Фан клуб - РК Вардар

Абе ако дава по 5-6 гола на натпревар, ќе видиме дали не го сакате... Нормални се вакви премини, секаде... дури имало далеку "пострашни" трансфери од овој на Манасков, доколку се покаже како точна информацијата... Сепак, треба малиов да собере храброст и да замине во странство.
 
Сеа се куропецате, ама пред да дојде Штербик, скоро сите потајно сакаа да дојде Станиќ, пошо дечкото беше 60% од тимот на металург. Навивајте за тим, не за играч. Ме заболе дали дал Прибак или Карачиќ или кој и да е, се дур гледам убав ракомет и има резултати. А Манасков ако сам си го погази зборот, он треба да се срами, а не тука да се лупаме од земја како можеле него да го донесат.
 
Само човек што нема веза од ракомет може да го одбере србинов пред Штербик,така да ова се чисти глупости.Друга работа јасно е дека генераците и играчите се менуваат ама секоја навивачка група има миленик,у случајов тоа е Прибак.Трета работа комитите имаат право да го мразат Манасков,не дека они не го пцуеле него,ама си се замислил зошто го правеле тоа.Па дечкото на секој ебан гол провоцира,овде пак добро и помина,да беше негде надвор Србија Турција,за вакви провокации глава ќе изгубеше.
 
Муабетот ми е што кога беше шпекулацијата за Станиќ, никој не знаеше дека Штербик ќе се носи. Секако дека Штербик >> Станиќ. Инаку, на страна Манасков, за ситуацијава со Прибак, цело време се форсира муабет дека управата го брка. Од се што прочитав, самиот тој сака да игра и решил да си иде. Да се согласи он да биде трет среден бек у Вардар, чисто сумњам дека управата ќе го брка. Пошто е повеќе од солиден играч како за 3та замена.
 
Наврати се назад.. и провери како коментирав за евентуалниот трансфер на Станиќ во Вардар, а и мнозинството членови на фан клубот. Едноставно е, за гомната кои со години ни се ситеа не смее да има место во Вардар. Ама за жал, аматерската управа сигурен сум дека почнала да следи ракомет со доаѓањето на Самсоненко. И многу работи не и се јасни.
 
средени беа работите за Станиќ тогаш ама Самсоненко ве послуша. Направете некој транспарент за Деки :sneaky:
 
Кога првпат се пушти муабетот дека Манасков ќе дојде во Вардар искоментирав дека не верувам дека малиов ќе си даде таков автогол... Ама изгледа ќе биде и тоа. За него е јасно дека мотивот му е паричката што му е дадена, инаку зошто би прифатил да биде резерва, да игра по 15 -20 мин. максимум + нешто повеќе во СЕХА и домашно првенство и тоа пред навивачи и публика од кои може да сонува поддршка, а ќе добие само дополнителен притисок со кој нема капацитет и психологија да се носи. Ама клубов?? Освен популистички потег во стилог „грижа за домашните таленти, репрезентативци...“ не гледам логика да дадеш повеќе пари (гарант е поскап од Марковиќ) за играч од кој ќе имаш горе-долу ист ефект во напад и далеку помал ефект во одбрана.

Од друга страна добро изиграа со Растворцев (Деревен), Чипурин (Марсениќ), а посебно со Душебаев + Македа.

За ситуацијата со Прибак мора да се има некоја информација плус за реално да се види за што се работи. Ако капарисале врвно засилување на центар, а Прибак самиот не прифаќа намалена минутажа тогаш тоа е тоа, човекот и со игра и со однесување дефинитивно ги задолжи сите во и околу Вардар и мора достоинствено да се испрати. Ако едноставно го бркаат зашто го сметаат за прекуброен тогаш мора некој од управата или стручен штаб да се освести и да стисне муда да му каже на русинот ПРИБАК ОСТАНУВА!!
 
Разбирам антипатија и мржња, сфе разбирам ама искрено, не можам да разберам кога ќе пишете/кажете дека никогаш ама баш никогаш нема да добие поддршка од Комити.

Замислете само, хипотетичка ситуација. Утакмица за фајнал фор, нерешено, последен панад на Вардар и од крило, влага на пикер, добива топка и ја решава.

Нема да се радувате? Кога ќе влезете на терен (како кога влеговте после голот на Кале, против Металург на Прибак) и сите ќе ги гушкате само нема Манасков? Како после утакмицата со Хамбург лани, кога ги чекавте...

Никогаш не вели никогаш :)

Се разбира, не го оправдувам јадењето говна на Манаскоф, да не бидам погрешно сфатен.
 
Ти сериозно мислиш на имање на Дибиров Деки ќе биде тој што ќе го има тој шут? Јас немам ништо против да се земат играчи од Металург, треба ако се може да се искористи оваа ситуација ама сериозно не гледам кој од нивните би можел да игра кај нас? Па нашите втори опции се на ниво на нивниот почетен тим. Едино Станиќ можеше и требаше да се земе за втора опција мада и вака е ОК.
 
Дефокус на тема со други.
 
Ми го сменија мислењето коментариве што ги пишал на инстаграм Деки, пред тоа и не бев толку против негово доаѓање. Дибиров и Марковиќ се одличен тандем и не гледам зошто би се менувало нешто, ама тоа е, не е наше да се мешаме во работата на раководството. Може само „топло“ да го пречекаме, ако се исполнат најавувањата. Искрено, од Металург би сакал да дојдат само Марсениќ и Талевски, никој друг не би прифатил. Штета и за Прибак, ама тоа е, се надевам дека му понудиле да остане како 3та опција па овој сакал поголема минутажа, а не да добие одма шут карта.. Мора да сфатиме и ние дека амбициите се превисоки, и вложувањата прилично големи, за да задржуваме играчи бидејки играат од срце за клубот..
 
Ау, браво. На место кажано, поготово болдот.
Верувам дека 10 души од форумов би играле за клубот од срце и можеби без надонкада ама не е тоа тоа :)
 
Колку што разбрав нема никакво бркање туку не се согласиле со минутажата. Вардар ќе носат нов плеј со што Прибак ќе биде трет. Човекот нормално си сака минутажа и да игра, и не се спогодиле.
Плус на сите им е кажано на полусезона со што имаат повеќе од пола година за најдат нов клуб.

И мене овој шугавиов Манасков ме изнервира со коментарите што го видов.
Нормално пречекот на првата утакмица треба да биде со свирежи. Си ги заслужил. Ја не би му аплаудирал а Бог да чува да му скандирам име :)
Ако ја сака подршката треба да ја заслужи со добри игри и гинење на терен.
 
А зoшто сите го тупите со став дека Комити треба да имаат грижа на совест. Не е само Комити ист третман ќе си добие од сите редовни во сала. Да попрво ќе прераскажувам што ни се случи лани отколку лавот македонски како би решил уткамица во последна секунда.

Јас ќе бидам длабоко разочаран ако уште еднаш се примени македонското во оваа ситуација. Краткорочно памтење/брзо заборавање ни е одлика на цела држава и си патиме од тоа. Јас неможам да заборавам јбг, ќе си добива третман како што заслужува. Си патиме од онаа „Ако ти мавнат шамар на едниот образ, заврти им го и другиот“.

Не ми пречи Вардар да ја има поддршката од цела земја, уствари се радувам и знам дека е така, ама последиците од ваквите потези ужасно ме нервираат. „Сите сте за Вардар ама не преизнавате“ не треба да има ваков епилог.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom