Некој да им понудеше на Висла 6+ пред да дојдат во Скопје, со две раце ќе потпишеа. Некој да ни понудеше -2 лани со Фленсбург во секунда ќе прифатевме.
Нокаут фаза е заебана работа. Мора да се изиграат две одлични утакмици бидејќи шансата противникот да те казни е огромна. Се игра од првата до 120 минута без разлика дали е гости или не. Дуелот ќе се решава во Полска, ќе видиме дали е тоа позитивно или негативно.
Мое лично мислење е дека шансите се 51%-49%, со тоа што тој 1% им го давам на Киелце само поради тоа што реваншот го играат пред своја публика, што по мене е предност, иако не мора да значи.
И двата тима имаат предности и мани. Киелце има поспори бекови, но повисока и поцврста одбрана. Ние мора да играме со послаби играчи во одбрана додека они се мачат со слабата форма на Шмал и ротација со Шего. Талант vs Раул, Чупиќ vs Дибиров, дали Лијевски ќе биде спремен, дали Горбок пак ќе распали итн.
Нијанси ќе решаваат, кој ќе биде подобро спремен, кој ќе игра подобро, моментална инспирација...
Гледајќи ја нивната форма сезонава, можно е да имаат слаб ден, а ако имаат слаб ден во Скопје мораме тоа максимално да го искористиме и да ги полниме полјаците до врв. Од друга страна утакмицата кај Висла на гости треба да е опомена и итно да ја средиме нашата игра на гостински терен, оти ако отидеме кај Киелце да играме исто како со Висла тогаш ќе не отворат како паштета.
Дополнителна надеж ми влева тоа што формата и тимот ни расте од утакмица до утакмица. Тим во подем сме и сите тоа го знаат. Освен слабата утакмица со Висла во гости имавме феноменални партии против РНЛ, Веспрем и толчењето во Висла дома. И сега го добиваме противникот кој со игра ни лежи.
И покрај толку несреќи пак некако сречковци испаѓаме. Се вративме од -6 со Висла за во четврт финале да добиеме противник кој реално можеме да го победиме
Ако ги повториме последните игри што ги набројав претходно и изиграме одлична партија и на гости, има голема шанса на 23-24 април да гледаме по интернет ефтини летови и хостели во Келн

Последно уредено: