Фан клуб - РК Вардар

Богами каков кикс му е трансферот во Бенфика, не ме чуди за година дена да го видиме пак кај нас. :D
Јас мислев Ѓорѓиќ кој им е најдобар играч години наназад си отиде летово од Бенфика, па нашиов иде како негова замена. Вчера гледам играле прво коло со Спортинг во првенство и Ѓорѓиќ нормално прв стрелец со 8 гола, Тале компир. :D
Зборуваше во некое интервју дека Гонзалес лично него го барал и затоа ја одбрал Бенфика. Но и покрај тоа мислам дека е му лош трансферот и дека тешко ќе може да се избори со Ѓорѓиќ кој е алфа и омега таму. Цело време лошо ги бира екипите во кои оди, со исклучок на Вардар.
 
Последно уредено:
Па реално и вие да сте тренери на кој ќе му дадете предност помеѓу Тале и Ѓорѓиќ? Утка голема, освен што ќе игра на небитни натпревари и по пар минути дир одмара овој.
 
Ќе прошета битно. :D
 
Сега кога ја изгледав снимката од натпреварот со Пелистер гледам колку добра партија изиграл Мишевски во одбрана, сосема коректен беше 60 минути и добро го затвори центрарот на одбраната, неколку пати Пелистерци мораа да шутираат под посивен напад од неизградени позиции, посебно се стегна последните 10 минути кога беше најпотребно, успеа дури и 2 гола да постигне од транзиција во многу важен момент за нас.
Како што сите добиваат критики кога ќе изиграат лошо така треба и да добијат пофалби ако ги поправат грешките и одираат добра партија, а Мише беше одличен за негов стандарт.(y)

Од друга страна тоа ни кажува и колку е квалитетот на Мело и Хансер, кога Мишевски успеал да ти фати место во одбрана и Карапалевски во напад јасно е колку е саат, изгледа тотални промашувања ќе бидат двајцата.
 
Се согласувам, мислам дека Мише може покрај Столе и те како да напредне, поготово во играта во одбрана, со Мечка ги убија шурите, ги затворија тотално…
 
Од друга страна тоа ни кажува и колку е квалитетот на Мело и Хансер, кога Мишевски успеал да ти фати место во одбрана и Карапалевски во напад јасно е колку е саат, изгледа тотални промашувања ќе бидат двајцата.

Нема изгледа, тотални промашувања се.Кога нема да се види ништо од тебе цел подготвителен период ондак нема што да праиме муабет. Мене ми е најкриво за десниот бек, мислев дека он ќе се погоди, односно ќе биде бар сосема солиден, ама до сеа нишо не видовме. Затоа ми е чудно тоа што вика Сајбер дека нашиве биле задоволни од него.
 
Играме дома против Бутел за два дена и против Пелистер во недела, а нема никаква информација за сезонската карта што ја најавија на првиот прес сезонава. Да пуштеа инфо по победата во Суперкупот сигурно ќе го искористеа моментот и ќе имаше поголема заинтересираност. Којзнае, може и се откажаа од идејата за сезонска карта. :(
 
Пекабеско нов спонзор на РК Вардар.
Колку за инфо -
Во јубилејната 40 година од своето постоење компанијата влезе со реализирани рекордни приходи во висина од 78 милиони евра, како и рекорден профит од приближно 2 милиони евра.
 
Toa e супер за нив, ама тажно за нас е што вложуваат минимално во клубот. Затоа викам, убаво би било навивачот да е известен со колкав буџет располага клубот, или колку секој спонзор вложува.
 
Moze i da frlaat poveke moze ne davaat samo za semki.Tesko deka vo javnosta ke se kaze kolku pari frlaat vakvi firmi.Ajde za kraj uste Makpetrol neka pojaca gas i dovolno e. :)
 
Toa e супер за нив, ама тажно за нас е што вложуваат минимално во клубот. Затоа викам, убаво би било навивачот да е известен со колкав буџет располага клубот, или колку секој спонзор вложува.
Абе види ако они оствариле 2М профит, не значи дека 2М имаат за давање, нити па 500 000. Прво си се внимава на фирмата планови за реинвестиции на долг рок па и за нив самите, затоа што тоа се заработени средства од нив, и дури тогаш ресто што остане иде на вакви ствари, и ова влага во маркетинг буџетирање. Пример Ауди у Ѓер даваат солиден кеш, ама види го VAG како конзорциум колку прави.

Нека не се бара преку леб погача, посебно не од фирми кои произведуваат нешто и допринесуваат за околината. Пекабеско како таква уствари и е една од најдоговорни компании у МК. Први кои треба да одврзат ќесето се банките и Телеком/А1, зашто они прават кеш од воздух.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom