Фан клуб - РК Вардар

Салата е ептен мрачна вака страв во коски имаа Медведи, мислам дека Русиве вчера уште на претставувањето на играчите и почетокот се предадоа. :) Се согласувам за акустиката тој дел не е готов, ама да се надеваме дека ќе го средат како во „СЦБТ“. Супер е сè друго, ми се допаѓа тоа што има четири големи излези и салата се испразни за пет минути што не е случај со другиве наши сали. Добивме сала од НБА ранг мора да признаеме, Столе едно време си се загледа горе да си го види голот. :D Замерка ми е само тоа што има на двете страни доле ВИП седишта, требало едни да останат, само тие позади играчите а од другата страна монтажна трибина за повеќе гледачи. Вентилацијата од што е нова и добра направи ладно да биде во салата, тоа ќе биде многу битно зошто против Флензбург кога игравме внатре беше 50 степени. Атмосферата беше на ниво но ќе се подобри секако, и кога ќе се среди акустиката и со првиот тежок противник, следнава недела со Рајн Некар. Тоа ќе биде тест и за салата и за играчите, а публиката има секакви луѓе пример тој што седеше вчера до мене бараше 3 секунди и беше сериозен.

Искрено не можам да поверувам колку сме добри, нема место во тимов за одредени играчи од што има конкуренција, на слатки маки е Раул. Лацковиќ и со Загреб и вчера беше одличен со исклучок на 2 - 3 ситуации, затоа и Горбок почна од клупа. Цело второ полувреме практично се играше со втор тим и пак беше одлично. Не гледам причина зошто Станиќ би бил доведен колку и да сака тој, Диви вчера во второ полувреме беше одличен и триото голмани е перфектно, двајца искусни и еден млад. Крилата се маестрални, Дибиров за едно полувреме осум гола даде и вчера се бореше и во одбрана и за секоја топка. Дури греота е Марковиќ што седи толку на клупа, дечкото гази кога игра и назад и напред, ги растури Загреб во Кале ама Тимур е Тимур. Нека му понудат на Алекс нов договор каков сака битно да го задржат, го имаме потенцијално најдобриот ракометар во светот за некоја година, многу ми е страв дека може тато да си го собере во Киелце. Шишкарев и Брумен се супер двојка, добри се во одбрана и во напад исто, вчера во второ полувреме многу добро изиграа. Само во одбрана вчера бевме слаби при чување на пикерот кој ни даде многу голови и требаше фластер на Дервен мислам така се викаше. Во ваква сала со ваква атмосфера не треба да изгубиме од ниту еден тим, нема да доживеаат противнициве вакво навивање и еуфорија каква што има за ракометот кај нас, немам почувствувано нешто друго приближно слично како кога одам на ракомет на натпревар кај нас, како празник ми е, денот е само за тоа и ништо друго. Никако нема да се истребат за жал оние кои влегуваат во сала пет минути откако ќе почне натпреварот.

Со нова сала за нови победи, може да славиме европска титула со тимов во Лига на шампиони ако малку ни се поклопат коцките и не нè уништуваат судиите.
 
10710809_966906153335283_4182013413199579784_n.jpg

Ovoj dole desno so siskava grda- one direcrtion e petric ustvari? :O
Личи на Уве Генсхајмер во ретардирано плава верзија :D
 
Иначе не сум сигурен али освен тие четири излези можно е да има излези за симнување по скали од горе над трибината. Видов знак горе "излез" а од внатре во под трибинскиот простор после приметив дека има и скали кои водат до горниот дел од трибината.
 
Има има, од таму излеговме ние вчера.
 
Иначе не сум сигурен али освен тие четири излези можно е да има излези за симнување по скали од горе над трибината. Видов знак горе "излез" а од внатре во под трибинскиот простор после приметив дека има и скали кои водат до горниот дел од трибината.
Да, да има скали кои водат до горниот дел. Јас имам за 14 блок, сезонска, т.е блок де и тие што имаат такви за стоење по тие скалите треба да се качуваат.

п.с Моја замерка е за редарите, или за тие што треба да им кажат што да прават. Редарите само стојат у сала и не знаат што да прават. Како прво треба да стои по еден на секој блок и да проверува со билетот кај треба да седнеш, пример вчера тие столчиња што беа слободни а некој имаат карта од тие за стоење, седнуваат и се праат паметни и мислат дека никој нема да дојде и кога ќе дојде некој, ако столчето е некаде на средина тие се тргаат од таму, па другите додека да седнат се ствара гужва и нервоза. Второ, луѓе се обесуваат на оградата, тоа е навика штоооо страшно ме нервира. Значи си влагаш у сала, знаеш кај ти е местото одиш и си седнуваш, стојат на ограда додека не почне мечот и треба некој од публика да им каже, редарите ништо не им кажуваат.
 
Здраво знам дека ова е многу глупо прашање
Дали има ракометен клуб вардар во центар или во бутел има кај мене има еден под Металург ама не ми се иде таму поради х х х причини
 
Available in: Worldwide, except Austria and Germany :eek:

Сеа сваќам зашто германци се жалеа и критикуваа по фејсбук страната на EHF-Champions league. Мислам дека телевизијата што ги откупено правата за Германија има издејствувано забрана за гледање ЛШ утакмици во Германија преку официјални интернет страни.
 
Скај од оваа година ги има откупено правата, не се мутави да изгубат гледачи, а сигурно имаат вложено бааѓи средства, за да некој ги гледа на интернет.
 
Па во живо и за Македонија некогаш не е дозволено да гледаш бар кога играат наши тимови.
Сега играат Барса во моментов е забрането и за Шпанија.
 
Дали има Хумел дресови,а да се друга боја(освен црвено-црна)?...:icon_mrgr:
Зошто рекоа дека е Хумел продавница,покрај тоа шо е FUN шоп на Вардар...:свиркам:
 
Скај од оваа година ги има откупено правата, не се мутави да изгубат гледачи, а сигурно имаат вложено бааѓи средства, за да некој ги гледа на интернет.

Фрката мислам им беше за утакмици што не ги емитува скај а сепак се забранети за германската публика. Знам имаше на фан пејџот напишано нешто како "кој играч изигра најдобро од понудените" и доле коментар имаше "незнаеме бидејќи неможевме да ги гледаме поради што ги продадовте правата на скај"[DOUBLEPOST=1412516819][/DOUBLEPOST]
Дали има Хумел дресови,а да се друга боја(освен црвено-црна)?...:icon_mrgr:
Зошто рекоа дека е Хумел продавница,покрај тоа шо е FUN шоп на Вардар...:свиркам:

Има нешто на сиво, темно плаво нешо од тренерките. Ако мислиш нешто на зелено... Њет :D
 
Фрката мислам им беше за утакмици што не ги емитува скај а сепак се забранети за германската публика. Знам имаше на фан пејџот напишано нешто како "кој играч изигра најдобро од понудените" и доле коментар имаше "незнаеме бидејќи неможевме да ги гледаме поради што ги продадовте правата на скај"[DOUBLEPOST=1412516819][/DOUBLEPOST]

Има нешто на сиво, темно плаво нешо од тренерките. Ако мислиш нешто на зелено... Њет :D
Ќе морам клубот да го сменам јас:гик:,и Хумел научија дека е слаб Пелистер па не пуштаат зелени дресови во Македонија...:гик:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom