goodlife_filipsis
Believe
Салата е ептен мрачна вака страв во коски имаа Медведи, мислам дека Русиве вчера уште на претставувањето на играчите и почетокот се предадоа.
Се согласувам за акустиката тој дел не е готов, ама да се надеваме дека ќе го средат како во „СЦБТ“. Супер е сè друго, ми се допаѓа тоа што има четири големи излези и салата се испразни за пет минути што не е случај со другиве наши сали. Добивме сала од НБА ранг мора да признаеме, Столе едно време си се загледа горе да си го види голот.
Замерка ми е само тоа што има на двете страни доле ВИП седишта, требало едни да останат, само тие позади играчите а од другата страна монтажна трибина за повеќе гледачи. Вентилацијата од што е нова и добра направи ладно да биде во салата, тоа ќе биде многу битно зошто против Флензбург кога игравме внатре беше 50 степени. Атмосферата беше на ниво но ќе се подобри секако, и кога ќе се среди акустиката и со првиот тежок противник, следнава недела со Рајн Некар. Тоа ќе биде тест и за салата и за играчите, а публиката има секакви луѓе пример тој што седеше вчера до мене бараше 3 секунди и беше сериозен.
Искрено не можам да поверувам колку сме добри, нема место во тимов за одредени играчи од што има конкуренција, на слатки маки е Раул. Лацковиќ и со Загреб и вчера беше одличен со исклучок на 2 - 3 ситуации, затоа и Горбок почна од клупа. Цело второ полувреме практично се играше со втор тим и пак беше одлично. Не гледам причина зошто Станиќ би бил доведен колку и да сака тој, Диви вчера во второ полувреме беше одличен и триото голмани е перфектно, двајца искусни и еден млад. Крилата се маестрални, Дибиров за едно полувреме осум гола даде и вчера се бореше и во одбрана и за секоја топка. Дури греота е Марковиќ што седи толку на клупа, дечкото гази кога игра и назад и напред, ги растури Загреб во Кале ама Тимур е Тимур. Нека му понудат на Алекс нов договор каков сака битно да го задржат, го имаме потенцијално најдобриот ракометар во светот за некоја година, многу ми е страв дека може тато да си го собере во Киелце. Шишкарев и Брумен се супер двојка, добри се во одбрана и во напад исто, вчера во второ полувреме многу добро изиграа. Само во одбрана вчера бевме слаби при чување на пикерот кој ни даде многу голови и требаше фластер на Дервен мислам така се викаше. Во ваква сала со ваква атмосфера не треба да изгубиме од ниту еден тим, нема да доживеаат противнициве вакво навивање и еуфорија каква што има за ракометот кај нас, немам почувствувано нешто друго приближно слично како кога одам на ракомет на натпревар кај нас, како празник ми е, денот е само за тоа и ништо друго. Никако нема да се истребат за жал оние кои влегуваат во сала пет минути откако ќе почне натпреварот.
Со нова сала за нови победи, може да славиме европска титула со тимов во Лига на шампиони ако малку ни се поклопат коцките и не нè уништуваат судиите.