Фан клуб - РК Вардар

Ова 500 е за блок карта или поединечна? Затоа што не ми треба блок туку за еден натпевар ..:)
Штом купил другар ти тогаш пуштени се во продажба веројатно..Ако има некој точна информација нека пише хахаха :D
Иначе не сум јас таа што сака да купи карти како што пиша некој погоре :icon_mrgr: Имам блок карта за Металург купено веќе :)


I ti i drugarti kupete si karti za reprezentacija ostajte go Vardar za vardarci pogotovo evtinite karti
 
Каков секс им удреа на русиве:cuc:,не знаеа сиротиве кај е излезот.Утакмица по мерак за сите љубители на ракометот у Мк,газење од прва до последна минута.Поединачно нема што да се фали сите изиграа за 10ка..Ама морам да го пофалам Шишкарев, браво дечко само така настави и Вардар добива квалитет плус,а Лац за промена може и почесто да шутира има уште квалитет у него.Инаку околу навивањето не ви се чини дека малку ко послабо да се слуша,некако не одекнува онака како во Бт?И дај више нека се одлепат пензионерине од столчињана.Нема да им паднат нозете ако постоја едно 10 мин ,што е до мене и цел меч би стоел.
 
Срање беше утамицава реално :icon_mrgr:
Салата воопшто не ми се допаѓа како за почеток. Многу е тмурна некако со црните столови, ама и тоа мислам дека не е проблем, туку повеќе штипе очи изгледот на столовите и преголемиот простор од кој зјае лоша сива боја :icon_mrgr:
Стандарден проблем е малиот број на излези, од секоја трибина има само по еден излез, што според мене е премалце.

Најдебилната ствар беше маскотата :facepalm:
Are you fucking kidding me? :facepalm:
Подитно да се смени тоа... Не ми се допаѓа ваквиот модерен начин на организирање на мечевите, цело време пуштаат музика со што го расипуваат навивањето, спикерот истотака потсетуваше на оној на Металург итн.
Единствено отварањето беше одлично, делот со ласерите особено :)

Локацијата ужас, жими се поужсна локација не можеле да одберат, подобро во Чаир да ја изградеа :icon_mrgr:

Од ФУН шопот веќе си купив привезоче за клучеви. Срце ме боли 160 денари за тоа што дадов, а камоли да фрлам повеќе пари за останатите работи. Продадоа голем број на работи, иако за волја на вистината луѓето купуваа поефтини ствари како шалови, маици, алки, чаши, привезоци за клучеви, магнети и слично.
За производите на хумел, цените се бајаги солени, така да нема што да се бара веќе во ФУН шопот :D

Тоа што е позитивно е вентилацијата на пример, алелуја малце попријатна атмосфера во нашите сали. Вецињата се топ ко за почеток :D И секако најсвршување е семафорот во салата :drk::cuc:

За уткамицата нема што да се каже. Очекував да победиме ама не со таква доминација.
Штета што не дадовме 40 гола, да не ја дувнеше Лазаров без врска во претпоследниот напад, ќе стигневме до целта :(
Сите изиграа јако. Столе ме нервираше на почетокот, ама на крајот си одигра симултанка и тоа е тоа што се очекува од него.
Штербик е факинг не фер играч, абе греота е толку зицери да им брани на противниците.
Како ги фативме со контри во еден период, мислев дека гледам некоја утакмица со КХ Ринија...
Крилата ни се ѕверови, а денес богами и бековите не беа лоши.
Лацковиќ конечно почна да покажува нешто, имаше некои добри голови и асистенции.
Нема што да додадам за играчите, сите заслужија висока оценка, одбраната ни беше на одлично ниво и да не комбиниравме во крајниот дел од мечот сигурно поубедливо ќе тепавме.
Дибиров и Душебаев одново имаат фантастичен почеток на сезоната, се надевам нема да имаат финиш како ланскиот.
Едно време имавме постава со Горбок на десен бек, Лац на лев и Лазаров среден :ROFLMAO:
Дефинитивно нема потреба од вакви експерименти повторно...

Атмосферата во салата според мене не беше нешто спектакуларно. Нормално, си имаше навивање 60 минути, убедливо најдобра атмосфера имаме од сите тимови, ама некако ја немаше потребната еуфорија. На неколку пати пееше цела сала и тоа беа моменти за паметење...
Дали големото водство си го направи своето не знам, ама очекувам уште појака атмосфера да има на другите мечеви.
 
Ако сака и 120 минути нека се навива ... па и да навива цело време цела сала, никогаш ќе ја нема таа атмосфера од Кале.. со исклучок на столчињата и нормално влезовите во салата,каде што ако не се лажам имаше само два или три влеза,(ништо ново за кај нас и нашите спортски објекти) другото е одлично.. и најмногу ме радува тоа што има вентилација во салата и нема да се гушиме на секој меч како во Кале.. тоа е одлична работа...
За мечот нема што да се каже.. перфекција :D
 
Ова 500 е за блок карта или поединечна? Затоа што не ми треба блок туку за еден натпевар ..:)
Штом купил другар ти тогаш пуштени се во продажба веројатно..Ако има некој точна информација нека пише хахаха :D
Иначе не сум јас таа што сака да купи карти како што пиша некој погоре :icon_mrgr: Имам блок карта за Металург купено веќе :)
Шиткај ја дур имаш време :icon_mrgr:
 
Прееска заборавив да пишам,додека ја баравме салата,иако знааевме кај е ама не фати збунка затоа што залутавме од кај Капитал нис паркинзите:icon_lol:.Иде еден дечко и го прашуваме извини сала Јане Сандански и он,не не не знам и ко на бегање:pos: ко за јавна куќа да го прашав ебаму тикварот.И после тоа ми текна дека изгледа бил од фа,и сме можеле и лошо да поминеме:D.
 
Вака на телевизија се чини дека салава е помалку акустична одколку борис, за кале да не праеме муабет.
А и навивањето е копија на фудбалското што според мене и не е баш соодветно за ракомет.
 
Вака на телевизија се чини дека салава е помалку акустична одколку борис, за кале да не праеме муабет.
А и навивањето е копија на фудбалското што според мене и не е баш соодветно за ракомет.
Еден е Вардар,фудбал кошарка ракомет...
 
го намалуваат background тонот нашите телевизии.
 
10710809_966906153335283_4182013413199579784_n.jpg

Ovoj dole desno so siskava grda- one direcrtion e petric ustvari? :O
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom