Фан клуб - РК Вардар

Картите за на трибината кај Комити колку се и кога ги пуштаат (за наредниот натпревар со Реин Некар ме интересира) ?
 
Ласерско шоу за отварање :D али нај царска работа е семафорот на средина од терен со екран :drk:

Убава атмосфера се ствара бидејќи е со четири трибини, и кога малце луѓе пејат убаво се слуша. Иако сеа Комити си грмеа.

Најголема утка е тоа со ложите доле. Полупразни беа и друг е притисокот кога имаш публика одма до линијата и ти вреска во врат (Кале:D).

Се на се по мое за нијанса оваа сала е подобра од Борис. Пред се е со четири трибини, добар семафор позади Комити со имиња на сите играчи, семафор на средина од терен, и убаво изледа. Иако ќе беше совршена салата ако трибините одеа до доле до терен како на Веспрем салата на пример. Сепак подобро отколку со три трибини. А да, и паркинг нема место нигде, кој планира да оди, најубаво со автобус или пешки оти ќе се заглави.

Коментар за утакмицата утре.

ГАЗИ ВАРДАРЕ!!
 
Уште одма се гледа дека е направена голема грешка со тоа што ВИП делот е ставен доле до теренот.Како би легнале тука монтажни трибини...страшна работа. :) Друга забелешка ми е што нема доволно паркинг места.Ќе мора што е можно порано да се доаѓа и да се фати паркинг место или на паркингот од салата или на тој што е карши салата кај зградите.Двата мисалм дека се бесплатни.Се друго во салава е направено за чиста 10ка и денешниов натпревар е доказ дека и тука ќе грми.Негде во 18:45 кога влегов во ходникот на салата внатре беше пекол.Ми се чинеше дека од што грми во салата во секој момент ќе попушти бетонот,но квалитетна роба ставил Самс. :D

Конечно и ние да видиме едно асално претставување на играчите како што и доликува.Ласери,слики од играчите на централниот НБА семафорот итн.Уште на претставувањето се виде дека мечките оган ќе ги изгори од пеколната атмосфера.Во очите на нашите играчи им се гледаше желбата за победа на првиот меч во новиот дом на Вардар.Почнавме со цврста одбрана да го браниме првиот напад на противникот и тоа резултираше со контра за Тимур Дибиров кој што го постигна првиот гол во новата сала.Расположен и денес за играње беше Дибиров и може да се каже дека 90% од ланската форма ја има вратено.Мислам дека за едно полувреме и некоја минута во второто успеа да постигне 8 голови и потоа отиде на заслужен одмор,а неговата работа одлично ја доврши Марковиќ во негов препознатлив стил.Штета е што последниот напад Шикарев не го проследи Добривоје кој што се крена на цепелин ист како оној на Брумен и Дибиров против Целје.Кога сме кај цепелините вреди да се спомне и оној цепелин на Дибиров и *појманемамкоја* во првото полувреме.Бековите на ниво на задачата.Алекс отскокна малку со тоа што постигна 7 голови ако не се лажам и ми се свиѓа тоа што од натпревар во натпревар е се подобар и подобар.Едно време бековската линија во второто полувреме беше составена од Лацковиќ,Фичо и Горбок.За прв пат ако не се лажам Вардар играше со 3 леви бекови во поставата.Карачиќ покажа дека почнува и тој да фаќа залет,а маестро Прибак играше некако доста резервирано денес.На десно крило некако доста тивко почна Брумен и после првото промашување го замени Шишкарев кој што покажува дека во секое време е спремен да игра со секој противник на врвно ниво.Одлично сме покриени на крилните позиции.На пикер мислам дека Тоскиќ не доби шанса денес,а Столе и Чипурин доста добро си ја завршија работата со тоа што кај Столе се приметува сеуште падот во формата.Иако даде 5-6 голови сепак некои топки кои порано ги лепеше во раце без проблем сега буквално поминуваат тие пасови низ него.Сепак сеуште е почеток на сезоната и мислам дека и тој ќе се врати во форма.На голот Штербик пак почна со некои невозможни одбрани.Ѕверов два проектили кои што одеа под самата пречка ги фати со нога.:cuc: Не знам колку одбрани имаше во првото полувреме,но покажа одново зошто е дојден во Вардар.Класа голманиште е у пм.Дивиот колку лошо го отвори второто полувреме...страшна работа.Сепак после првата интервенција здиве и до крајот сигурно запиша една солидна броја на одбрани + одбранети два или три чисти зицери.Опасен е ако му тргне,но во ваква конкуренција мислам дека и понатаму ќе биде 3та опција.Се на се фантастичен меч изиграа денес сите од прв до последен и мечкиве треба да му кажат едно огромно ‘‘фала‘‘ на Раул затоа што ги повлече уште на почетокот на второто полувреме играчите кои што беа најрасположени за постигнување голови и затоа што не беа торпедирани денес во Скопје.Нареден викенд во уште појака атмосфера се надевам дека ќе изгорат и Рај Некар.

п.с Горбок има неверојатно силе удар.Во прво кога даде пречка-гол мислев дека пречката ќе излета надвор од сала,а во второ кога ја здрви една од десен бек топката буквално низ голманот помина...ќе му жежат на тој рацете во наредни 3 дена.
 
Последно уредено:
Не гледам причина да се купува Станиќ... освен да се ослаби Металург. Ако е тоа, ок... ама покрај Штербик нема потреба од Станиќ, подобро би инвестирал во млади таленти отколку да се фрлаат толку многу пари за втор голман.


Satanic e odlicna investicija za vtor golman. Sekoja utakmica big imale barem 20 odbrani od eden ili drug...
 
Satanic e odlicna investicija za vtor golman. Sekoja utakmica big imale barem 20 odbrani od eden ili drug...

Која инвестиција е втор јак голман шо ќе ти лапа пара скоро колку и првиот? Океј, паре нису проблем као код чика Лина, али ипак fuck logic е Станиќ да го имаш за втор голман.

Не гледам ни како би се ослабил Металург со тоа. Сезонава во ЛШ не се, во СЕХА ќе ги плеснат и со него, би ги ослабил само за двата меча во домашно кои се играат у мај догодина? Ја споменувам само сезонава затоа што и да не дојде во Вардар секако ќе си замине од наредната од Металург.

Вардар моментално има совршено трио голмани. Лидер во Штербик, млада резерва во Страхиња и еден од најдобрите „за од клупа“ голмани во Европа во Ангелов. Станиќ можат да го земат само од аздислок а тоа неретко знаело да има обратен ефект...
 
Сакав да прашам дали има уште останато карти од тие што се за комити ( за стоење ) за натп. со Рајн-Некар? Искрено јас не ни знам дали се пуштени во продажба или не, ама другар ми даде обврска да купам не е од Скопје, од Прилеп е и не му се ипплаќа да доаѓа за само да купи карта..По аватаров се познава дека не сум упатена за картиве за Вардар, затоа барам од тука некоја информација :P
Исто ме интересира ако се продаваат на билетарата во Ј.Сандански, кои денови работи и кое е работното време?
Поздрав, честито за победата денес :)
 
Сакав да прашам дали има уште останато карти од тие што се за комити ( за стоење ) за натп. со Рајн-Некар? Искрено јас не ни знам дали се пуштени во продажба или не, ама другар ми даде обврска да купам не е од Скопје, од Прилеп е и не му се ипплаќа да доаѓа за само да купи карта..По аватаров се познава дека не сум упатена за картиве за Вардар, затоа барам од тука некоја информација :P
Исто ме интересира ако се продаваат на билетарата во Ј.Сандански, кои денови работи и кое е работното време?
Поздрав, честито за победата денес :)
Ne lazi ti sakas da kupis :P
Kartite za stoenje ne se za so Komiti. Tuku nad mestata za sedenje se, nez kao da ti objasnam. Ne se pusteni u prodazba, i neznam koga ke se pustat.
 
Ова 500 е за блок карта или поединечна? Затоа што не ми треба блок туку за еден натпевар ..:)
Штом купил другар ти тогаш пуштени се во продажба веројатно..Ако има некој точна информација нека пише хахаха :D
Иначе не сум јас таа што сака да купи карти како што пиша некој погоре :icon_mrgr: Имам блок карта за Металург купено веќе :)
 
Ова 500 е за блок карта или поединечна? Затоа што не ми треба блок туку за еден натпевар ..:)
Штом купил другар ти тогаш пуштени се во продажба веројатно..Ако има некој точна информација нека пише хахаха :D
Иначе не сум јас таа што сака да купи карти како што пиша некој погоре :icon_mrgr: Имам блок карта за Металург купено веќе :)
500 denari e blok a poedinecna 120 denari.

Epten se u zbrka soopstenijata sto gi pustaat po net i najubavo ti e da trknes do biletarata na Jane i da si prasas na lice mesto.
 
на билетара имате од тие за стоење и се над местата за седење, има шипки над последните редови. 500 се сезонски а 120 поединечно.
 
Нема потреба од тоа некој да си оди. Станич нема право да игра ЛШ. Ке користи само за Сеха лига. Иако и јас не го сакам. Со овој трансфер доста ке се ослаби и противникот.

Stanic go potpisuvas od narednata godina. Ke nema motivacija da brani protiv nas. Na divi my zavrsuva dogovorot nema da go prodolzime....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom