Не треба да се залетуваме ама мислам дека имаме реални шанси за победа, во право време за нас доаѓа дербито.
Имаме доста време да се средиме и да ги анализираме дополнително, хемијата во клубот ни е на одлично ниво, кога можевме во Струмица да ги добиеме зошто да не ги размонтираме и дома.

Во Среда играат со Колштад, сигурно цел фокус им е ставен на тој натпревар и генерално на натпреварите од ЛШ, почнаа да сонуваат и да си прават бајки во главите дека можат да постигнат нешто, ако ги погледнеме составите светлосни години се далеку од нив, Берге тренер, Сагосен, Род, Јоханесен, Бергеруд...Они ќе се спротистават со битолскиот инат на Шундо и Јовиќ, ништо чудно да бидат попарени со 5-6 разлика, единствено ако на Колштад не им се игра поради финансиските проблеми, тоа е едниствена можност да изгубат.
Ако го изгубат тој натпреавар ќе им се јави незадоволство и ќе налетаат на доста критики од публиката, тука е нашата шанса да ги дочекаме на волеј и да добијат лекција во Скопје како таа во Струмица.
Сепак како што кажав да не се залетуваме, многу лесно може и обратно да испадне ситуацијата, ако победат со Колштад ќе добијат крила и дополнителна мотивација за да ни се одмаздат, многу за нив ќе зависи од натпреварот во среда.
Фаворитската улога им ја препуштаме нив, наше е да се спремиме добро, ние да изгрмиме на трибини 60 минути, а играчите да изгинат на терен и да дадат максимум, останатото ќе си дојде.