Најпрво да го тргнам исходот од натпреварот, ова беше најлошо организиран натпревар евер. Овој пат не само што не пуштаа да се паркира човек на паркингот, туку ја имаа блокирано и цела улица

го прашувам еден цајкан најнормално, друже извини, на паркингот смеат посетители или само вип личности? Барем да знаеме. И ми вика „ааа доле има рампа и тоа е за ВИП да, ама од страна можеш.“

му викам добро друже значи дали може еве од тука кај што си влагаш секој ден нормален, дали може да се влезе? И тој пак истото

со Клипче бев ми вика абе ај остај го толку и тој знае.

Шипките на влез пак не работат. Таму па гужва што да ти кажам. Добри 5 минути едно време не пуштаа ни да ја поминеш контролата, премногу гужва се направи. И луѓево па, види на онлајн мапа на салата кај ти е картата и движи се натака, сигурно нема да се изгубиш. Па и прашуваат редари кој блок е ова, крени глава ќе видиш кој блок е. Иако сепак од оваа сала многу побрзо се излегува, не е како во Борис река народ, и луѓе, имате излез и од горе, не мора сите од главните влезови да се гужвате. Некој од најгоре кога ќе го видиш се симнува надоле за од главниот влез да искочи, мислам...

си имаш скали горе, само симни се.
Натпреваров беше

На овие од ЕХФ мамето нивно. Цело полувреме не кочеа, глупости судеа, Швабиве ака најратоборен народ само се жалеа на нешто, подот, топката многу округла била

, па удари примале... кога губат се најплачко нација во цел свет. Супер си тргнавме со головите на Карачиќ (првите два ако добро памтам негови беа, се ми е како низ сон), потоа ни се вратија, имаше и Ландин некои добри одбрани но и чичковците во сино ги држеа. Брумен

партија живота беше ова. Карачиќ фала богу заличе повторно на ракометар, од Лацковиќ сум презадоволна, и пола од ова да даваше ќе бев ама за негови години дава вонсериски партии. Горбок ги изрешета втора полувреме, дури и Шишкарев си доби шанса која ја искористи. Експертите што беа над мене седнати ми ја потекоа долнава цело прво дека требало Вардар да го земат Шмит место Горбок али во второ им ја затна устата

Башка тој едниот од друштвото ми делуваше малце на неарен со фиксацијата кон Ландин, нешто како Анчо со динчето. Цело време збореше, види го каков е личен, прав голман, види му ги нозене колкави му се , слаб е , види рефлекси

За Алекс се излишни сите зборови, нека му даде Самс бланко чек нека си пише сам услови за нов договор, нека му ја дадат и Тата ако треба

Тата, Суслина и жена му на Дибиров само ги снимале Комити, не можев да глеам јас дека над нив седам, прашање на време е кога ќе се качат на трибина со нив. За Штербик ака најлошиот трансфер на деценијата, дедо инкорпорејшн не ми се ни збори, срамота толку пари за толку преценет голман да се даваат

За Дибиров и пеналите, луѓе тој цело време го оставаше Брумен да шутира, дури и кога беше на клупа го викаше, некогаш и Брумен му викаше шутирај ти. Воопшто не е поентата дека е себичен, туку кој како спремен се чувствува во моментот, веројатно така ги шутираат.
п.с.
кога се кршеше резултатот цело време бевме станати тој дел кај мене и еден од позади ми вика седни, му викам ај бе не кур замарај, ми кажа мене зошто мислеше дека Клипче машко па ќе му пререче. До ваквиве ако читаат, ве молам, одете на кино, театар, синхонизирано пливање, балет нешто, ако веќе толку сакаат да одат на ракомет, имаат екран горе, цела утакмица иде таму и има реприза на потезите, стварно срамота е на други луѓе да викаат седни, не гледам.
п.п.с Лани ова време му реков на
@beneamata , некој ден ќе ја најдам и ПП, само нека помине време, ќе видиш што ќе биде од Вардар

Задоволен?