Фан клуб - РК Вардар

Лошото е што датумот се поклопи со мечот на ФК Вардар против Тиквеш...
Не се поклопува ФК Вардар игра од 15 00 а РК Вардар од 19 45.
 
Не треба да се залетуваме ама мислам дека имаме реални шанси за победа, во право време за нас доаѓа дербито.

Имаме доста време да се средиме и да ги анализираме дополнително, хемијата во клубот ни е на одлично ниво, кога можевме во Струмица да ги добиеме зошто да не ги размонтираме и дома.:)
Во Среда играат со Колштад, сигурно цел фокус им е ставен на тој натпревар и генерално на натпреварите од ЛШ, почнаа да сонуваат и да си прават бајки во главите дека можат да постигнат нешто, ако ги погледнеме составите светлосни години се далеку од нив, Берге тренер, Сагосен, Род, Јоханесен, Бергеруд...Они ќе се спротистават со битолскиот инат на Шундо и Јовиќ, ништо чудно да бидат попарени со 5-6 разлика, единствено ако на Колштад не им се игра поради финансиските проблеми, тоа е едниствена можност да изгубат.
Ако го изгубат тој натпреавар ќе им се јави незадоволство и ќе налетаат на доста критики од публиката, тука е нашата шанса да ги дочекаме на волеј и да добијат лекција во Скопје како таа во Струмица.:D

Сепак како што кажав да не се залетуваме, многу лесно може и обратно да испадне ситуацијата, ако победат со Колштад ќе добијат крила и дополнителна мотивација за да ни се одмаздат, многу за нив ќе зависи од натпреварот во среда.
Фаворитската улога им ја препуштаме нив, наше е да се спремиме добро, ние да изгрмиме на трибини 60 минути, а играчите да изгинат на терен и да дадат максимум, останатото ќе си дојде.
Јасухира ќе ѓи прати по бурек повторно :) :) :) :) .

И да победат против Колштад мислам дека ќе се изгубат кај нас, бидејќи знаеме како поминаа тогаш и беа скроз изгубени. Нека им е со среќа против Колштад и после да ѓи пречекаме во Скопје како што треба ;);););).

Се надевам дека Столе повторно ќе го води тимот и мислам дека можеме да ѓи тепаме 3-4 разлика.
 
Јасухира ќе ѓи прати по бурек повторно :) :) :) :) .

И да победат против Колштад мислам дека ќе се изгубат кај нас, бидејќи знаеме како поминаа тогаш и беа скроз изгубени. Нека им е со среќа против Колштад и после да ѓи пречекаме во Скопје како што треба ;);););).

Се надевам дека Столе повторно ќе го води тимот и мислам дека можеме да ѓи тепаме 3-4 разлика.
Па нема што да се надеваш, Бутинот 4 утакмици е казнет. Суперкупот му беше прва.
 
Карапалевски мислам дека ни против Вардар Неготино нема да има никаков придонес, неверојатно колку многу е паднат. Алонсо денеска пак го немаше против Бутел, мислам дека не го видов ни на клупа. :toe:
 
Тепавме со Бутел 3 разлика. Почнаа да нѐ стигаат во второ, но сепак победата не беше доведена во прашање. Иако бевме гости се играше во малата во Јане.
 
Ете која е јачината без јапонецот. Да не се летаме со амбициите, едвај ги добивме Бутел на наш терен.
Карапале дно пробива, изгледа првите партии кога беше солиден се должеа на дебитантската мотивација. Сега е очобол, никаков придонес нема.
 
Не да нема Јапан замена, него нема никој на таа позиција. Као да играме со играч помалце цел натпревар. Автоматски и другите на можат да пружат тоа што знаат. Сосема оравдани критики за Карапале.Добро и што тепавме, кога ќе дојде така еден негатива на две минути до крај се може да се случи и тоа не смеат да го дозволуваат.
 
Карапале мислам дека ни е најслаб играч во моментов. Ама убедливо најслаб. Неспоредлив со никој. Па оној средниот Стефан или како и да се викаше, што отиде во Бутел е Скубе, Кара и Циндриќ у исто време за него. Столе, Борко и Бутин живци кинеа на секој наш напад. Не им се веруваше како дечкото не може еднаш да ја пробие одбраната или да навлече двајца на себе.
Јапонецот беше на клупа, ама очигледно го чуваат за со Еурофарм. Бидејќи не делуваше ко да е повреден на загревањето.
Десната бековска позиција исто ни е труба. Томи е исто очаен, ама среќа го има Карапале за конкуренција во очајот, па изгледа ко да знае нешто да направи по некогаш. Алонсо не беше ни на клупа денес.
Кубанецот изигра скоро 20 минути на лево крило. И јас не забележав апсолутно ништо да успеа да направи. Значи - ни украдена топка, ни контра, ни некоја разлика во играта.
Тежок меч беше, традиционално за со Бутел. И со многу подобри состави сме се мачеле против нив. Голманот им полуде, Јефтиќ го направивме играчиште.
На крај, битни се бодовите.

Инаку, бидејќи седев во близина на Борко - наслушнав муабет што го правеше со еден негов пријател дека веќе има уште два нови договорени спонзори што ќе ги објават периодов. И дека има и уште еден со кој е во завршни преговори.
 
Последно уредено:
Ете која е јачината без јапонецот. Да не се летаме со амбициите, едвај ги добивме Бутел на наш терен.
Карапале дно пробива, изгледа првите партии кога беше солиден се должеа на дебитантската мотивација. Сега е очобол, никаков придонес нема.
А го величев пред сезона две зашто изгледаше дека има потенцијал у него, сепак во право биле тренерите изгледа зошто не добивал супер минутажа. Се надевам ќе се стегне и ќе извади макс.
Автоматски споено мислење:

Jas vekje pocnav samo PKB da zimam proizvodi za vas nz :)
Пилешкото филе им грми :love:
 
Борето
-Откако си на новата функција, ја смири топката во односот со твоите противници. Зошто се повлече?
-Ти добро знаеш дека јас никогаш не се повлекувам.
-Да

Прекрасно интервју :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom