Фан клуб - РК Вардар

Некој да им понудеше на Висла 6+ пред да дојдат во Скопје, со две раце ќе потпишеа. Некој да ни понудеше -2 лани со Фленсбург во секунда ќе прифатевме.
Нокаут фаза е заебана работа. Мора да се изиграат две одлични утакмици бидејќи шансата противникот да те казни е огромна. Се игра од првата до 120 минута без разлика дали е гости или не. Дуелот ќе се решава во Полска, ќе видиме дали е тоа позитивно или негативно.

Мое лично мислење е дека шансите се 51%-49%, со тоа што тој 1% им го давам на Киелце само поради тоа што реваншот го играат пред своја публика, што по мене е предност, иако не мора да значи.

И двата тима имаат предности и мани. Киелце има поспори бекови, но повисока и поцврста одбрана. Ние мора да играме со послаби играчи во одбрана додека они се мачат со слабата форма на Шмал и ротација со Шего. Талант vs Раул, Чупиќ vs Дибиров, дали Лијевски ќе биде спремен, дали Горбок пак ќе распали итн.

Нијанси ќе решаваат, кој ќе биде подобро спремен, кој ќе игра подобро, моментална инспирација...

Гледајќи ја нивната форма сезонава, можно е да имаат слаб ден, а ако имаат слаб ден во Скопје мораме тоа максимално да го искористиме и да ги полниме полјаците до врв. Од друга страна утакмицата кај Висла на гости треба да е опомена и итно да ја средиме нашата игра на гостински терен, оти ако отидеме кај Киелце да играме исто како со Висла тогаш ќе не отворат како паштета.

Дополнителна надеж ми влева тоа што формата и тимот ни расте од утакмица до утакмица. Тим во подем сме и сите тоа го знаат. Освен слабата утакмица со Висла во гости имавме феноменални партии против РНЛ, Веспрем и толчењето во Висла дома. И сега го добиваме противникот кој со игра ни лежи.

И покрај толку несреќи пак некако сречковци испаѓаме. Се вративме од -6 со Висла за во четврт финале да добиеме противник кој реално можеме да го победиме :D
Ако ги повториме последните игри што ги набројав претходно и изиграме одлична партија и на гости, има голема шанса на 23-24 април да гледаме по интернет ефтини летови и хостели во Келн :D
 
Последно уредено:
Алоооооооооооооо, ставаат на официјалнана на ФБ слика со карти наскоро и 15 коментари надоле карти дека да земеме, колко пари се итн. Па да ви е.ам неписмените да...
Леле станавме исти ко селаните во однос на наплив на неписмени фанови од цела татковина александрова!
 
Нека оздравува Марковиќ побрзо зошто само со Дибиров во ротација Чупиќ ќе не наполни.И ова е причината зошто Манасков е комплетно непотребен.
 
Леее немојте пак Манасков да го спомнувате, остајте ја таа тема за летоска да има што да збориме :D
Да не биде летоска касно, па да виакте тогаш ај бе веќе го потпишале тоа е ќе го истрпиме типично макеоднче ти е такво. Требаше уште со Висла да се извади нешто против него, а не да се чека да дебитира. Па да се плука по него.
 
Да не биде летоска касно, па да виакте тогаш ај бе веќе го потпишале тоа е ќе го истрпиме типично макеоднче ти е такво. Требаше уште со Висла да се извади нешто против него, а не да се чека да дебитира. Па да се плука по него.
Па оно и сега веќе е касно. Нели потпиша веќе.
Башка дебилно е ептен на така важен меч со Висла да се замараме со факинг Манасков...
 
Го изгледав двомечот Киелце - Монпеље атер за Вардар да видам како му е формата и какви се шансите и ќе кажам дека според мене се половични.
Монпеље изгуби од Киелце само заради глупостите што ги истресе во првиот меч со техничките грешки и заради фактот што Доленец им изигра криминално лошо и на првата и на втората утакмица.

Од тоа што можев да забележам Киелце има проблем со подвижни бекови кои знаат да изиграат на финта со влез заради статичната одбрана што е предност за Вардар од причина ги има Карачиќ и Алекс како главни адути во двомечот.
Симонет ги истури на двете утакмици Киелце, како и Кавтичник за минутите кои ги изигра.
Посебно очајни беа кога требаше да го затворат Теџ или како да се спелува тој Тунижанецот, поседно втората утакмица кога имаше 8 од 8 ако не се лажам кога пробаа да изиграат малку понапред во зоната или пак некоја варијанта 5-1.
Ќе имаат доста проблеми и со Тоскиќ бидејќи е сличен калибар на пикер како него.
Ме чудеше зошто само Гајиќ и Гигу воопшто не влегуваа на шест како втори пикери на онаква статична одбрана.
Ако не се лажам воопшто немаше ниту една таква акција за нив,
Посебно дуваше во одбраната на Киелце на позиција кога требаше да бранат лев бек каде и направија три цепелини Монпеље како да играат со второлигашки екипи.
Мое мислење е дека треба да си пробаат варијанти со Прибрак на позиција лев бек со брзи втрчувања и влезови.
Од друга страна пак е одбрана каде што шутери како Горбок или пак Лазаров кои чекаат на позиција изградена не верувам дека ќе се прослават.
Мачковшек имаше некој гол и тоа беше се што го направи Монпеље од некоја изградена позиција.
Исто не верувам дека ќе се наиграат крилата кај нас ако им е иста поставеноста на играта.
Ако не се лажам Гигу не знам дали имаше вкупно три погодоци во цел двомеч, слично како и Гајиќ кој најчесто реализираше од пенали или пак од девет.
Слично и за контри, се враќаат толку брзо назад што скоро е невозможно да им дадеш гол од контра.
Позитивна работа за Вардар е што голманите им се во катастрофална форма на Киелце моментално.

Во напад се феноменални навистина и без Лиевски во ростер.
Многу им е битен како играч Зорман како и Агинагалде во тој сегмент на игра.
Имаат мал проблем кога Зорман се одмара или пак нема идеја и Ткачик е организатор на игра (лично мене човекот ме фасцинираше додека беше во Магдебург но како бек шутер), но тогаш Чупиќ се извлекува на девет и оди на влез или пак некоја комбинација со Агинагалде прави.
Секако имаат и опција со Бунтиќ, Биелицки или пак Јурецки да изиграат за шут од 10 или пак 12 метри.
Плус контрата со Чупиќ им е убиствена.
Страшен напад навистина, треба тука голманите да скинат доста топки...Меснард беше феноменален за Монпеље и на двете утакмици.

Исто така се многу психички подготвени и искусни што е важно за вакви утакмици...Монпеље им стаса на неколку пати и до плус четири во второто но како воопшто да немаше нервоза или пак некоја промена на играта и брзо враќаа назад.

Во секој случај си викам дека ќе биди интересен двомеч каде што нема да се знае до крај победникот.
Вардар има подобра одбрана и голмани за разлика од Киелце кои имаат феноменален напад и послаба одбрана.
Ако успеат да ги сведат до 50 максимум дадени гола во цел двомеч ми се чини дека ќе завршат Вардар работа.
 
Последно уредено:
Да не биде летоска касно, па да виакте тогаш ај бе веќе го потпишале тоа е ќе го истрпиме типично макеоднче ти е такво. Требаше уште со Висла да се извади нешто против него, а не да се чека да дебитира. Па да се плука по него.

За некој да те слуша треба да имаш моќ, пари, бројност,влијание... Што имаме ние или било која група во државата? Да бевме 3-4 000 и сите да си имавме КУПЕНА годишна карта и да бевме организирани како треба па да баравме од име на сите нас да не го носат сигурно ќе се замислеа вака само џабе лаеме и ко што кажава драчевчанецот дебилно е да се замараме со него пред важен меч, најдобро е да го игнорираме копиљот, дури ни да му свириме ни ништо, едноставно ко што им пеевме, за нас не постои...
 
11006402_878747632188698_3905441624399870233_n.jpg


60-40 :icon_mrgr:
 
Го добивте најлесниот противник,баталете муабети од типот кој сака нека е,во вакви дво меч нокаут мечеви секогаш е најдобро да се игра против најслабите...:)
Далеку поискусна екипа од Висла,со многу вакви мечеви зад нив+Талант на клупата....
Ама и вие го имате Раул кој долго време беше десна рака на Талант,па сигурно ќе има некој џокер во ракавот...
Не ја гледав првата утакмица на Киелце со Монпеље,и навистина ме изненадија Французите во реваншот...
Како само изиграа,страшно..
Ретко кој го надиграл Киелце на тој начин во Полска,и чиста среќа за Пољаците беше шо мораше Монпеље да оди повеќе на ризик на крај па затоа имаа и грешки,иначе ќе ги испаднеа сигурно...
Се извадија на искуство,иначе немаа никаква идеја во напад,грото од головите во второ полувреме ги дадоа од контри,полуконтри...
Им фали многу Кристоф Лијевски,цела страна им ја држеше,вака сега само со Бунтиќ се гледа дека имаат вакум на квалитет таму...
Гледано по позиции по мене тука се тимовите,со мала колективна предност за Киелце само заради искуството во вакви мечеви,зошто години наназад Киелце игра во нокаут фазата и имаат многу искусни волци....
Тимскиот дух,атмосферата во тимот,желбата за Ф4 дефинитивно е на страната на Вардар,и мислам дека ако се изборите за една салам победа во Скопје,од барем 4,5 разлика ќе заршите голема работа..
Иако овие мечеви се секогаш непредивидливи,ниедна разлика не е недостижна...
Околу составот на Пољаците,горе долу ист состав веќе неколку сезони...
Голманите според мене им се најслаба страна,иако Шмал е старо куче,сепак мислам дека далеку е од нивото на Штербик..
Шмал ако ги фати првите неколку топки има добар меч,ако не никаде го нема....
Шего е солиден голман,но не е класа,нешто слично како Шпанскиот голман на Висла,брани на еуфорија...
Крилата им се најсилен дел од тимот,контрата и полуконтрата...
Страшно разработена машина се Чупиќ и Штрлек...плус Рајхман и Јахлевски како замени...
Одличен пакет крила имаат...
Речиси ист систем како Хрватска под водство на Червар,многу ги користат крилата....
Бековите(шутерите)се како руски моторни возила,високи,тешки и не многу(интелегентни):icon_mrgr:.:pos:
Михај Јурецки и Карол Биелецки-бомбардери,ама ако пред нив има салам дефанзивци,подвижни и шо ќе излегуваат понапред и ќе го сецкаат протокот на топка до нив лесно ќе се справат со нив..
Па да ги натераат да шутираат од неизградени позиции,тогаш салам работа ќе завршите...
Посебно Биелецки е голем потрошувач на топки,и често се заборава,па често има 2/10..:icon_mrgr:
Ама овај е таков тип на играч шо не знае да застани,ќе шутира додека има шанса,па макар и промашил 10 со ред...
Не е како Ракотеа од Висла,ќе оди нон-стоп на шут,а е доста висок 204 има,иако со едно око има страшен шут,најчесто на втора статива дијагонала...
Овде ако играте со Брумен на 2ка ќе имате големи проблеми,ќе мора некој посериозен дефанзивец..
Јурецки е повеќе дуел играч,влегува и во 6 метри,оди и на среден па во пад вади некој невозможен удат,многу незгоден играч,ако влези во серија...ама имате играчи и за него...
Овие се најопасните во напад..
Тука е некогаш и Чрапковски,сурток од над 2 метра,ама е далеку од првите два леви бека
Бунтиќ кој е сличен тип како Биелицки со разлика шо нема некој скок шут,но е многу силен,како бик,сличен играч како Македа,и ако му се остави простор нема да размислува многу да шутира...
Зорман е мозокот на тимот,асистира,прави простор за другите...
Нешто слично како Шема во Веспрем....
Ткачиг е важен играч,доста висок за среден и неретко се решава сам да завршува..
Има добар удар,но не е среден бек,техничар како Зорман па неретко прави пробивања,чекори,грешки во додавања...
Тешко се снаоѓа со покретлива одбрана,која добро затвора простор...
И секако пикерот,Агинагалде,за дечкото не треба да се трошат зборови...
Во одбрана имаат двајца касапи Муса и Грабарчик,тешка артилерија од тепачи,нешто слично како Шуч(к)од Веспрем...
Маваат,тегнат,цел третман....
Менуваат двајца во одбрана па немаат брза транзиција како некои други тимови,па ќе имате време и вие да си ги извршите замените...
Интересна утакмица во секој случај е вашата,нијанси ќе решаваат....
Заедно со Веспрем-Псж најинтересни и најнеизвесни мечеви треба да бидат...
 
Od ponedelnik startuva prioritetnata prodazba,i moram da spomnam cenive se super prifatlivi
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom