Пријателски турнир пред почеток не е ни треба да биде никакво мерило за сезоната, но очигледно е дека има ќе има многу главоболки со екипата. Дел очекувани, дел изненадувачки. Искрено најзагрижувачки за Вардар е тоа што иако играчите на Пелистер делуваа помотивирано, далеку од тоа дека Алушевски не одеше со сите сили на триумф. Минутажите на Вујин и Столе, кратењето на ротацијата го потврдуваат тоа.
Прво, очигледно беше дека фали ротација на бековските позиции. Главно тоа можеби е заради повредите на Дисингер и Јотиќ, но мислам и Алушевски има вина тука. На десен бек ги има на лагер и Векиќ и Јагуриновски, а го остави Вујин 60 минути. Јас и кога го потпишаа пишав дека сум скептик за него, според мене му заврши него продуктивниот дел од кариерата и засега тоа се потврдува. На онаква криминална игра мораше да менува, особено што е пријателски турнир ова. На лев можеше да го пушти и Мишевски на некоја минута кога веќе го нема Дисингер и онака и тој игра два правци.
Гаџа најголемо разочарување на натпреварот. Тој треба да е разигрувачот меѓу средните бекови, а Јотиќ шутерот. Кога имаш бекови како Вујин и Талески треба да одработиш за нив, со помош од пикерот, а не да очекуваш тие сами да си креираат шанса. Со високи шутери се знае како се работи, не може да очекуваш од нив еден на еден да играат и да одат на влезови на 6 метри.
Генерално освен Јотиќ (и Борко првите 15 минути) сите одиграа меѓу бледо и слабо. Јотиќ има уште за делкање малку е див и недодефиниран како играч ама тој капацитет за да донесе квалитет во Вардар. Само ќе мора и некој друг да го поддржи.
Друг проблем за кој малку се дискутираше а беше предвидлив е отсеченоста на десното крило. Ако лево Дибиров (кој патем беше нетипично лош вчера) ќе добива топки и можности со Дисингер и Талески, десно Чупиќ и Георгиевски заглавија со Вујин. Ова не е ново, Вујин цела кариера е таков играч, "црна дупка", кога ќе добие топка или оди на шут или враќа на среден. Цела деценија уназад неговите екипи имале проблем што не го вклучува во акциите десното крило, а и слабо проигрува со пикер.
Нејасно е и зошто не доби шанса Валчак. Имаше потреба од ротација со Столе, добар дефанзивец е имаше простор за таков играч (иако што е право, единствената акција во одбрана што ја изигра ако добро се сеќавам, Танкоски го прелета како воз).
Не е до толку да нема ротација Вардар, има по најмалку 2 коректни играчи на сите позиции, а играа пријателска со ротација од 10мина. Тоа така не оди... И онака претпоставував дека тешко ќе преживее Алушевски заради огромната разлика меѓу реалноста на буџетот и составот и очекувањата на навивачите, но со вакви непотребни глупости само побрзо ќе си ја потпише оставката.
Како и да е, ова е само почеток, битно е како ќе биде екипата во Ноември од аспект на ЛШ и април и мај од аспект на домашно првенство.
П.С.Не ми е јасно зошто упорно за минимум четвртфинале во ЛШ зборуваат. Со оваа екипа и осминафинале ќе е успех.