Фан клуб - РК Вардар

Еве гледај од друг аспект и замисли ова Лазаров да го прај ... Јас глава клавам дека никогаш нема на тоа ниво да падни.
Нормално, затоа и Столе самиот никогаш не се ставал на ниво на Лазаров. Со години се труби дека ликот игра ракомет само затоа што е тежок Вардарец, не дека му е поента да остави белег на спортот, само Вардар и Македонија го интересираат. Кире е човек што остава вистински legacy, нема споредба тука.
 
Нормално, затоа и Столе самиот никогаш не се ставал на ниво на Лазаров. Со години се труби дека ликот игра ракомет само затоа што е тежок Вардарец, не дека му е поента да остави белег на спортот, само Вардар и Македонија го интересираат. Кире е човек што остава вистински legacy, нема споредба тука.
Нема везе уште ова и толку .
Еве овај фан бил на татко му на еден тука шо пиши , па ме избрка :)
Без разлика за кој навиваш и што навива остај Битола Скопје и слично , утакмицата ја гледат од цел држава.
Јас лично мислам дека како ракометар кој го знаат сите деца ова не му доликува , а ако IQ му е само за Вардар и Македонија тогаш нема помош за него.
Ај поздрав
 
а ако IQ му е само за Вардар и Македонија тогаш нема помош за него.
Не знам како да објаснам поинаку дека без разлика колку и да се согласува некој или не, имаш карактери фокусирани само на една цел и оперирани од мислења на Ојле Дојле. Јас да имав две европски злата во CV државава ќе ја запоседнев ама ете, тоа е, камо да немаше помош и за мене. Поздрав и до тебе.
 
Шо мисли за било кој е негов проблем.
Јас само искоментира делот , кај шо не доликува да се бламира, сепак е име во ракометот .
Ама голем е си знај.
Еве гледај од друг аспект и замисли ова Лазаров да го прај ... Јас глава клавам дека никогаш нема на тоа ниво да падни.
Ме преварила @Ilumious кажала што требало да каже. А тоа дека е име и дека станал тоа што станал, не значи дека треба да се смени, тоа го докажа и кога му ја лупна вратата од салата на оној шипaтарот кој остана со отворна уста, не му беше гајле какви последици ќе има, така и ова денес, сепак дерби е дерби и тоа не го менува ништо на светот.

ПС:Да не знаеш шо му пееле?
 
Колку и да е миленик, не треба ова да се оправдува. Секогаш имате оправдување за секој испад на Столе, а другите со дрва и камења по нив.


На Столе не му бил битен ракометот, играл ради Вардар и не се замарал што ќе каже некој друг.

На Талески не му е битен ракометот, игра колку да земе пари, океј?

Не ги споредувам играчите, тоа е лудост, ама не може било кој друг играч да го направи ова истово како Столе да биде мајмун или кретен, а Столе херој да биде пошо не се замарал шо ќе кажат другите...

Ова да го направеше било кој друг, со дрва и камења ќе мававте по него.

И не, не е алиби ако освоиш трофеи па ајде ти се може да се глупираш, спортист е спортист и со 0, и со 20 трофеи.

Секоја чест за неговата љубов кон тимот, и за цел придонес што го има за целиот успех на Вардар, да не рече некој го плукам него, напротив го почитувам многу, ама ова не е во ред.

***Ако во наредниов период некој друг наш ракометар направи циганска работа, нека важи и за него дека ИГРАЧ (било кој), исто не се замара за никој околу него***

Дали е Борко, Тале, Гоце, Манасков, или некој друг, сеедно.


Бидете малце објективни, не глејте од аспект на фанови на Вардар.
 
Ај не замарајте, еден е играчот со број 5 можат само да му го издудлаат

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 
Вау турнирот во Струга голем репер на тоа подот кај што нозе можеш да искршиш. Интересни утакмици, ама сепак мислам дека за титулава годинава ќе се борат Вардар и Металург. Овие од Еурофарм немаат голман добар. Џабе тоа на крај ќе решава доста.
 
Вау турнирот во Струга голем репер на тоа подот кај што нозе можеш да искршиш. Интересни утакмици, ама сепак мислам дека за титулава годинава ќе се борат Вардар и Металург. Овие од Еурофарм немаат голман добар. Џабе тоа на крај ќе решава доста.
Имаат бе, Алилович :pos:
 
Пријателски турнир пред почеток не е ни треба да биде никакво мерило за сезоната, но очигледно е дека има ќе има многу главоболки со екипата. Дел очекувани, дел изненадувачки. Искрено најзагрижувачки за Вардар е тоа што иако играчите на Пелистер делуваа помотивирано, далеку од тоа дека Алушевски не одеше со сите сили на триумф. Минутажите на Вујин и Столе, кратењето на ротацијата го потврдуваат тоа.

Прво, очигледно беше дека фали ротација на бековските позиции. Главно тоа можеби е заради повредите на Дисингер и Јотиќ, но мислам и Алушевски има вина тука. На десен бек ги има на лагер и Векиќ и Јагуриновски, а го остави Вујин 60 минути. Јас и кога го потпишаа пишав дека сум скептик за него, според мене му заврши него продуктивниот дел од кариерата и засега тоа се потврдува. На онаква криминална игра мораше да менува, особено што е пријателски турнир ова. На лев можеше да го пушти и Мишевски на некоја минута кога веќе го нема Дисингер и онака и тој игра два правци.

Гаџа најголемо разочарување на натпреварот. Тој треба да е разигрувачот меѓу средните бекови, а Јотиќ шутерот. Кога имаш бекови како Вујин и Талески треба да одработиш за нив, со помош од пикерот, а не да очекуваш тие сами да си креираат шанса. Со високи шутери се знае како се работи, не може да очекуваш од нив еден на еден да играат и да одат на влезови на 6 метри.

Генерално освен Јотиќ (и Борко првите 15 минути) сите одиграа меѓу бледо и слабо. Јотиќ има уште за делкање малку е див и недодефиниран како играч ама тој капацитет за да донесе квалитет во Вардар. Само ќе мора и некој друг да го поддржи.

Друг проблем за кој малку се дискутираше а беше предвидлив е отсеченоста на десното крило. Ако лево Дибиров (кој патем беше нетипично лош вчера) ќе добива топки и можности со Дисингер и Талески, десно Чупиќ и Георгиевски заглавија со Вујин. Ова не е ново, Вујин цела кариера е таков играч, "црна дупка", кога ќе добие топка или оди на шут или враќа на среден. Цела деценија уназад неговите екипи имале проблем што не го вклучува во акциите десното крило, а и слабо проигрува со пикер.

Нејасно е и зошто не доби шанса Валчак. Имаше потреба од ротација со Столе, добар дефанзивец е имаше простор за таков играч (иако што е право, единствената акција во одбрана што ја изигра ако добро се сеќавам, Танкоски го прелета како воз).

Не е до толку да нема ротација Вардар, има по најмалку 2 коректни играчи на сите позиции, а играа пријателска со ротација од 10мина. Тоа така не оди... И онака претпоставував дека тешко ќе преживее Алушевски заради огромната разлика меѓу реалноста на буџетот и составот и очекувањата на навивачите, но со вакви непотребни глупости само побрзо ќе си ја потпише оставката.

Како и да е, ова е само почеток, битно е како ќе биде екипата во Ноември од аспект на ЛШ и април и мај од аспект на домашно првенство.

П.С.Не ми е јасно зошто упорно за минимум четвртфинале во ЛШ зборуваат. Со оваа екипа и осминафинале ќе е успех.
 
Брзо заборавивте кои циркуси се дешаваа на утакмиците со Металург. Клипот го ставив за да се посмееме затоа што знаеме каква петарда е Столе. :D

Иначе Столе е све она што предходните тимови на Вардар го имале, почнувајќи со Вујо, па шампионските генерации, а нешто што овој тим го нема. Куроболие, немање страв од ниеден противнички тим, пресметување со играчи и публика само за да се види кој е боље. Затоа и имаме 2 титули во ЛШ. Со евнух како Талески, и играчи што после утакмица си се поздравуваат со противниците како да искочиле од кафана ништо не правиме...

Од тоа што го видов на утакмицата, Калараш се нервираше цело време дека Талески го оставаше сам тој пикерот што не напуни, Дибиров со погледот не му се веруваше на кое ниво паднаа, Чупиќ сакаше нешто да направи, објаснуваше на другите како се движат што да праат ама тоа е, а Столе мислам дека му идеше на клоци да ги издига сите.
 
Ќе јаде шамарници Орката уште првите натпревари или од Столе или од Калараш.
Ќе ја вратам после утакмицава да видите една реакција на Столе кога дибеков сред полуконтра, наместо да му спушти на пикер, ја запре акцијата. Столе беше како WTF bro, а овој до пипците прави демек смири напад (губевме 4 на 10тина минути до крај).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom