Каков маркетинг, што тропате глупости. Со парите од сезонски и купување дресови и реквизити Самс може единствено да ги покрие за неколку месеци, еве и година нека е, трошковите за одржавање на салата.
Ако освои ЛШ Вардар ќе земе мочани 300 илјади евра. Тоа ти е отприлика колку годишната сума што му се дава на Дибиров.
А останатите играчи, премиите, патувањата, комплексот Јане што кошта 15на милиони евра и повеќе. Со маркетингот што го спомнувате на Самс ќе му требаат едно 200 години кажано вака од тепка, за да успее да врати барем приближно од тоа што го вложил.
Него не му е до ебаните дресови со презимето позади на Манасков, нити па до спонзорите. Работата е да се покријат парите што се перат и бизнисите што ги добива зад затворени врати.
За џабе немал кажано откако бил приморан да го земе и ФК Вардар. Дајте ми бизнис, профитот ќе оди во ФК Вардар.
Голема риба е Самсоненко, и Вмро одлично го користи тоа.
Стануваме плагијат на Металург. Од дерењето на Ристе Влахов, Арпаддд, маскотите што се мечуваат и евровизискиот циркус што се прави со претставувањето на играчите ми се повраќа.
@Ne_sum_ja
Не гинат ракометариве, туку се професионалци. Гинеа тие што ја освоија титулата на 2 Јуни 2013.
Кажав и претходно дека секогаш подрага ќе ми е таа генерација на Вујо. Тоа не значи дека го оспорувам тоа што го прават и овие моменталиве што се.
И пак ќе кажам јас, на Вардар не му требаат фанови кои ќе се во сала само кога ќе има резултати во ЛШ како сега.
И секој што оди на ракомет, а не оди на ФК Вардар, не го сметам за вистински фан/навивач на Вардар, макар најватрен и најгласен бил во сала кога игра РК.
ФК и РК се на 200 - 300 Комити што одеа и до Романија и до Германија, и на тие 1000 преку сила што дремат на стадион.
И најтиња е тоа што газдите не го ценат зборот на тие малкумина.