Тимур годинава полни 39 години, така да не ме изненадува ако размислува за пензија. Супер варијанта е да остане уште сезона-две ко поддршка на некое младо крило, но која е поентата еден од најскапите играчи да го чуваш со таков статус, претежно на клупа. Или втора опција што ми се врти во глава е да се врати во Чеховски Медведи. Нели околу Нова година играше некоја ревијална утакмица за нив. Плус што таму ќе игра послаби утакмици и ќе може да издржи со такво темпо уште некоја година.
Факт е дека е далеку од формата по која го памтиме, ама наш е. Вардарец до коска. Клупска легенда. Може да се каже дека е на исто ниво со Столе. И некако се надевав дека кога ќе ја заврши кариерата ќе добие функција во клубот.
Со оглед на тоа дека информацијата доаѓа од Жика, верувам дека истата е точна. Иако во објавата има и едно "можда".