради суспензија, ништо ново нели?

Еве ги новите дресови на Рома за наредната сезона
MAGLIE2010.jpg

Ако забележавте добро на црниот дрес е ставено старото лого на Рома. Да се надеваме дека овие дресови ќе ни донесат поголеми успеси.
 
јас сакам сето тоа околу продавањето на клубот што побрзо да се заврши, да се донесе конечна одлука или клубот ќе се продаде или не... бидејќи се додека не се реши овој проблем неможе да се размислува за трансфери и за тренерската позиција
повеќе би сакал Спалети да остане, не верувам дека ако дојде нов тренер ќе ја оправи ситуацијата некој како Раниери на пример, поголем лузер тренер од него немам видено, не само во Јуве туку и по другите клубови кои ги предводеше
додека новите дресови се убавви посебно овој со старото знакче, имам дома еден таков со стариот знак:helou:
 
Еве да се видат новите дресови и на момциве како ќе им стојат
16598.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom