Екипа кајгана најгласна против Манасков, во моменти кога групата ни е во распад систем

Свирење на секој допир со топка, највеќе при постигнатите погодоци. Со оглед на тоа што составот на публиката се менува како на филмска лента, не е ни чудо што 90% од салата за жал му аплаудираше.
Се да му ебам

На моменти ме фаќаше жал, ама после си викам кој го ебе, нека се извини прво јавно пред Комити после ќе му ја мислиме на помирување

Вардарец го уништи, сто клетви му фрли

Столе пола утакмица во нас гледаше, не знам и на него што му е филмот, божем не знае која е причината поради која го свириме

Најсмешно беше еден дечко се дере абе извади го бе, извади го (наменето за Шишкарев откако се изнапромаши) и Вардарец се надворзува, абе извади го бе Манасков се да му ебам
Играта рутинска. Карачиќ почнува релативно слабо како лани, се надевам ќе експлодира кога е најпотребно како и секогаш. На лев бек Деревен имаше само 2-3 гола и тие беа со удари во пад, кога мајсторски ја одбиваше топката од подот. Горбок испрати неколку бомби, а Филипче дрво невидено, само он и Душебаев не се запишаа на листата на стрелци. Штербик ги откажа. Сто одбрани направи за едно полувреме. Како си ги редеше, буквално ги реши противниците. Им брани во низа два-три зицера, судијава суди пенал и пеналот си го фаќа без проблем

Затоа Чаневски како го замени



Какво дрво дрвосано, за 18 минути имаше 2 одбрани и 16 примени голови. Од секаде му даваа гол, да стоеше само на гол ,повеќе топки ќе се удреа во него и ќе ги одбранеше несакајќи

На крај сврза 3-4 одбрани во серија и го докусури противникот

На десно Шишкарев даде некои доста добри голови ама и се изнаутка. Македа даде два гола од крило, и два од бек. Како тенк е у пм, се плашам дека со таа подвижност тешко ќе ни биде од корист во напад иако знае да изненади. На крај се направи акција за него, шутна маестрално, ја откорна мрежата за конечни 37-27
Дибиров добар во напад, ама утна два пенали. Манасков не го коментирам
Форсиравме одбрана 5-1, со Дибиров или Манасков како постурени. Некогаш игравме со два пикера во одбрана. Марсениќ е ебана животиња

Мора да го биде. Даде 4 гола ако не се лажам и во одбрана изигра доста цврсто. Одбраната треба да ни биде цакум-пакум годинава...