До некаде тоа што го очекувавме тоа и се случи, прво полувреме и јас се изненадив и дури добив некоја надеж дека може нешто да направиме, во второ ставија Германциве во втора брзина и за нас почна потопот, сепак тоа е вистинскиот приказ за разликата во квалитет помеѓу двете екипи.
Косуке и Николиќ се нашата надеж за цела сезона, во нив ќе се крстиме.
Двајцата во постава изгледаат сосема солидно и добро се разбираат, штета што немаме некој добар шутер на десен бек, тоа би било перфектна бековска линија за наши услови.
Вака со Јагуриновски се кочи играта и нема кој да распали од 9 метри, на Томи сите знаеме дека толку му е капацитетот, може е борбен и има желба ама квалитетот е тој.
Шпанецот се плашам дека ќе испадне послаб и од Томи.
На лево крило со Срдановиќ сме добро покриени, се гледа дека е добар играч и ќе може да ја истера цела сезона сам на таа позиција.
Лазаревски изигра добра партија ама никако не може да биде пикер за 60 минути, да го донесевме Врањеш многу по друго ќе беше, вака ќе цркне Мечка сам цела сезона.
Томовски си е добар, Петриќ може како ротациски играч да се користи во моменти кога ќе ни треба шут од далечина или да го одмори Николиќ.
Карапалевски и Мишевски во тие 2-3 напади што добија шанса кажаа доволно за себе, нема потреба повеќе да се трошат зборови за нив, имаат среќа што е таква ситуацијата во Вардар па затоа се уште дел од клубот, очигледно на нив не може да се потпреме ни со Пролет кога ќе играме, а не со екипа од рангот на Рајн Некар.
Ни останува сега уште една екскурзија до Германија и после ќе се посветиме на домашно првенство.
Добро ќе ни дојдат овие 2 натпревари барем да видиме како стоиме со квалитет на играчи и до некаде да знаеме што да очекуваме од сезоната.
Капацитетот е тој, финасиите се толку, добро е барем што не се случи некое по црно сценарио и уште постоиме, ни останува да ги бодриме и во вакви услови.