Фан клуб - РК Вардар

Денес увертира за дупла победа у Битола за еден месец ))))) Бидете тука!
 
Не ми се верува дека е вистина ова за Тимур. Од друга страна пак пишува медиум кој е доста читан на Балканот. Можно е да се пензионира, веќе и годините го газат, а не верувам да оди во друг клуб.
Макар и што не е во одлична форма, би можел да остане со уште еден подобар играч на крилната позиција.
 
Има однос овој Жика со сите ракометари, чим он пишал нешто вакво, сигурно има некој сериозен муабет дека не останува.
 
Тимур годинава полни 39 години, така да не ме изненадува ако размислува за пензија. Супер варијанта е да остане уште сезона-две ко поддршка на некое младо крило, но која е поентата еден од најскапите играчи да го чуваш со таков статус, претежно на клупа. Или втора опција што ми се врти во глава е да се врати во Чеховски Медведи. Нели околу Нова година играше некоја ревијална утакмица за нив. Плус што таму ќе игра послаби утакмици и ќе може да издржи со такво темпо уште некоја година.
Факт е дека е далеку од формата по која го памтиме, ама наш е. Вардарец до коска. Клупска легенда. Може да се каже дека е на исто ниво со Столе. И некако се надевав дека кога ќе ја заврши кариерата ќе добие функција во клубот.
Со оглед на тоа дека информацијата доаѓа од Жика, верувам дека истата е точна. Иако во објавата има и едно "можда".
 
ic ne mi se veruva deka ke ide... nitu nekoj u eu saka rusi u momentot nitu pak e da se vratis u rusija momentalno...
 
Да не го мислите Боре, беше пред малку во Калабалак.

На здравје чорбата, а ние нема да се нервираме да го гледаме на гол.

Додуша од 18ч е, може и ќе иде
Во состав е...:ROFLMAO:
 
Уште сте сигурни дека ќе ги добиеме во Битола на 30ти? :D
Никаква мотивација немаат за игра, со пола тим не водат...
 
Тешко иде (не научија од прошлиот пат :confused:), и не се користат грешките. Не треба да се коцкаат, затоа што овие со сите сили ќе пробаат да му олеснат на првиот тим што е можно повеќе.
 
Тимур... :confused:
Автоматски споено мислење:

1/5 или 1/6
 
Колку беа попалени децава, добро е што се заврши мечот без некаква посериозна повреда и на нашата и на нивнатата страна. А, судискава двојка, РФМ слободно нека ја врати да судат мечеви во прва лига.
 
Кркачев дебилниот судеше.
Добро се заврши на крај. Ако го дадеа пеналот, можеше да биде тнка работа.
Пак несериозен влез во натпреварите, расположен противнички голман и простор за да отиде возот надоле...

Ќе биде тешко до крај на сезона. Денес и они се мачеа со Охрид. Ако имаат прогрес во Европа, да им се погоди некое гостување кај Бутел или Охрид, може да кикснат...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom