kano
Farang
Реално за Прибак веќе нема место во Вардар. Ако сака да игра треба да му се даде шанса за исти пари да остане во Вардар 2 и од него да учат помладите а воедно тој тив веќе од следната сезона ќе се бори за второ место во лигава кое ако се испадне како треба сеуште ќе води во ЛШ само во послабите групи. Од друга страна ако сака да иде на друго место и да игра во подобар тим не треба да му стоиме на пат. Она јас што би сакал да го видам е да се договори Прибак за враќање во Скопје како тренер по активно завршување на кариерата. Нас ни требаат квалитетни тренери во младинските категории и академии и човекот би бил идеален за тоа. Нека му дадат стан или незнам што ама нека го врзат некако и он сам мислам дека би сакал да остане да живее во Скопје.
За Марковиќ ми е ептен криво.
Ова беше играчот што ни ја донесе победата над Хамбург и тоа само ради тоа што Дибиров се повреди. Некако многу посигурен ми е од Дибиров или Манасков. Се на се кога ќе се собере овие 2ца се може класа над него во напад ама овој тоа го знае па не се расфрла ко нив и со тоа многу помало трошење на топки пак остава простор некој друг да поентира. Од друга страна Марковиќ и со една рака игра подобра одбрана од двајцата заедно. За финал 4 нас ни треба некој што ќе може и да балансира да игра во двата правци на моменти. Ова е голема загуба за Вардар, штета што ете не можеле да се договорат окулу минутите. Манасков треба да се земе ама не сега, можеше за 2 год од сега таман и навивачките страсти да се смират.
Одлична вест што и Алекс останува!
За Марковиќ ми е ептен криво.

Одлична вест што и Алекс останува!