Фан клуб - РК Вардар

Ова на видеото беше првиот натпревар на Вардар во ракомет на кој присуствував (Вардар - Магдебург Сеха лига декември 2012). Уште од мал имав голема желба да одам на натпревари, ама не можев од мајка ми да барам да ме носи, а немав со кој да одам, сам ниту мајка ми ме пушташе ниту јас имав нешто храброст да појдам, до Кале не знаев салата од каде се стига. Тоа лето со Бате квалификациите беа фудбал, собрав друштво и тоа ми беше првиот натпревар на Вардар воопшто. После тоа другариве никој не сакаше да оди по натпревари, па така и јас бев во небрано фатен, не знаев како да отидам на трибина сам, а немав со кој, на фудбал ќе најдев некој, тогаш и со Пелистер се враќаше стариот сјај на натпреварите, па имаше добар интерес, но за ракомет живо пиле не наоѓав. Во дневник сите двојки им беа, ама кога ќе ги викнев за натпревар, сите нешто учеа. Овој натпревар на кој и почна тогаш навивачко обединување, сите навивачки групи освен Чкембари мислам подржаа (не е ни битно тоа сега). За прв пат сам, поминувам тоа мостот, изгледа имав пропуштено кортео па така кога одев по мостот кај жабарот малку фуфка ме фаќаше, гледаш луѓе помали групи а не знаеш како ќе те прифатат, ниту дали се Комити воопшто, ама јас решен бев да одам па ако треба и сам. Првиот момент ми беше чудна трема, моментот кога застанав првпат во ред со навивачи што личеа како сите да се заедно и да се знаат од претходно, моментот кога сум застанал првпат на зига зага меѓу тотални странци. Почна и мојата приказна и љубов кон ракометниот клуб Вардар, после одев некое време сам, па почнав со подгрупа да одам, тогаш и најубави спомени имам од тој рк Вардар. Пуштање 300 карти, ние 1000 души дојдени, па фрламе карти од прозорите на Борис салите на тие доле што останале и немале, ретардирани закони од типот да мора со лични карти да се влага (На кокошките и на зајците лични карти да им барате... ова беше дека на стадионот во Ѓорче имаше кокошки) :D Многу ми е драго за сите убави моменти, сите спомени кои ќе ги памтам засекогаш, Кале И Борис кога се молев само да не се сруши салата, играчи како Брумен, Прибак, голманчето Малумбрес кој скокаше два метра и секој човек кој играл од срце за Вардар. И да е крај на се ова, спомените остануваат во срцето засекогаш, остануваме заедно и ќе дочекаме заедно вака да се радуваме како денес. Да урламе сега на пречек дур не ни рикне гласот, да знаат момците колку ни значат, и колку МАКЕДОНИЈА живее за спорт и цени луѓе кои инвестираат во него.

 
Последно уредено:
Треба некој обид да се смени терминот на пристигнување во Скопје. Чартер нешто. Доцна е тоа полноќ, пофилм е кога се поминуваат мостови, луѓе мафтаат, луѓе на улица, коли свират. Вака ќе биде празно од аеродром до центар.
E ova ke bide zaebano ko so gleam letot e id 19.30 taka da toa e toa.Bi bilo dobro precekot da bide vtornik nerabiten den.Zasluzuvaat poln plostatd ko moze nekoj ajvani da sobiraat po 50,60 sve ispod bi bilo sramota


Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 
Останав до 4 саат само да ја снимам утакмицава. Снимено све од почеток до крај, СВЕ.
Незнам што да кажам не можам да заспијам од адреналин ме пука возбуда уште.
Луѓе не сме свесни што напраивме
ВАРДАРЕЕЕЕЕЕЕ ЕЕЕЕ!!!!!!!

Утре ја аплоадирам на youtube и ставам линк

Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
 
No one:

Angry reacts на постов: Scsa Zsdscsa
upload_2019-6-3_4-5-10.png[DOUBLEPOST=1559528167][/DOUBLEPOST]Се надевам дека вардарци ќе одбијат да се сретнат со членовиве на владава за истите што пишвуаат "hahaha gleas brad u SAD kako go dupat ovoj tramp? haha dupi si go shupakot hahaa" да пишуваат "Ајде луѓе зошто да мешаме политика во спорт не ми е јасно, ептен заостанат менталитет, затоа никогаш нема да не бидне, ајде да не бидеме заостанати, мислам 21-ви век е побогу.."
 
Последно уредено:
Decki, ne znam sto da kazam, nemam zborovi, drhtam od emocii, trneam, se tresam, panicam, doslo mi zlo.

Samo edna zelba imam, Stole da ne im podade raka na Zaev i na kompanija, majkata da im ja iznaebe igracot so broj 5, neka idat Skendija neka ja bodrat, VARDAR IMA KOJ DA GO BODRI.

POZDRAV I DO VUKO BOROZAN, SE SLUSAME UTRE SINE MOJ SO LINK OD STREAM U TVOJOT INSTAGRAM INBOX OD DOCEKOT U SKOPJE, U USTA CRNOGORSKA TE GAGJAM JA TEBE.
Уште подобро би било кога ќе бидат сите собрани на плоштад Столе да земе микрофонот и да скандира Никогаш северна, само Македонија и после него цел плоштад. Ќе се покакаат копилињата од влада.
Во друг пост си го спомнал Момировски. И тој и таа плавушата не смеат да помирисаат микрофон, само ја расипаа прославата минатиот пат.
@Ilumious пренеси му ги овие идеи на Столе :D
 
Каде може да се најде цела утакмица да се спушти со коментаторите од Арена.
Ова мора да се зачува и да се прераскажува.
Ве молам за помош

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Секоја чест!

Навистина неверојатна, како што вика Столе, Холивудкса приказна. Приказна за тимот на, јас би рекол, "отпишаните и избрканите". Екипа со сериозни финансиски проблеми, екипа составена од играчи кои на еден или друг начин беа избркани од други славни европски клубови (Скубе, Калараш, Мораеш, Дисингер), постојано потценувани (Криштопанс), па ако сакате и до лани "анонимуси" (Милосављев, Гедбан, Кисељев). Сите тие предводени од тренер дебитант (Парондо), непознаница во светските тренерски води.

Токму тоa чувство на потценетост и неправда ги обедини сезонава и ... останатото е историја!

За натпреварите нема што многу да се коментира. На Ф4 како и скоро секогаш победува екипата која игра најпаментно, наједноставно и со најмалку притисок. Оваа на некој начин е и полесно освоена титула од претходната (и покрај лудиот пресврт со Барселона).

Криштопанс објективно ја заслужи МВП наградата, но таа има повеќе холивудски шмек во рацете на Карачиќ.

Сега фокусот треба да се сврти кон опстанување на клубот - нешто во што воошто не се сомневам, најавите за распад се бесмислени (некое ниво од 2000тите секако може да се задржи), но објектино невозможно е, барем не на краток рок да се задржи нивото од минатите 4-5 сезони. Според мене за почеток правилна насока би била да се огледаат на Загреб и Целје кои истиот овој пат го одеа во 90тите, односно 2000тите. Стабилизација на клубот со таленти од Македонија и регионот, по некој појак играч и постепено да се гради екипа за идни можни успеси (ако се испеглаат долговите и во догледна иднина се соберат средства со кои пак ќе може да се биде конкурентен за титула).

П.С. За жал има и една многу негативна страна во се ова. Искрено ми се повраќа од начинот на кој партиските структури сакаат го исполитизираат настанот. Наместо една ваква бајка да служи за обединување на нашето раскарано општество, поединци и групи по социјални мрежи, форуми, па ако сакате и по улици го користат за дополнително закрвување. Вардар не е на политичка партија, колку и да сака некој да го прикаже како таков, туку низ изминатите декади се изградил во клуб на Скопје, па во поново време постепено и во национален македонски бренд за постигнување на повисоки резултати. Колку повеќе некој го турка кон партиски сплеткарења толку повеќе ќе му наштети на клубот. За жал, заради нашата длабока исполитизираност и начинот на кој ги голтаме одвратните партиски приказни од двете страни, ми личи дека ќе биде пропуштена и оваа шанса да се отстранат ваквите влијанија во Вардар.
 
Каде може да се најде цела утакмица да се спушти со коментаторите од Арена.
Ова мора да се зачува и да се прераскажува.
Ве молам за помош

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
mkgunner рече ја снимил вчера и дека ќе ја аплоудира на ЈуТјуб. Очекувај денес линк на темава. :D

АЈДЕ ГАНЕРРРР :D
 
mkgunner рече ја снимил вчера и дека ќе ја аплоудира на ЈуТјуб. Очекувај денес линк на темава. :D

АЈДЕ ГАНЕРРРР :D
Ајде чекамеее, само да не му праат проблеми нешто за авторски права, одма ќе му ја скинат од јутјуб

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Дали вечерва ќе биде пречекот на полноќ или утре, да знам како да се организирам?
 
П.С. За жал има и една многу негативна страна во се ова. Искрено ми се повраќа од начинот на кој партиските структури сакаат го исполитизираат настанот. Наместо една ваква бајка да служи за обединување на нашето раскарано општество, поединци и групи по социјални мрежи, форуми, па ако сакате и по улици го користат за дополнително закрвување. Вардар не е на политичка партија, колку и да сака некој да го прикаже како таков, туку низ изминатите декади се изградил во клуб на Скопје, па во поново време постепено и во национален македонски бренд за постигнување на повисоки резултати. Колку повеќе некој го турка кон партиски сплеткарења толку повеќе ќе му наштети на клубот. За жал, заради нашата длабока исполитизираност и начинот на кој ги голтаме одвратните партиски приказни од двете страни, ми личи дека ќе биде пропуштена и оваа шанса да се отстранат ваквите влијанија во Вардар.

сакаш да кажеш една ваква бајка да ни послужи да се обединиме со северѓанскиве копилиња, кој и ден денес иако викаат "Ајде Вардаре" под дресот на Вардар носат дрес на Партизан и Звезда а можеби и на Шкендија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom