Фан клуб - РК Вардар

Годинава очекувам стабилна публика на СЕХА мечевите и најслаба average attendance на мечевите на ЛШ во споредба со претходните две сезони од кога сме "редовни" учесници.

Прво, цената е реално превисока да ја искешираш одеднаш за 7 меча за кои не можеш да бидеш сигурен дека ќе отидеш на сите.
Да се потсетиме, пред две сезони карта за М блоковите во Борис (каде што си буквално на терен на 2 метра од играчите) за утакмици со ПСЖ и Барселона, беа 250 денари, а карти за централни трибини беа 150-200 денари.
Ова е веќе 100% поскапување за карта купена како сезонска што би требало да значи "привилегирани" :toe:
Да не правам муабет што картиве ги добиваш за на "балкон" каде што не се гледа цел терен и за блок на краевите од теренот.

Незнам кој им ја прави анализата за продажба на карти и најповолни опции, али мислам дека не живееме со човекот во истата држава или истиот не е воопшто стручен за вакви работи. Се води кон тоа дека Тежок промашај ќе им испадне оваа стратегија и анализа на пазарот, налик лани со ЖРК. Дефинитивно во ова не гледам потег за создавање на редовна публика туку напротив повеќе води кон тоа за создавање на публика што ќе доаѓа ради тежината на противникот и затоа што било "јака" утакмица.

Моја прогноза е полна сала само на две утакмици (Барселона и Киелце), полупразна сала на сите други утакмици и во голема мера празна сала на утакмици со аутсајдерите. Ако лани со Целје имавме полна сала годинава очекувам нешто повеќе од пола.

Едноставно е, полоши седишта а двојно поголема цена не носат сезонска публика туку публика што ќе дојде за Барса, Кил, Веспрем а за другите ќе биде празно.

Годинава очекувам да продадат 500 максимум 600 блок карти за седење. Само за споредба, Вардар пред две сезони продаде преку илјада блок карти а Металург околу 3 илјади. Тие луѓе ќе дојдат на секоја утакмица а сега најголемиот број ќе дојдат само за "јаките" утакмици.
 
Последно уредено:
Ќе навиват оваа година Комити у СЕХА лига ?
Не е работата дали ќе се навива во СЕХА лига, работата е дали ќе постои уште групата...
Може да се удри едно 10 години бојкот, па да се почне се одново :icon_mrgr:
 
Не е работата дали ќе се навива во СЕХА лига, работата е дали ќе постои уште групата...
Може да се удри едно 10 години бојкот, па да се почне се одново :icon_mrgr:
Па после толку бојкоти против управи, мвр и ффм време е сами на себе еден бојкот, и тоа здрав!
 
Не е проблем цената толку, сепак се носат квалитетни играчи, се игра на високо ниво, и вреди да се плати, за тие што одат само ЛШ дури и ефтино е ова, треба за такви да им лупнеш 4000 ден сезонска.
Работата е за редовните, значи прво цената е ок, меѓутоа треба да сватат дека цели семејства или по 2-3ца од семесјтво одат на утакмици и сеа треба да се искешираат доста пари. Затоа сеа има многу работи кој се поволнсоти, приемр направи да може на рати да се купуваат преку кредитните картички, толку е просто тоа што и дете би му текнало само на овие у клубов не им текнува.
Плус мене што ме нервира се форсира ЛШ, а СЕХА се запоставува, според мене треба прво да се пушта сезонска за Сеха и Мак лига во едно, нека чини 1000ка да речеме, е сеа кој ќе има таква да има предност да си купи за групната фаза карта за сите домашни утакмици нека чини таа 1500-2000 ден и ете ти ги истите пари само вака ќе ги нагадиш виситнските навивачи на Вардар, плус ќе се олесни со ратите да не се фрлаат куп пари одеднаш.
Вака на овој начин, самиот клуб не работи да придобие што повеќе редовни навиачи кој би иделе и на Сеха и во Мак првеснтво и во ЛШ, туку им е гајле тие ќе дојдат на ЛШ а на Сеха нема да им текне да стапнат.
 
Малце разочарувачки е што ко чоек не моеш да си земеш за централен блок и да си глеаш раат али тоа е што е.

Сезонава е обезбедена останува дома да испердашиме сфе шо ќе ни дое и здравје ф4.
 
Не е проблем цената толку, сепак се носат квалитетни играчи, се игра на високо ниво, и вреди да се плати, за тие што одат само ЛШ дури и ефтино е ова, треба за такви да им лупнеш 4000 ден сезонска.
Работата е за редовните, значи прво цената е ок, меѓутоа треба да сватат дека цели семејства или по 2-3ца од семесјтво одат на утакмици и сеа треба да се искешираат доста пари. Затоа сеа има многу работи кој се поволнсоти, приемр направи да може на рати да се купуваат преку кредитните картички, толку е просто тоа што и дете би му текнало само на овие у клубов не им текнува.
Плус мене што ме нервира се форсира ЛШ, а СЕХА се запоставува, според мене треба прво да се пушта сезонска за Сеха и Мак лига во едно, нека чини 1000ка да речеме, е сеа кој ќе има таква да има предност да си купи за групната фаза карта за сите домашни утакмици нека чини таа 1500-2000 ден и ете ти ги истите пари само вака ќе ги нагадиш виситнските навивачи на Вардар, плус ќе се олесни со ратите да не се фрлаат куп пари одеднаш.
Вака на овој начин, самиот клуб не работи да придобие што повеќе редовни навиачи кој би иделе и на Сеха и во Мак првеснтво и во ЛШ, туку им е гајле тие ќе дојдат на ЛШ а на Сеха нема да им текне да стапнат.
Со се` се слагам!
Или како странските клубови - попуст за студенти, средношколци. Ете и на рати како што кажа ти. Ама на кого да му текнат вакви работи, на Марче и на Биле? :icon_lol:

не знам дали го видовте promo видеото на Киелце, клуб што апсолутно сериозно си ја има сфатено работата. За Веспрем имате надолго пишувано веќе каков однос имаат исто со фановите. Фали уште од дома да ги земаат :D Не може Вардар да направат конкурс, пратете промо видеа со идеи ова она и ако ни се допаѓа нешто стварно ќе ве повикаме со наши ресурси да ја реализирате идејата? Гратис сезонска, не мора повеќе. Има државава талентирани деца кои со повеќе мерак би сработиле нешто такво отколку некој што ќе фати тендер4е. Мене дури ми е чудно што и сајтовите на РК и ЖРК се толку модерно направени, на ФК немам влезено 6 месеци, последно кога барав за другаров од средно дали има изиграно нешто, ете и тој ако е направен во тој стил, позитивна работа е завршена.
 
Сеа замисли јас како студент колку треба да штедам за да земам за блок сезонска..Затоа за студенти треба попуст, малце да разработат маркетинг стратегија ама како што рече марче и биле....Затоа за стоење пак треба штедња ...:toe::toe:
 
Ги сменив јас денес, од 14ти на 15ти сум сега. Не сум баш најзадоволен, но тоа е.
 
Абе ослабен бил 15 кила. А има и изјави негови дека за Вардар би потпишал 10годишен договор и го сака многу клубот. Ама сега ова што е незнам.
Инаку и со Комити што е работата?? Нема вејке да се навива на Сеха лига?
 
Лабава утакмица, без многу замарање ги добивме. :D
Скоро сите беа солидни, освен Фичо кои имаше 2 шута и двата ги промаши и Новиот Штербик кој бркаше муви цело второ:pos:. Алекс исто мислам дека можеше многу повеќе да даде од себе. Деревен е страшен, кога скока противниците гледаат кој број патики носи. :icon_mrgr: Во одбрана ги иаме Абутовиќ, Македа и Марсениќ кои залепија по неколку банани. Кај нив поминување нема. Штербик одлично си ја изврши задачата и најмногу овации доби кога фати две топки по ред и после тоа пеналот го одбрани. Дибиров одличен во напад, ама изгледа уште не сфатил дека пенали не знае да шутира. Не знам зошто Раул не ја предаде одговорноста на некој друг.
Да му одговорам на опинокот погоре. Копилето си заслужи да го исвиркуваме но имаше и такви што свршуваа на него. За жал овие вторите беа повеќе.
Во сала имаше публика солидно за СЕХА услови иако треба и на вакви утакмици да се полни салата. Комити имаше околу 15-20 изгледа и доаѓа крајот на групата, но се надевам дека не е така.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom