Сега најде да се лизнеш бе Штербик бе

[DOUBLEPOST=1462036126][/DOUBLEPOST]Едно не можам да сфатам, знаеш дека Илиќ те полни секој меч. На првиот дуел во Скопје,
го ставаш некој од втора екипа да му ја скрши ногата и нека стави крај на кариера, абе матер четничка да му ебам негова
Има подобар начин, се вика: КУПЕТЕ ГО КОНЕЧНО МОМИР ИЛИЌ!
Ако има најкраток пат како тимов да отиде во Ф4, тоа е да ја купат животињава, најбољи рукометаш света.
Голем проблем кој никој не го споменува - Иле Абутовиќ. Веќе втора сезона игра променливо, на некои утакмици и преслабо. Не може секогаш да издржи цел меч на ниво, Козлина и Растворцев какви и да беа, имаше од нив голема помош и одмор за Абутовиќ во одбрана.
Една од клучните работи кои мораат да ги направат е да земат втор дефанзивец, кој некад ќе игра заедно со Абутовиќ, некад ќе го одмара. Сите „големи“ екипи имаат по два касапи во тимот, затоа и одбраните им се толку поцврсти и понепропусни. Веспрем ги има Шуш и Терзиќ кои ротираат во текот на мечот, пола игра едниот пола другиот, затоа имаат толку силна дефанзива.
Тоа во Вардар можеби сезонава се мислеше дека ќе биде Марсениќ ама шутракот игра ко педерче.
Сезонава офанзивно Вардар го шитнаа повредите, бледоста на Циндриќ, зицерските промашувања на крилата и огромниот пад во форма на Карачиќ и Душебаев по повредите. Ужасна втора полусезона изиграа овие двајца, сезонава тотално стагнираа место да напреднат. Двајцата имаат потенцијал да бидат прави лидери на тимот но никако да го фатат возот за тоа.
Не му фалат толку многу работи на тимов ко што викате. Сеа ќе почнат одма муабети со бркање на пола тим, тренери, мажоретки... Глупости, на екипата и фалат квантитанивно мали но квалитативно големи корекции.
А тоа се прави со доведување на барем еден КЛАСА играч, кој игра во својот прајмтајм или е „неуништив“ ветеран од типот на Моша и компанија. Не истрошени играчи ко Канељас и Лацковиќ. Или па рандом достапни играчи колку да се пополни тимот.
Исто пребитна работа, во тимот кој е пријавен на мечот, потребно е да сите играчи освен резервните крила можат да одиграат во секој момент квалитетно, а не да се оди со Филипче или со три голмани. Подобро втор добар дефанзивец ко што споменав него четврт лев бек или трет голман. Не викам ова да се продаде Филип, него ко до сеа ќе си игра против шкљ екипи, но во вакви пребитни мечеви ако не е спремен воопшто да не е ни на клупа.
Треба да се засили резонски екипата, пред се со еден добар дефанзивец, пикер и КЛАСА лев или среден бек. Да се изгради тим од 19 играчи од кои 16 ќе бидат секогаш спремни за на високо ниво. Но очигледно ќе се задоволат со Канељас и Борозан, па ќе биде рулет, ако ги биде добро ако не пак истото.