После два дена еуфорија и јас да пишам за дуелот со Висла , со еден збор Раул го збуни неговиот колега Каденес со тактиката Горбок во прво , а во второ со тактика Душебаев ..
Јасно е дека сите играчи се заслужни за победата , али во прво полувреме кога беше најтешко да се отвори резултатот одлуката била на Горбок кој има страшен шут , со оглед дека крилата и пикерите беа одлично чувани од Висла , во второтот полувреме Раул расупука со Душебаев а Горбок ако не се лажам не постигна ни еден погодок , по мене се тоа беше одлична тактика на Раул.
Секако да не го заборавам и Штербик , за мене голманот е 70 посто од екипа , он буквално ги откажа Полјаците со неговите 12 одбрани ..
За крај за атмосферата , одличен притисок од цела сала при нападите на Висла , едноставно при таков притисок нема теорија да дадеш многу голови , Висла во второ полувреме буквално изгоре во Скопскиот пекол.
На трибина кај нас бидејки беше само едниот дел достапен , немаше игла кај да падне , имаше 500 - 600 души сигурно ..
По мене атмосфера за паметење , јасно е дека нема нигде ваква публика на ракометните терени , го кажа тоа и коментаторот од EHF кој беше на трибините во Јане Сандански , секоја чест за сите што гласот го оставивме , мене 2 дена уште ме држи со оглед дека и вчера навивав на фудбал !!