Фан клуб - РК Вардар

Вистина е за повредата, само не се знае уште колку е сериозна, а се работи излеа за повреда на задната ложа.
Ако е повреда на задната ложа неверувам дека ке може да настапи за 2 дена. Било каква повреда на ложа бара пауза, а два дена се малку. Да се надеваме дека не е ништо опасно па ке може да настапи.
 
addnete ja marija lojanica na Instagram, kako skoka Dibirov :eek:
 
Европски Вардар подразбира и добар маркетинг, повеќе спонзори, играчи кои што јавноста сака да ги гледа, за да полни сали.
Тебе како навивач на Милан треба да ти биде барем малку од малку јасно ова.
Европски тим не подразбира само тим со најдобри играчи на сите позиции. Европски тим подразбира и да можеш да собереш повеќе спонзори, да продадеш повеќе влезници, да продадеш повеќе дресови и останати реквизити.

Далеку е ова со Манасков од добар маркетинг.Мене многу повеќе ми личи на она што се случува во ФК Вардар...Со Х човек од управа се врзуваш,ти даваат месечно да речеме 5.000 еура и ти на тој што те форсирал за да те земат му пуштат 1.000че месечно. :)

Добар маркетингшки потег не гледам како може да биде доведување на играч што го мразат 90% од редовните гледачи.Не може потпис на Балотели во Интер да биде добар потег затоа што управата однапред знае дека нема да биде прифатен од навивачите.

Полни сали ? Секако салата е полна на утакмиците од ЛШ, но никогаш нема да биде полна на утакмици од СЕХА лига.Веспрем гостуваше пред неколку дена па пак имаше празни столици во Јане.Не може да поминат тука муабетите со полни сали.Не сме ние народ што има менталитет каков што имаат германците или англичаните каде што стадионите се полни во секое време и на секој меч...без разлика на противникот.

Што се однесува до продажбата на влезници : И Господ да се симне на земја едни исти луѓе ќе идат во сала.Лш ја тргаме на страна затоа што тука секогаш е полна салата затоа што сите сакаат да бидат видени.Кога ќе имаш слободно време отиди на 2 или 3 утакмици од Сеха лига или домашно првенство и отиди на исто толку утакмици на ФК Вардар.Она што ќе го забележиш е дека едни исти луѓе доаѓаат на овие утакмици на кои што ‘‘нема кој да те види‘‘.Тие што сакаат да го следат тимот во сала или на стадион доаѓале и пред Самсоненко да влезе во Вардар и гледале играчи што се 10 класи подоле од моменталниве.Истите тие доаѓаат и денес кога во тимот имаме големи ракометни ѕвезди и фудбалски репрезентативци.Хансен,Карабатиќ и Роналди и Меси да дојдат во Вардар пак нема да се промени посетеноста.

Што се однесува за дресовите : Колку дресови може да се продадат од Манасков ? Античкиве и 100 дресови да купат од копукот на сметката на Самс ќе се смени само последната бројка.Он да зависеше од продажбата на дресови немаше ни денар да вложи во ракометот кој што важи за спорт од кој што секако си во минус на крајот од сезоната па ако сакаш и 100 титули освои.
 
Вардар сезонава има супер бројка и во СЕХА лига, не може да се полни Јане секоја утакмица, ама имаме некој просек од 2-3 000 сигурно, порано во СЕХА имаше 100 Комити и 300-400 обична публика...А не знам што сте се фатиле толку за Манасков демек е маркетинг, според мене нема врска ова...Го носат затоа што е млад и надежен, мислат дека нема да му биде проблем да се прилагоди и дека ќе се снајде во тимот во иднина, плус доаѓа без оштета...Ако еден Манасков ќе донесе повеќе публика, што да кажеме за Дибиров, Душебаев, Арпад итн. нема сала во Скопје што ќе собере толку публика :D
 
Значи збориме за општа публика која не прати толку ракомет и незнае баш кој се и што се дибиров и Арпад како имиња во светскиот ракомет....Но знаат за манасков пошто гледале репрезентација...за таква публика и фан база збориме...
 
Многу сте себични, божем само вие 300 души имате право да идете на утакмица и да го глеате Вардар. Што е битно кој иде у сала ако салата е полна до максимум на секоја утакмица?
За атмосфера и навивање нели вие сте задолжени? Како така одеднаш атмосферата ќе се претворела како во театар?
100 пати се повторени муабетите за Борко, Козлина и Диви па еве на секоја утакмица се скандира Диви Диви. Изгледа у тоа време немало фб и форум па не сте се замарале многу многу вака јавно за трансфериве.
Џабе се мавате у гради, ќе си легнете на брашното коа ќе почне да игра како што игра од светсково па навака.
Ќе ги праиме истиве муабети за некој месец па ќе видите до кај сме.

Не сум ни за Вардар ни за Металург, ама бајо мој не ми се верува дека не ги сфаќаш.Живееме во држава каде што ништо не трае вечно.Па така ќе биде и со Вардар(дај боже да грешам, едина светла спортска точка у државава).Кога ќе отиде и успехот ќе отидат и пола од тие лајк што ти ставиле и 85% од тие што идат сега на ЛШ и се чукаат угруди со дресови од Дибиров и останатите.Ќе си отидат и Манасков и компанија, а ќе останат овие 300 себични души и понатака да плаќаат карта и да се присеќаваат на овие моменти.И верувај дека ниеден од нив нема никогаш да се помири што такво лигле некогаш заиграл за Вардар, макар зеле и ЛШ.

Со среќа , спортов не го разбирам јас зошто секоја утакмица има различен критериум ама може да кажам дека Вардар има тимиште и човек што не е од планетава на гол.
 
Значи збориме за општа публика која не прати толку ракомет и незнае баш кој се и што се дибиров и Арпад како имиња во светскиот ракомет....Но знаат за манасков пошто гледале репрезентација...за таква публика и фан база збориме...

Де бе друже Штербик да не го знае некој а да иде во сала ракомет да гледа...Толку години брани и е во топ 3 најдобри голмани во светот...
 
Де бе друже Штербик да не го знае некој а да иде во сала ракомет да гледа...Толку години брани и е во топ 3 најдобри голмани во светот...
aма ете не знаат баш точно кој е...верувај дека има доста такви... особено од овие што се лупаат во гради дека се антички македонци....и тие што беа за нив...
 
Каков маркетинг, што тропате глупости. Со парите од сезонски и купување дресови и реквизити Самс може единствено да ги покрие за неколку месеци, еве и година нека е, трошковите за одржавање на салата.
Ако освои ЛШ Вардар ќе земе мочани 300 илјади евра. Тоа ти е отприлика колку годишната сума што му се дава на Дибиров.
А останатите играчи, премиите, патувањата, комплексот Јане што кошта 15на милиони евра и повеќе. Со маркетингот што го спомнувате на Самс ќе му требаат едно 200 години кажано вака од тепка, за да успее да врати барем приближно од тоа што го вложил.
Него не му е до ебаните дресови со презимето позади на Манасков, нити па до спонзорите. Работата е да се покријат парите што се перат и бизнисите што ги добива зад затворени врати.
За џабе немал кажано откако бил приморан да го земе и ФК Вардар. Дајте ми бизнис, профитот ќе оди во ФК Вардар.
Голема риба е Самсоненко, и Вмро одлично го користи тоа.
Стануваме плагијат на Металург. Од дерењето на Ристе Влахов, Арпаддд, маскотите што се мечуваат и евровизискиот циркус што се прави со претставувањето на играчите ми се повраќа.

@Ne_sum_ja
Не гинат ракометариве, туку се професионалци. Гинеа тие што ја освоија титулата на 2 Јуни 2013.
Кажав и претходно дека секогаш подрага ќе ми е таа генерација на Вујо. Тоа не значи дека го оспорувам тоа што го прават и овие моменталиве што се.

И пак ќе кажам јас, на Вардар не му требаат фанови кои ќе се во сала само кога ќе има резултати во ЛШ како сега.
И секој што оди на ракомет, а не оди на ФК Вардар, не го сметам за вистински фан/навивач на Вардар, макар најватрен и најгласен бил во сала кога игра РК.

ФК и РК се на 200 - 300 Комити што одеа и до Романија и до Германија, и на тие 1000 преку сила што дремат на стадион.
И најтиња е тоа што газдите не го ценат зборот на тие малкумина.
 
Извини за ова ама не си во право ...вардар не е само на 200-300 комити...и тие 200-300 комити не се родени комити туку почнале да го следат вардар...замисли и тебе така некој ти рече ти како фан не му требаш да на вардар?
 
Порано не ни викаа не му требаш на Вардар туку јадевме шамари за одредени работи, зборам за мене од пред 9-10 години. А, има и постари. Неможе на исто ниво да бидат фановите со розев палец и фановите што идат секаде за клубот. Убаво објасни Чичко Кумплунг и Коњаникот неколку страни наназад. Немора да се повторуваат истите муабети.
 
Дали тебе СД Вардар те присилил да бидеш нивни фан за да си го земаш тоа право??
Мене не,иначе 37 години сум за Вардар
 
Дали тебе СД Вардар те присилил да бидеш нивни фан за да си го земаш тоа право??
Мене не,иначе 37 години сум за Вардар
Не, не ме присилил наследено ми е тоа. Ако дозволуваш одреден играч да плука по твојот клуб, да се моча на дресот и да игра за истиот во вода ти паѓаат тие 37 години.
 
Сите ние знаеме дека тој лигушко јадел л.ј.а!!!
Но кој или зошто го натерало да јаде л.ј.а??
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom